логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

May be an image of 1 person and beard

Свети Јован Шангајски

Свети Јован Шангајски е роден на 17 јуни, 1896 година, во Адамовка, Харковска губернија, со крстено име Михаил - по светиот Архангел. Како дете често одеше во блискиот манастир, каде што почиваа чудотворните мошти на свет архиепископ кој за време на животот бил почитуван заради своето исклучително подвижништво - често останувајќи без сон и одмор, поминувајќи ги ноќите неподвижно, во молитва. Свети Јован стана ист таков голем подвижник; немаше спиено во кревет од моментот кога ги даде монашките завети па сè до своето упокојување 40 години подоцна.

a.s.francisko9.jpg

Јадеше само еднаш дневно, еден час пред полноќ. За време на првата и последната седмица од Великиот пост воопшто не земаше храна, а во останатото време од Постот се поткрепуваше само со просфора од олтарот. Често одеше бос дури и во најстудените денови. По Октомвриската револуција, заедно со семејството најде засолниште во Белград, каде што се запиша на Богословскиот факултет. Во 1926, една година по дипломирањето, прими монашки потстриг, добивајќи име по неговиот далечен роднина свети Јован Тоболски. Во ноември истата година го ракоположија за јеромонах.

Наскоро почна да работи како професор во Православната семинарија „Свети Јован Богослов“ во Битола. Не еднаш тогашниот Битолски владика ќе рече: „Сакате ли да видите жив светија - одете кај отец Јован“. Неговите ученици беа првите на кои им беше откриено големото подвижништво на Владиката. Ноќе забележаа дека тој станува, ги обиколува спалните и се моли над заспаните ученици. „Најпосле се откри дека тој скоро и да не спие, и тоа никогаш во кревет, дозволувајќи си секоја ноќ само час-два неудобен одмор во седечка поза или преклонет на подот, во молитва пред иконите.“

a.s.francisko10.jpg

Остана во овој подвиг до крајот на својот живот, „поробувајќи си го телото“ - според зборовите на Апостолот (1 Кор. 9, 27). На 38-годишна возраст беше воздигнат во епископски чин на 10 јуни, 1934 година, од митрополитот Антониј Храповицки (првиот поглавар на Руската Задгранична Црква). Во своето смирение, свети Јован сè до последниот момент беше сигурен дека по грешка го викнале, дека сигурно бараат некој друг јеромонах Јован, зашто тој имајќи говорна мана сметаше дека не може да служи. „И великиот пророк Мојсеј пелтечеше“ - му одговорија. Беше назначен за надлежен архиереј на Шангајската епархија, Кина.

Таму работеше на возобнова на единството меѓу локалните верници од различна националност, како и на изградба на соборен храм и многубројни други цркви и болници. Ги посетуваше болните и оние во затвор, и одеше кај секој тешко болен во кое било време од ноќта и денот за да се помоли крај неговата постела - многумина известуваа за чудотворни исцелувања. Собираше дечиња болни и во неволји од улиците на Шангај и се грижеше за нив во сиропиталиштето што самиот го основа.

Го имаше дарот да проѕира во иднината, совршувајќи служби за луѓе што се навидум со одлично здравје, а за кои тој знаеше дека им претстои скора смрт. Тој се појави крај постелата на верник пред умирање кој се молеше Владиката да дојде, иако болничкиот персонал одби да го повика. Причести со Светите Христови Тајни една жена што умираше од беснило, а таа веднаш потоа доби напад, устата ѝ се запени и ги поврати Светите Дарови. Знаејќи дека тие не смеат да се фрлат, свети Јован веднаш ги зеде и ги голтна, иако беснилото е многу заразно и смртоносно. Тој рече: „Нема ништо да се случи; ова се Свети Дарови!“ - и ја кажа вистината. Секогаш носеше облека од најевтин кинески материјал и често одеше бос, понекогаш давајќи си ги сандалите на некој сиромашен. Владиката служеше Божествена Литургија и се причестуваше со Светите Тајни секојдневно, сè до крајот на својот живот. Свети Јован служеше и на Филипините кога Русите мораа да ја напуштат Кина. Еден Русин во разговор со Филипинци спомна страв од тајфун, а тие му одговорија дека нема причина за загриженост, бидејќи „вашиот свет човек ви го благословува кампот од сите четири страни секоја ноќ“ - а ова се однесуваше на Владиката, зашто ниту еден тајфун не го погоди островот додека тој беше таму. Подоцна живееше и во Париз. Во една од католичките цркви во Париз, свештеникот вака се обидуваше да ги вдахнови младите: „Барате докази, велите дека денес нема ниту чуда ниту светители. Зошто да ви давам теоретски докази, кога денес по улиците на

Париз чекори еден светител - свети Јован Босиот (Saint Jean Nus Pieds)“. Најпосле служеше во Сан Франциско. Неговите последни години беа исполнети со многу страдања, судири и клевети; Владиката дури мораше да сведочи на суд, но на крајот вистината победи. Ги претскажа времето и местото на својата смрт, и на 2 јули 1966 година, крај чудотворна Икона на Богородица, тој се упокои во Господ. Многумина известија дека им се јавил на сон или во видение, исполнет со радост и сиот во светлина. Во 1994 година црковната комисија на Руската Задгранична Црква откри дека моштите му се нетлени. Многу верници, молејќи се пред неговите мошти, добиваат исцелување и утеха. Свети Јован Шангајски се слави на 2 јули.

 

http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=0x22F299A9EBC86F94876D69B5BB8B390C01CCA7A6

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6419
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5612
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная