Кој сфатил дека човечкиот род се наоѓа во падната состојба, дека земјата е место на наше прогонство, наша темница, каде што поминуваме кусо време, па излегуваме за да добиеме или вечно блаженство или вечна казна, тој секако сфатил и тоа дека единственото човечко засолниште на земјата е Христос, Спасителот на загубените. Сходно на тоа, единствено непроценливо човечко богатство на земјата е - познание на Христа и усвојување од страна на Христа.Оној, кој сака да го стекне тоа богатство, ќе сака ли да стекне и привремени наслади? НЕ!!! ?Напротив - ќе ги избегнува, чувајќи се да не го одвлечат. Ќе биде задоволен не само со она што е неопходно, туку и со сиромаштво. А задоволен човек е побогат од богатите!
Браќа, ние во овој свет дојдовме голи; заминувајќи од него ќе ги оставиме и нашите тела. Зошто да бараме пропадлив имот? Зошто да го бараме она што секако ќе мора да го оставиме? Да не го губиме скапоценото време на пропадливи работи, за да не го изгубиме нашето единствено богатство - Христа. Кон Него да ги насочиме и умот и срцето; да бидеме задоволни од својата храна и облека; да не си дозволуваме неумерени барања, за тие, малку по малку да не ја привлечат нашата љубов и да не лишат од Христа.2. 144-145 (в. СТРАВ БОЖЈИ )
С М И Р Е Н О М У Д Р Е Н О С Т
Како што душата е незнајна и невидлива за телесните очи, така и смиреномудроста не се познава кога ќе се најде меѓу луѓето. И како што душата е скриена во телото од човечки погледи иопштењето со нив, така и смиреномудрениот, не само што не сака луѓето да видат и да сфатат дека тој се оддалечил и се одрекол од сé, туку дури би сакал да се сокрие и од себеси, да живее и престојува во безмолвие, целосно заборавајќи ги поранешните помисли и чувства, да биде како да го нема и како да не постоел, непознат дури и на својата душа. Таквиот човек, колку е скриен и одделен од светот, толку е целиот во својот Владика.
2. 227-228 ( в. МОЛИТВЕНИ БАРАЊА)
У М И С Л Е Н О С Т ( Г О Р Д О С Т )
Гордоста, издејствувајќи ги падот и погибелта на човечкиот род,(луѓето) не го гледаат падот во човечката природа и не се свесни за него: тие во неа гледаат само доблести, совршенства и убавини; и болестите на душата и страстите, се сметаат за благородни особини. Таквиот поглед на човечкиот род ја прави идејата за Искупителот сосема непотребна и туѓа. Видот на горделивите е ужасно светило; а отсуството на гледање кај смирените е способност за гледање на вистината. На тоа се однесуваат зборовите Господови: на суд во овој свет дојдов, слепите да прогледаат, а оние кои гледаат да бидат слепи. 4. 173 ( в. ЗАПОВЕДИ)
( од свети Игнатиј Брјанчанинов - Енциклопедија на православниот духовен живот )
Изборот: од свештенството на храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)
Рекол авва Григориј:
- Овие три нешта ги бара Бог од секој човек кој примил Крштение: од душата бара права вера, од устата вистина, а од телото целомудреност.
Рекол уште:
- За оние кои живеат во подвиг (пред сѐ молитвен - прим. прев.), целиот човеков живот е како еден ден.
Посети:{moshits}
Св. Теофан Затворник
Душевниот живот и неговите три главни функции. Првата функција: мисловната страна со нејзините видови. Знаење и наука. Нормални функции на разумот и празно лутање на мислите
Вие и порано сте влегувале внатре; да влеземе повторно. Погледнете, какво мноштво и каква разнообразност на дејствувања и на движења! Де едно, де друго, де влегува, де излегува, де се прима, де се отфрла, се спроведува и повторно се спроведува... Зашто, душата е во непрекинато движење и не може да стои во место. Ако почнеме да ја набљудуваме душата од сите страни, нема ништо да разбереме – потребно е да ги распоредиме нејзините дејствувања по род и секој род да го набљудуваме посебно. А сите дејствувања на душата уште одамна се согледани и распоредени во три сегменти: мисли, желби и чувства, а секоја од овие посебни страни на душата се наречени мисловна, желбена и сетилна. Ќе ја прифатиме оваа поделба и ќе ја разгледаме секоја од тие три страни.
Мисловна страна.
Ако внатре во нас постои конфузија, таа најголем простор зафаќа во мислите, а желбите и чувствата се поведуваат по нив. Но, во сегментот на мислите не е се во хаотично движење; меѓу мислите има и сериозни активности. Таквите мисли го сочинуваат вистинскиот резултат на душевниот живот. Еве ги тие активности:
1. Штом ќе забележите нешто надвор од вас, преку вашите сетила, или слушнете од други луѓе што тие забележале преку своите сетила, во истиот миг сето тоа се вообразува и се запаметува; и во душата не може да влезе ништо друго освен вообразби и сеќавања. Тоа што не ти е зачувано во сеќавањето, не можеш ни да го вообразиш, и за тоа не можеш ниту да размислуваш. Се случува мислите директно да се раѓаат во душата, но тие во истиот миг се облекуваат во образ, во слика. Така, мисловната страна на душата е образна, сликовита.
2. Но, вообразбата и сеќавањето само собираат и чуваат материјал за мислите. Самото движење на мислите произлегува од душата и се раководи според нејзините закони. Спомните си каков вашиот помал брат, кога ќе види нешто ново, веднаш ви се обраќа и ве прашува: „А што е ова? А кој го направил? А од што е направено?“ – и не се успокојува додека не му биде одговорено на сите негови прашања. Мисловната активност на душата започнува токму со креирањето такви прашања и раѓа мисли како одговор на нив, или прифаќа готови мисли за тоа од други. Вообразбата и сеќавањето не мислат. Тие се – надничарски, поробени сили. Способноста на душата, од која излегуваат такви прашања и којашто ги отвора и ги раѓа мислите и одговорите на нив, се нарекува разум, чија функција е да расудува, да осмислува и да наоѓа соодветни решенија. Набљудувајте се самите, и ќе видите дека ништо не правите без осмислување и расудување. Секое и најмало нешто треба да се осмисли. Колку и да се прави тоа мигновено, секогаш настапува расудувањето и оди по претходно поставени прашања.
3. Кога осмислувате нешто, сè уште не е оформена одредена мисла. Конкретна мисла се оформува кога ќе се најде решение на некое од прашањата. Разумот ги рои мислите, барајќи одговор на тоа што претставува одредено нешто, од каде произлегува, зошто е потребно и слично. Кога самите ќе најдете такво решение, или кога ќе го слушнете од другите и се согласите со него, обично велите: „Сега разбирам, веќе не е потребно толкување, нештото е решено.“ Тоа решение ì дава спокојство на вашата мисловна активност во врска со предметот што ве интересирал. Тогаш вашиот разум се свртува кон други нешта, а заокружената мисла се похранува во душевната архива – во сеќавањето, од каде по потреба се зема како алатка за решавање на други прашања, како средство за сложување на други мисли. Севкупност на сите поимања заокружени на таков начин го сочинуваат образот на вашите мисли, образ кого што вие го откривате преку своите зборови. Тоа е област на вашето знаење, стекнато преку трудот на размислувањето. Колку повеќе прашања имате разрешено, толку повеќе имате конкретни мисли или поимања за одредени нешта; колку повеќе имате такви поимања, толку е поголем кругот на вашето знаење. На тој начин, како што гледате, над сеќавањето и над вообразбата кај вас стои разумот кој со својата мисловна работа ви дава одредени познавања и поимања за нештата.
Но, ние не сме во состојба да дадеме одговор на секое поставено прашање. Поголем дел од прашањата остануваат неодговорени. Мислиш, мислиш, и – ништо конкретно не смислуваш. Затоа и се вели: можеби е вака, а можеби и така. Тоа се мненија и претпоставки, коишто, општо земено, во нас ги има можеби и повеќе одошто има заокружени познанија.
Кога некој, резонирајќи за одредена класа предмети, пронаоѓа самиот, или позајмува од другите доволно одредени мисли и поимања за нив, а нерешеното успева да го дополни со такви успешни мненија и претпоставки, што може да смета дека тој круг предмети е доволно спознаен и разјаснет, тогаш сето стекнато го доведува во ред, го изложува поврзано и со последователност, и ни презентира наука за таа класа предмети. Науката е – венец на мисловната работа на разумот.
Сето ова ви го кажав за да ви биде појасно во што треба да се состои природната, законската активност на нашата мисловна сила. Нејзина должност е да размислува за она што сè уште е непознато, за да го спознаеме. На малкумина им е да дено да бидат научници, ниту, пак, сите можат да ја разберат науката, но сите ние можаме – и должни сме! – да расудуваме за нештата што нè опкружуваат, за да стекнеме одредено спознание за нив. Имено, мисловната сила би требала кај сите нас да биде зафатена со таквата активност. Колку таа ќе успее да оформи спознанија, зависи од нејзината јачина, но таа секогаш треба да се занимава со сериозна активност на разгледување и на осмислување на реалноста. Меѓутоа, што гледаме во нашата мисловна сфера? Непрекинато движење на слики и претстави без каква и да е определена цел и каков и да е ред. Една по друга се раѓаат помисли, и одат или по ред, или си попречуваат една на друга, или ќе избегаат напред, или, пак, се враќаат назад, бегаат на страна, не задржувајќи се на ништо конкретно. Тоа не е расудување, туку лутање и расејување на мислите; следствено, тоа е состојба сосема спротивна на онаа каква што ì доликува на нашата мисловна сила – тоа е состојба на болест толку впиена во мисловната сила и толку општа за сите нас, што нема да најдете ниту еден човек кој би можел постојано да извршува сериозна задача на мислење, без да биде подложен на расејување и лутање на мислите, коишто го одвлекуваат од трудот и го влечат на разни страни. Ние често сме замислени. Каква е таа состојба? Еве каква: мислата се симнува во архивата на меморијата и со помош на вообразби претура таму по сета насобрана старудија, преминува од една историја на друга според познатите закони на поврзување на претстави, придодавајќи му на постоечкото непостоечко, а често дури и незвозможно, додека не си дојде на себе и не се врати во реалноста. Велат: се задлабочил во мислите. Се задлабочил, но во празнотија, а не во сериозно расудување за нешто. Тоа е исто како и мечтаење во сон – празномислие. Да се набљудуваме малку самите – и ќе видиме дека поголемиот дел од времето го минуваме во такво празномислие и во расеаност. Во некои денови (а такви денови има многу!) ниту една сериозна мисла не ни паѓа на ум. Ве молам да обрнете внимание на тоа и да се зафатите со решавање на прашањето: долично ли е тоа за една разумна твар?
Подготви: д-р Драган Михајловиќ
(продолжува)
Значењето на срцето во животот на човекот. Влијанието на страстите врз срцето
Посети: {moshits}