логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Преподобен Никита Ститат

Втора стотица
природни и психолошки глави
за очистување на умот


91.  Сѐ додека сме упатени кон Бога со труд и со пот на своето лице, победувајќи ги телесните страсти, дотогаш, со насушниот леб, кој се подготвува преку изградувањето на добродетелите и ги укрепува срцата човечки, - се храни со нас и Господ на трпезата со Светите Дарови. А, кога преку бестрасноста ќе се освети во нас Божјото име и Он ќе се зацари над сите наши душевни сили, откако го потчинил полошото на подоброто, а волјата Негова ќе биде и во нас, како што е и на небото; тогаш, новото и неискажливо питие на премудроста од Словото, кое се растворува со умиление и со познавање на големите тајни, - пие и Он заедно со нас во Своето царство, кое е дојдено во нас. А, кога ќе станеме соединети со Светиот Дух, кога ќе се измениме на добра промена, во обновувањето на нашиот ум, тогаш и Самиот Бог, ќе биде со нас како со богови, обожувајќи ја нашата човечка природа, која ја примил и Он.


92.  Кога незадржливата вода на страсните помисли од нашиот ум ќе биде задржана со наитието на Светиот Дух, а солената бездна на неподобните мисли и спомени ќе бидат зауздени со воздржувањето и помислата за смртта, тогаш почнува да вее Божествениот Дух на покајанието, кои, Бог и нашиот Господ, изливајќи ги во мијалницата на покајанието, ги измива нашите духовни нозе и ги прави достојни да одат по дворот на Неговото царство.


93.  Бог Словото, Кој станал тело и совршен човек, освен гревот, нашата природа ја примил во Својата ипостас и, бидејќи совршен Бог, ја пресоздал и обожил. А Словото, бидејќи прв ум и Бог, се соединил со неговиот духовен дел и ја издигнал горе на небото, ѝ дарувал крила, за да мудрува и да мисли за божественото. Но, бидејќи е Он и оган суштествен и божествен оган, раздразнителната сила негова ја направил способна силно да им се противставува на погубните страсти и на бесовите, кои се наши непријатели. А, суштествувајќи предмет на желба на секоја духовна природа и потполно задоволување на таа желба, - го распалил неговиот пожелен дел со внатрешна љубов кон соединување со благата на вечниот живот. На ваков начин, откако го обновил целиот човек во Себеси – од стариот го направил нов.


94.  Бог Слово, откако го извршил во Себеси нашето обновување, потоа Самиот се принел на жртва преку крстот и смртта, секогаш го дава Своето тело да биде жртвувано, секојдневно го дава за нас како изобилна храна за нашата душа, така што, јадејќи го Неговото тело и, пиејќи ја Неговата крв, во чувството на нашата душа да станеме подобри преку Причеста – да станеме подобри отколку што сме, растворајќи се со Светите Дарови – да стануваме од лоши добри, да станеме едно со Словото – и со телото и со разумната душа, зашто ние сме со воплотениот Бог, Кој ни е по Своето тело едносуштен. Затоа, ние не сме свои, туку сме Негови, Кој нѐ направил едно со Себеси преку бесмртната трпеза и, според Својата промисла нѐ направил тоа што е Он по Својата природа.


95.  Ако, откако ќе бидеме испитани во трудовите, и претходно очистени со нашите солзи, пристапиме да јадеме од овој леб и да пиеме од оваа чаша, тогаш двојното Слово, со двете природи, растворувајќи се во нашата кротост, целосно нѐ претвора во Себеси Самиот, како воплотен во нас, според Своето човештво, едносушно, и сите ги обоготворува и Себеси, како сообразни со Него и како браќа – нѐ усвојува, како Бог и Едносуштен со Отецот. А, ако Му пристапуваме сорастворени со страстите и осквернети со гревовната нечистота, тогаш Он, приближувајќи ни се, е својствен на Неговата природа – нѐ запалува и изгорува сите, ја намалува нашата животна сила, не со Својата добра волја и со Својата добрина, туку со одвратноста спрема нашата нечувствителност.



Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ, Том V.

 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

30-ти април 2018 лето Господово

 

Друго:

 

 

  • Поуки од Светите Отци

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1593
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2040
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1802
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  за двoјната сила на тајната брак

БEСEДА за двoјната сила на тајната брак

Гoлeма e тајната вo тoа штo чoвeкoта гo oстава свoјoт таткo и свoјата мајка и сe прилeпува кoн свoјата жeна. Самиoт апoстoл, кoј сe вoзвишил дo трeтoтo нeбo и видeл...

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков...

 протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Ереј Игор Острески: Слепиот

Ереј Игор Острески: Слепиот

Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

« »