логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Блажена матушка Алипија Голосеевска

    Блажената Алипија се родила отприлика во 1910 – та година во Пензенската област во благочестивото семејство на Тихон и Васа Авдееви.
Блажената старица раскажувала, дека татко ú бил строг, а мајка и многу добра, голема трудбеничка и многу уредна. Се случувало, да  ú стави во кецелата секакви слатки и да ú каже да ги подели на сиромашните во нивното село, а особено многу благца раздавала мајка ú во време на празниците. Кога дошло времето за учење, Агапија ја запишале во школо. Бидејќи била жива, бистра и интелегентна, таа не можела да се воздржи и на сите им поткажувала. Ја преместиле во друго одделение, кај деца постари од неа една година и Агапија се разликувла од нив со својот ум и интлегенција. Во 1918 – та година, родителите на Агапија биле стрелани. Девојчето цела ноќ само читало пслатир, над умрените. Едно време Агапија живееле кај дедо ú, учејќи во школото уште две години, а потоа тргнала да „странствува“ по светите места...
Во годиние на безверие – 10 години поминала во затвор, и без оглед на тешките услови, се трудела да пости, непрестајно да се моли.


Од сеќавањата на Марија:
- Многу пострадала матушка во периодот на гонењата на православните: неа ја уапсиле и ја ставиле во општата ќелија... Во затворот, каде што таа била затворена, имало многу свештеници. Секоја ноќ, по 5 – 6 луѓе воделе без враќање. Најнакрај, во келијата останале само тројца: еден свештеник, неговиот син и матушка. Свештеникот му кажал на својот син: „Ајде да си отслужиме панихида, сега нас, во мугри ќе нè соберат..“ А на матушката и рекол: „А ти сега ќе излезеш од овде жива.“ Отслужиле панихида, се опеале себе таткото и синот и уште ноќта засекогаш ги одвеле. Матушка останала сама: во келијата тивко се отворила вратата, влегол Апостолот Петар и преку задната врата ја извел матушка кон морето.
Се движела таа без храна и вода 11 денови. Се искачувала по стрмни карпи, паѓала, се исправала, повторно ползела, кинејќи си ги лактите до коски. Но, Господ ја сочувал. На рацете и останале длабоки лузни, кои таа ми ги покажа. Возможно е, дека матушка тогаш го посетила великиот ерусалимски старец иеросхимонахот Теодосиј, кој живеел во близина на Новорусијск во селото Горни (поранешното село Кримскаја). За тоа самата матушка раскажала „Јас бев кај Теродосиј, јас го видов Теодосиј, јас го знам Теодосиј“. Можно е, старецот да ја благословол матушка на големиот подвиг на јуродивство...
Старицата често си спомнувала за своето чудесно избавување, го почитувала денот на чествувањето на апостолите Петар и Павле, често се молела пред иконата на светителите...
Од сеќавањата на Марта:

- Ми раскажа мене матушка, дека кога таа била на работа во Германија, ноќе читала псалтир за оние жени, кои оставиле дома деца или болни стари луѓе и ги вадела зад бодликавата жица и тие безбедно си заминале дома. Матушка самата си заминала, уште пред да заврши војната, ја преминала линијата на фронтот и пеш тргнала за Киев... Еднаш ја престигнале на патот неколку мажи... Таа почнала усрдно да се моли на Мајката Божја да ја заштити. Недалеку видела стог сено и побегнала таму, за да се сокрие од бандитите... Дошла до стогот, се приближила со грбот до него и ја молела Мајката Божја со солзи да не ја остава. Бандитите трчале околу и се исмевале: „Каде отиде таа, нема каде да се сокрие!“ Постојале и си заминале, а матушка се погледнала и видела дека таа е сета светла, целата облека на неа била бела, рацете бели... Мајката Божја ја заштитила, ја сокрила од бандитите, ја облекла со небесна светлина, затоа тие не ја виделе.
Матушка беше писмена, убаво читаше и пишуваше, сиот псалтир го знаеше на памет.
Еднаш ме праша мене: „Која година си родена?“
- 1916 – и одговорив.
- А јас сум 6 години постара од тебе.


По промислата Божја, Христа ради јуродивата Агапија, дошла во Киево – Печерската лавра, каде што проживеала до самото нејзино затворање. Архимандритот Кронид за време на потстригот во монаштво ú дал на Агапија ново име – Алипија, благословувајќи  ја на подвигот на столпништво. Три години подвижницата поминала во шуплината на едно старо дрво.
„Кога беше многу ладно јас влегував во ходникот кај монасите за да се згреам. Еден доаѓа, ми дава леб, друг пак ме брка... Но, јас на нив не се лутев“ -  си спомнувала отпосле старицата.
Доброволно носејќи го крстот на јуродивство Христа ради, покорно примајќи ги понижувањата и навредувањата, мажествено поднесувајќи ги сите лишувања, подвижницата стекнала смирение и кротост, а за тоа се удостоила на големи дарови од Господа: прозорливост и дар на исцеление со молитва.
Од сеќавањата на Ина Александорвна:
- Ние со мајка ми се вративме од евакувацијата во Киев. Тоа беше во 1947 – та година и тогаш почнавме да одиме кај отец Дамијан во Киево – Печерската Лавра за да добиеме совети, поуки... Тогаш мама мене ми укажа на една слабичка, витка жена, уредно исчешлана... Мама рече, дека ја викаат Липа и дека таа живее во долот, зад оградата на лаврата, така под откриено небо, ги поминува ноќите без сон во непрестајна молитва... Липа имаше необичен длабок, чист, топол, сострадален, љубечки поглед во светло  сивите очи... Духовник на Липа беше намесникот на Лаврата, архимандритот Кронид. Според сеќавањата на самата матушка Алипја: кога ќе завршела службата во црква, тој доаѓал кај неа, ú давал суварки и и говорел: „Епа ајде, се згреа, касни и оди спасувај се“.
Таа, била послушна на својот духовен отец, покорно се одалечувала во големото дрво, влегувала во шуплината, во која можело, само поднаведнато да се стои. Кога зиме, снегот толку многу навевал, така што од шуплината воопшто не можело да се излезе, таа не одела во црква. Отецот Кронид сам одел кај неа, носел во мантијата суварки и воскликал: „Не замрзна ли?“ Го оставал донесеното и своето неизменето слово „спасувај се“ и заминувал во Лаврата, оставајќи ја подвижницата во грижата на долгата, зимска ноќ. Било страшно во длабокиот дол, кога под самата шуплина приоѓале и завивале гладни,  кучиња – скитници, а мразот го вкочанувал полусведнатото, неподвижно тело. Само непрестајната Исусова молитва ја утешувала, укрепувала и загревала.
Така тоа продолжило до 1954 година, кога се упокоил духовниот отец и наставникот на Липа, архимадритот Кронид...
Таа сите ги љубела, ги жалела, на никого не се лутела, иако многумина ја навредувале со своето незнаење на нејзиниот тежок крст, кој таа го земала на своите кревки плеќи.
Во едноставна, скромна облека, таа секогаш беше уредна, чиста... За мене до сега тоа останува загатка: како Липа успеваше да ја сочува својата надворешна чистота, убавина и привлечност, немајќи покрив над главата... Три години минувајќи ги ноќите во шуплината на големото дрво, немајќи храна, таа никогаш не ропташе, не просеше милостиња, хранејќи се она, што луѓето сами ú го даваа...
Ја примети неа и отецот Дамијан: „А зошто ти тука седиш под скалите, тебе ти е ладно, оди спиј покрај портите на отец Андреј“... Обата старци живееја во ист ходник и вратите на нивните ќелии никогаш не се затвораа за посетителите... отец Андреј ги примаше сите: читаше над поседнати, исцелуваше болни, сите ги хранеше на трпезата на Лаврата... Токму на тој праг го прати отецот Дамијан и чедото – сираче на отецот Кронид...
После многу години јас ја разбрав смислата на тој благослов: Липа требаше да се приближува кон прагот на старецот – чудотворец. Сé уште не се беше случило, а тоа беше: оживување на дете кое умрело од ступор, исцелување од смртноносни болести, изгонување на болести, невообичаена прозорливост, такво дејство на Светиот Дух, така што ú се потчинуваа и силите на природата, безгранична, сеопфатна љубов кон луѓето, добри и зли, великодушност без корист...
Приметив јас уште нешто друго – отецот Дамијан многу топло и грижливо се однесуваше кон Липа, разговараше со неа, како рамен со рамна, како со своја сотрудничка, очигледно дека предвидел во неа угодничка Божја и своја следбеничка.
Времето одеше, се умножуваа човечките гревови, над Лаврата се згуснуваа црните облаци: се  ширеа гласини за нејзиното затворање. Однесувањето на Липа стана чудно – таа ги подигаше рацете кон небото, силно викаше на својот мордовски јазик, паѓаше на колена и плачеше... (Страдаше матушка, предвидувајќи го скорото затворање на светињата)
Во март 1961 – та година настана бура со грмотевици: силно засветената ѕвезда на големата светиња веднаш падна. Ги замолкнаа ѕвоната. Замолкна и прекрасниот монашки хор, не се слушаа веќе молитви во црквата, се затворија вратите на ќелиите, опустеа коридорите, се угасија светилките. Старците се разотиодоа – едните во вечност, другите гонети од властите.
По затворањето на Киево – Печерската Лавра блажената Алипија ќе се насели во една мала куќа околу Голосеевската пустиња. Месните жители, кои знаеја за чудесните исцеленија по  молитивите на праведницата, во бескрајни редови одеа кај неа за молитвена помош, совет или исцеление.
Од сеќавањата на Марта:
- Матушка Алипија многу строго ги запазуваше постите – во првата и страсната седмца во Великиот Пост, во среда и петок секоја седмица таа ништо не јадеше. Не легнуваше да спие и се молеше цела ноќ. На вратот на носеше голем врзоп со клучеви – своевидни вериги.
Нивната историја е интересна: раскажуваше, дека за време на војнaта, наоѓајќи се во германскиот логор, работела во некаков завод, и говореше: „Ќе се приближам навечер до мрежата, ќе ја исечам и ќе ги пуштам сите, ќе си заминат живи, ќе ги спасам и никој не знаеше, каде тие исчезнале.“ За секој спасен,  нејзината шија се дополнуваше со мало и големо клуче, белко и жолтко. Тој тежок врзоп матушка го носеше на вратот до самата смрт.  Тоа беше тенка, крепка врвца која се впиваше во телото, оставајќи длабока сина лузна.
Од сите страни на нашата голема татковина одеа луѓе кон тој крепок благодатен светилник: архимандрити и настојатели на манастири, монаси и мирјани, високи началници и прости работници, стари и млади, млади луѓе и деца, болни, тажни и гонети. Во еден ден, се случувало кај матушка да дојдат 50 – 60  луѓе. Сите матушка ги примаше со љубов, иако прекрасно можела да го види секого, што донел во себе: вера ли, или љубов, љубопитство или зло. Но, во нејзиното срце се сместуваа сите, на секого таа знаеше, што да каже, кого да го исцели со компот или каша, а кого со маст или вино. На своите духовни чеда не им благословуваше да прават операции, особено стомачни.
Ми рече матушка: „Дојди утре наутро, ќе спремаме дрва за зима.“ Ноќта врнеше силен дожд, беше ладно, јас тргнав накај матушка, облеков чиста облека, нови чизми од велур. Си мислев, дека за работа кај неа ќе најдам нешто да се облечам и обујам. Дојдов порано, а матушка не беше дома,  колибата и шупата беа заклучени... А во шумата беше влажно, калосано, а јас во своите нови чизми и во чистата облека, влечам гранки и ги ставам крај шупата... Дури во пет часот попладне, доаѓа таа уморна, носејќи торба и корпа на рамениците. Ме прашува таа мене: „Беше ли и ти во шумата?“
- Да.
- А зошто тогаш чизмите и  облеката ти се чисти?
Ја погледнав на своите нозе, чизмите и облеката ми беа совршено чисти. Како да не сум одела цел ден по кал и како да не сум носела на рамената големи влажни гранки...
Од сеќавањата на Ана К.
- Тоа беше неисрпен извор на чудотоворства и исцеленија, кои не може да ги уништи ни животот, ни годините, ни смртта. Во подгрбавеното, славно, чудно создание Божјо се пројавуваше несеклива чудотворна сила, која се излеваше на сите кои доѓаа кај неа со своите маки и проблеми. Никој не си заминуваше од кај неа неутешен, примајќи истовремено и душевно исцеление.  
Најпрво во малиот дом на матушка мене ме доведе една страшна болест. Јас ништо не можев да јадам... сета се бев исушила и поцрнела, a тогаш на рацете имав сé уште две мали деца. Воопшто немајќи сила, јас така некако со голем труд се добрав до домот на матушка, тропнав, а таа ми ја отвори вратата со насмевка, говорејќи: „О, влегувај, влегувај, сега ќе јадеш.“ Се сеќавам, како таа проникливо погледна внатре во мене... Ја стави тавата пред мене и Марија, го прекрсти јадењето и ме натера да јадам...
Јас јадев со Марија. Тоа беше првото чудо, направено од матушка над мене. Изедов сé и не почувствував, дека сум најадена. Од тој момент почна да исчезнува црнотијата од моето лице, јас почнав да јадам и да се поправам... Мајка ме повика да доаѓам кај неа почесто и слава Богу, што имав каде да одам. Одиш кај великата старица болна, скршена, едвај жива, а назад се враќаш како новородена. И маките и бедите – сé поминуваше покрај. Навистина – прекрасен е Бог во своите светии!
Многу пати матушка со своите молитви ја предотвраќаше несреќата, која се беше надвиснала над мене и моето семејство... Сите знаат, дека мајкичка лечеше со маст, која сама ја подготвуваше. Пред подготовката таа многу постеше и се молеше. Цела ноќ ја вареше маста и се молеше на бројаница. Наведнуваќи се накај мене, ми кажа еднаш на уво: „Знаеш, оваа маст ги прејадува сите клетки на ракот.“ Тоа беше кажано со шепот и сериозно. Јас си помислив: „Значи тоа е веќе испитано, со маста нема да бидеш загубена.“
Толку голема сила имаше дејствотo не нa самата маст, туку на молитвата на матушка, која дејствуваше преку маста. Бидејќи беше скромна, таа не сакаше луѓето да ги величаат нејзините дејства како чудесни исцеленија, затоа сета сила ја пренесуваше на маста, а таа пак по благословот одгоре беше исцелителна. Кога луѓето се жалеа на некаква болка, таа им велеше: „Намачкајте се со маста и ќе помине.“ И поминуваше...
Оние кои често ја посетуваа матушка, говореа дека ја претскажала катастофата во Чернобил пет години пред да се случи. Јас бев кај неа две недели пред несреќата, а таа ги гледаше иконките и велеше: „Гледај како блескаат, каков пожар!“ Но, јас ништо не можев да видам. А по две седмици се случи хаваријата. На тој ден матушка сета беше облечена во црно и повторуваше неколку пати: „Живееме со болките на другите!“
Еднаш на мамичка и донесов две иконки од Пресвета Троица и свети Николај Јапонски и таа ми вели: „Јас го знам него, златенце, не треба, помогни на ЕДИНАЕСЕТИОТ, не треба.“ лиецето на мамичка го покрија солзи. Моето претчуство ми претскажа дека се работи за нешто лошо, што ме чека на  бројот 11. Таа долго се молеше, бараше од него и додаде: „Тоа е голем светител.” Потоа таа го додаде и бројот 8. Во врска со борјот 11 – зимата се ближеше кон крајот, времето се стоплуваше, на покривите лежеа огромни блокови на тежок лед. Мојот маж, одеше на работа и наеднаш, од покривот на една огромна куќа, се слизнува огромно парче лед и паѓа пред мојот маж на растојание од еден чекор. Само еден миг го одвои од страшна смрт.
Јас го посетив во болница мојот болен татко и веќе беше доцна, кога се враќав дома. Близу мојата зграда, некој од погорние катови фрли празно шише и тоа се раздроби пред самиот мој нос на неколку сантиметри – само еден миг и тешко ми е да си замислам, што би се случило – а се случи на 8 – ми.
Валентина С. Е. - духовна ќерка на блажената Алипија, не еднаш била сведок на чудесата, кои биле појавени од Господа, по молитвите на старицата:
- Кога јас бев таму, дојде кај матушка една жена со пријатен изглед... Денот беше ветровит, силните вители ги виткаа дрвјата, шумата шумеше и ечеше, се нишаше и поклонуваше од силните ветрени вители. Жената замоли: „Матушка, а кај се моите родители?“ Матушка стоеше молчејќи, устремувајќи го својот поглед некаде нагоре. Налетите на ветрот стивнаа, дрвјата се исправија и во гората некако наеднаш настапи полна тишина. Матушка продолжуваше да стои со загледана кон небото, а јас си помислив: “Каква сила имаат нејзините молитви, така што измолила кај Творецот да го сопре ветрот, за да успокои и ободри една христијанска душа.“ Жената разбра, каде се нејзините родители, таму каде што има тишина и спокој.  
Го разбираше матушка јазикот на птиците, кокошките, мачките. Седевме така ние неколку луѓе во градината, а на дрвата и на покривот се беа собрале многу птици. Тие црцореа, пееја и чучуригаа. Матушка разговараше со нив на неразбирливиот за мене мордовски јазик. По однесувањето на птиците се виде дека тие ги разбираа нејзините зборови. До нас седеше мачорот Охрим. Матушка на руски им се обрати на птиците: „Гледај го него како седи овде, и јас нема да одговарам, ако му паднeш во канџите, ајде летај.“
47 години матушка не јадеше месо...
 Свари матушка боршч. Дојдоа луѓе, а јас седев од страна. Матушка ми вели: „Налевај боршч.“ Налеав 11 чинии. Дојдоа уште четворица луѓе, а матушка пак  ми вели: „Налевај боршч“, а јас пак си помислив: „Дали има доволно боршч?“ Погледав во тенџерето, а тоа беше до половина полно со боршч. Си помислив, дека сигурно не сум забележала, дека матушка станала и долеала боршч. Налеав 4 чинии и си мислам, дека ако дојдат уште луѓе, тогаш нема да достигне боршчот. Повторно дојдоа тројца луѓе и матушка повторно ми се обраќа: „Налевај боршч.“ Но, тој пат јас точно видов, дека матушка не стануваше од своето место и боршч не долеваше. Одам да налеам, го отворам казанот, а таму рамно половина боршч, како воопшто да не сум налевала од него – цела половина. Потоа разбрав, дека со благодатта Божја храната кај матушка се умножуваше.
Еднаш јас прашав: „Како да се спасиме?“ Таа одговори: “Господи помилуј!
Од сеќавањата на монхињата Ф.
- Со матушка јас се запознав во 1981 година. Бев дошла да пристапам во Флоровскиот манастир.
 Цели 21 седмици, есената и зимата матушка беше тешко болна. Не прмаше храна, само пиеше по малку вода. После Пасха изеде малку млечна каша. До болеста матушка ги хранеше луѓето со она, што тие самите го донесуваа. А после болеста, до самата нејзина кончина, почна сама да готви и да ги храни луѓето. За време на подготовката на храната не дозволуваше да се разговара, за да не се оскверни храната. Секојдневно вареше боршч и каша. Храната секогаш ја подговтуваше со молитва...
Матушка можеше на растојание да го слушне оној кој ја повикувал. Јас многу се разболев и почнав да ја повикувам Матушка на помош. На собраните матушка им рекла: „Лекар од Подол умира“ и почнала за мене да се моли и се молела цела ноќ. Утрото мене ми стана полесно.
Таа го разбираше јазикот на ѕверовите и птиците. Доаѓаше кај неа едно теле, кое таа го хранеше. Еднаш тоа дојде и стоеше, а матушка говори: „Те боли главата, еве, ќе каснеш леб и ќе престане да те боли.“ Телето го изеде лебот и отиде во шумата.
Според сведоштвата на очевидците во сушното лето 1986 – та година праведницата 11 денови постела и се молела, а потоа им раскажала на своите духовни чеда, дека „измолила дожд“.  После тој разговор во истиот ден почнал да врне силен дожд.
Заради добрината многумина ја љубеле блажената старица, но имало и недобронамерни, кои ја дразнеа блажената и нејзините многубројни посетители. Еден маж кој живееше во соседството не еднаш се закануваше да ќе ја разруши живеалиштето на старицата Алипија.
Еднаш тој се договорил со трактоџијата да дојде и со металниот продолжеток да ги турне стеблата на кои се држел стариот дом. Со раце подигнати кон небото се молеше старицата, барајќи го застапништвото на светиот Николај и неговата помош. Еве што за тоа собитие раскажала дуовната ќерка на блажената Алипија:
- Тракторџијата го врза јажето  на трупецот под покривот и веќе почна да влече со тракторот, за да ја уништи куќата. Матушка почна да се моли, сите присутни почнаа да викаат на трактоџијата, велејќи му, да не наштетува на матушка. Во тоа време почна да врне дожд, толку силен, така што стана темно (воодушевувачки е тоа што тој ден, на небото немаше ниту облаче). Тракторџијата седеше во кабината на тракторот, чекаше да престане дождот. Но, дождот не престануваше. На тој начин, ништо не разрушувајќи, трактоџијата си замина. А малиот дом остана да стои неповреден.
Потоа луѓето со заеднички усилби отстранија сé што се беше разрушило од старост, а матушка и понатаму продолжи да живее во својата келија. „Додека сум јас жива, куќата нема да ја разрушат, преподобните Печерски оци нема да дозволат, а после смртта ќе ја урнат и ништо нема да остане“ - говореше матушка (така и се случи).
Сите, кои ја знаеја матушка, таа ги поразуваше со дарот на исцелението, дејствителната сила на молитвата и јавната прозорливост... Јас страдав од силни главоболки. Матушка мене ми даде да се напијам компот и ми рече:  „После Вознесение ќе помине.” Така и се случи. После Вознесение престанав да страдам од главоболка... Мојот татко страдаше од камења во бубрег, лежеше во болница и сакаа да му прават операција, но тој не се согласи и си замина од болницата. Кога ние со татко ми отидовме кај матушка, таа откога го виде, рече: „Одлично што си заминал од таму, оти ќе те избодеа до смрт.“ Му даде да се напие компот и неговите болки престанаа...
Протоерејот Виталиј Медвед си спомнува:
- Пред ијадалетието до покрстувањето на Русија во Демиевската црква доаѓа кај мене матушка и громко говори: „Христос Воскресе! Сега нема да те мачат тебе.“
Тогаш мене во Киев не ме примаа, и ја отидов кај неа. Таа ме погледна и рече: „Не се плаши, оди и ќе те примат.“ И навистина, наскоро мене не примија.
Многу помагаше матушка во судските процеси: по нејзините молитви го намалуваа рокот за затвор; ги ослободуваа неправилно осудените. Многу помагаше матушка во различните најкомплицирани и неправилно оформени парични сметки. По нејзините молитиви сé успеваше, сé се подобруваше и безбедно се решаваше.
Луѓето ги лекуваше матушка со нејзината храна и со плодовите, од кои подготвуваше маст. Пред експлозијата во Чернобил претскажа: „Ќе ги испотрујат луѓето со гас.“

Од сеќавањата на протоерејот Анатолиј Городински:
- Матушка Алипија за пр пат ја сретнавме во 1974 година во црквата на Вознесение на Демиевка. Не беше возможно таа да не се забележи. На пат за црква таа секогаш влегуваше во продавница и купуваше многу леб  и кифлички. Сето тоа таа го ставаше на масата за панихида. И нас нé поучуваше: „Секогаш имајте кај себе парче леб.“ Taa живееше во мала куќичка, во која имаше една собичка и мало ходниче, каде што се наоѓаа нејзините кокошки и мачки, кои секогаш ги чуваше... Кај матушка доаѓаа луѓе за молитва совет, благослов. Сето тоа нам ни беше протребно. Често не благословуваше и ни даваше многу слатки. Ние прашувавме зошто ни се потребни толку многу слатки, а таа продолжуваше: „Тоа е за децата.“ Но, ние немавме деца долги 10 години. Веруваме на зборовите на матушка, сега сме многудетно семејство. Господ ни прати радост по молитвите на матушка и нашите прозби. Пред Чернобил матушка беше многу неспокојна, сите ги праќаше дома со зборовите: “Цврсто затворете ги вратите и прозорите, ќе има многу гас.“ Многумина прашуваа што да прават, дали да заминат или да останат во Киев. Матушка не благословуваше никому да замине, а кој не ја послуша, потоа зажали, оти таму било уште полошо. На прашањето како да се постапува со храната говореше: „Измијте ја, прочитајте Оче наш и Богородица, прекрстете и јадете, и бидете здрави.“
Од сеќавањето на Марија:
- Последната недела пред Пасха – Влегувањето на  Господа во Ерусалим кон своите страданија, рано наутро избувна Чернобил, кој матушка го виде уште зимата...
На два месеци до својата смрт, не благословуваше никому да ноќева кај неа...Во сабота (29 октомври) ме повика. Ми рече: „Оди во нашата црква, постави свеќи, но не ги пали, запалете ги утре наутро. Направи панихида и трчај во Лаврата, кај мене повеќе не доаѓај.“
Во неделата на 30 октомври после обдедот јас дојдов кај неа. Матушка беше многу слаба. Ги благослови сите заедно да одат во Китаево: „Помолете се на светителите и за мене помолете се“, претскажувајќи ја канонизацијата на петте угодници на Киево – Печерската Лавра.
Пред смртта старицата бараше кај сите кои беа дојдени кај неа прошка, бараше да доаѓаат кај неа на гробот и да ú
 ги раскажуваат своите проблеми и болести.
 Од сеќавањата на духовната ќерка на старицата:
- Кусо пред смртта кај матушка имаше многу народ. Неочекувано таа на сите им рече да коленичат и да молчат. Нечујно се отвори вратата и матушка обраќајќи се кон оние кои влегоа, праша: „Што дојдовте да ми навестите?“ Сите во благоговејно молчание коленичеа, додека матушка водеше тих разговор со дојдените. Кои биле тие и каква вест и донеле – остана тајна. Таа не ја откри, но после таа посета почесто почна да говори за смртта: „Ќе умрам јас кога ќе стегне првиот мраз и првиот снег кога ќе падне. Ќе ме стават во кола, ќе ме закопаат во шумата.“
На 29 октомври јас бев кај матушка и силно плачев: „Не стој така и не плачи, туку оди и дади за спомнување во сите храмови.“ Така што, во сите манстири летаа писма со прозба да се молат за нашата матушка. Нејзините духовни чеда дури одеа кај старецот Н. далеку во Русија: „...јаболкото е созреано, тоа не може веќе да остане на дрвото и мора да падне„– одговорил прозорливиот старец, кој ја познавал матушка единствено со духот.
На 30 октомври стегнал првиот мраз, а вечерта почнал да паѓа крупен мекичок снег. Кога ги делеа работите на матушка, мене ми дадоа перниче. Сега, кога почнува да ме боли главата, јас легнувам на тоа перниче и болката прекинува.
Царство Небесно и вечен спомен, драга наша матушка Алипија за сите твои трудови, кои ги понесе за време на својот земен живот за сите нас грешните.
Од сеќавањата на Екатерина Ермоленко Ивановна:
- За време на опевањето од телтото на матушка излегуваше силно благоухание, рацете ú беа топли,  и кога ги целивавме, на усните долго време остануваше пријатен мирис.
Собрани се многу сведоштва за исцеление на верните по молитвите на старицата.
Сведочи Људмила: Јас печев бисквити, за да го однесам на гробот и си ја изгорев раката. Се формираше голем плускавец, раката многу ме болеше. На гробот ние се помоливме, каснавме, а кога пристигнав дома, немаше ништо на раката: ни плускавец, ниту трага од изгореницата, никаква болка веќе не чувстував. Не приметив кога се случило исцелувањето, само го увидев резултатот. После една година, веќе во 2000 - година на дел од показалецот се формираше тврд израсток, во големина на грав. Израстокот ми сметаше да го виткам прстот.  Имајќи опит од изгореницата, го положив прстот на гробот и побарав: „Матушка, мене прстето ме боли!“ и со израстокот се допрев до крстот. Ние се помоливме... По половина час, јас видов дека израстокот го немаше. Остана само црвенкаста трага – за да се сеќавам!“
„На носот ми се формираше израсток во големина на лешник. Тој постојано се зголемувше и се стврднуваше, сметјќи ми да ги носам очилата. Матушка Дионисија заминувајќи, ми даде цветче од гробот на матушка Алипија. Јас почнав да се ú молам и да го положувам цветот (на израстокот). Наскоро израстокот неприметно изсчезна. Господи благослови.“ ( Нина)
Блажена старица Алипија, моли го Бог за нас!
Девјатова Светлана, Москва


http://alipiya.kiev.ua/biography-saint-alipiya/

превод од руски: М. Б.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2597
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2391
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

« »