![]() |
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Слава, и сега: Алилуја (Три пати). Господи помилуј (Три пати).
Потоа: Спаси ги Господи, и помилуј ги сите православни христијани и на секое место од Својето владеење оние кои православно живеат. Подај им, Господи, душевен мир и телесно здравје и прости им го секое прегрешение, волно и неволно, и со нивните свети молитви, мене покаениот, помилуј ме.