логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во беседата од пред две недели „Како правилно да бдееме – и над себе“, нагласив три духовни вистини: прво, без конкретно милосрдие кон страдалниците не само што напразно одиме во црква, туку не можеме ни христијани да се наречеме, односно – нема ли конкретно милосрдие – нема христијанство во пракса; второ, ако нема конкретно смирение – нема христијанство во пракса; и трето, нема ли барем внатрешен плач и солзи поради нашата отпаднатост од Бог – исто така, нема христијанство во пракса! Да ги дообјасниме поконкретно овие неколку неразделни вистини.Ви имам нагласено и другпат дека не можеме ние, т.н. христијани, само да чекаме некој да ни побара помош, па дури тогаш да размислуваме како и дали сакаме да му помогнеме, туку должни сме сами да ги побараме луѓето што страдаат и да им помогнеме! Не можеме да се правиме глуви и слепи и да не помагаме, кога Богочовекот Христос со Свои зборови точно ни има кажано во Евангелието каде да Го најдеме: „Гладен бев, и Ми дадовте да јадам; жеден бев, и Ме напоивте; странец бев, и Ме примивте; необлечен бев, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте при Мене. (...) Вистина ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 35–36; 40). Живееш во светот и велиш дека вистински Го бараш Христос – ете каде Е!


Или, ако речеме: никој не ни побарал помош, Евангелието нѐ разобличува – Самиот Господ Исус Христос постојано ни ја бара. Најбитно за нас, т.н. христијани, е сознанието дека Господ се поистоветува само со страдалниците. Ако ние им помагаме – добро за нас; ако не – Тој нема ништо со нас. Ние, на почетокот, можеме да бидеме само слуги на оние со кои Тој се поистоветува. Така, на пример, да не се лажеме со некакво христијанство ако ние дома седиме на топло и имаме сѐ што сакаме да јадеме, додека некој се смрзнува и гладува, и одвај преживува, а ние со прст не мрднуваме за да му помогнеме. Тоа е антихристијанство.


Најотворено ви кажувам што мислам и како верувам: доколку помеѓу две причестувања со Крвта и Телото Христови не сме пронашле и не сме му помогнале некому (на Христос), односно ако конкретно не сострадуваме со страдалниците, воопшто да не пристапуваме за причест. Ова важи за ситни дела на милосрдие. За големи дела има друго правило. Секој од нас може барем со нешто да помогне, оправдување нема. И битно е, ако може, да не знае никој за помошта. На Страшниот Христов Суд нема да бидеме прашани за ништо друго, освен за она што Богочовекот ни го посочува – дали Му помогнавме Нему, во ликот на секој страдалник.Само ако постапуваме како слуги на оние со кои Христос се поистоветува, само тогаш можеме да си го пронајдеме своето место – како најпоследни од сите, како непотребни слуги (бидејќи не стигнуваме да помогнеме доволно). Само како слуги на оние што страдаат можеме да го стекнеме своето конкретно смирение. А кога на овој конкретен начин ќе се пронајдеме себеси и своето место во Божјата Промисла, тогаш ќе го добиеме и дарот на покајните солзи, а во Божјите очи ќе заличиме на практични христијани. Не во своите очи.


Вистински христијани се само оние што се гонети заради Богочовекот Христос, а истовремено и ги љубат своите непријатели; кои се барем на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот и се носители на дарот на умно-срдечната молитва.  Дотогаш да се обидеме барем да не се умислуваме дека сме не знам какво свештенство и не знам какви христијани – да не изигруваме нешто што не сме. Затоа што нема ли барем практично христијанство – нема Причест, нема ништо. Затоа што: „Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа, и Мене не сте Ми го направиле“. Ако сакате да се лажеме, јас не сакам. Толку.

Пресвета Богородице спаси нѐ, нас умислените и изгубените!

Митрополит Струмички Наум



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6773
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6599
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5789
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/05/2024 - четврток

Светите маченици Тимотеј и Мавра; Преподобен Теодосиј Киево-Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,о, свети маченици Тимотее и Мавро,за да по вашите молитви измолимемилост голема, од Оној...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная