логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(Обновено)


Отсекогаш ми причинувало, потешкотија да говорам за било која тема поврзана со подвигот во верата, а особено пред своите собраќа, не само од страв да не го чујам она, лекаре, најпрво исцели се сам, или пак, она, другпат ќе сакаме да те слушнеме за тоа. Но, сепак обврската што ја налага службата треба да се трудиме да ја исполниме.

Започнува уште еден круг, кој ќе биде заокружен со Празникот над Празниците, потврдувајќи дека сиот подвиг на покајание е втемелен во надежта исполнета во Воскресението Христово. За темата простување и покајание не се зборува само со навлегувањето во Великиот Пост, туку тоа e нешто за кое постојано ние сакаме да зборуваме, да потсетуваме, да укажуваме, и на своевиден начин си имаме сознание за тоа, „обучени„ сме за тоа, но, сеќавајќи се на нашата човечката слабост заради гревот, и зборувањето, и потсетувањето, и укажувањето на простување и покајание заради непрактикување стана од Предание - фраза, од живот стана имагинација, и наместо труд пополека се претвори во фантазија. Немањето соработка меѓу теоријата и праксата, е резултат на несоработката меѓу душата и телото, и во тој случај благодатта која и го чини и самото простување, и самото покајние, та и исполнувањето на сѐ во се, едноставно е попречена од немањето на таа наша слободна волјева активност за реално простување и за реално покајание.

Формализмот стана максимален критериум за да се запази богослужбениот ред и културата на однесување произлезена од тој ред, но покајанието од Евангелието со Христовиот пример, во нашиот живот има минимум учинок. Формализмот ја убива суштината, а ако ја немаме суштината, тогаш сме промашиле, а промашувањето е гревот. Се сеќаваме на блудницата од Новиот Завет, нејзе и беа простени многу гревови, оти го возљуби Христа многу. Она што може да ја придвижи волјата и трудот во практикувањето на покајниот начин на живот е само и само, љубовта кон Бога, а љубовта кон Бога е невозможно да биде над љубовта кон ближниот со кого се поистоветува Христос. И така, ние никогаш нема да ја исполниме суштината ако не простиме со љубов на ближниот, и за на тој начин, не да се измириме само со него, туку и со себе, а во исто време со Бога. Бидејќи и Апостолот вели, дека е невозможно да го љубиме Бога, ако не го љубиме братот свој. Значи, невозможно е да се трудиме во покајние ако не сме простиле. Ако нема прошка, сиот тој труд ќе биде и понапорен дури од рајскато протерување, но важна е само простувањето од љубов, налик на прошката што таткото ја дава на блудниот син, кој во ниту еден момент не го укори дека го потрошил сето богатство во живот во кој е сѐ позволено, а не е се полезно, туку му го враќа сето синовско достоинство само заради покајнието, кое еве, не е формално туку суштинско, а такво е простувањето на таткото, суштинско.


Кога ќе се ослободиме од тешката навика на формализмот, дури тогаш ќе можеме да се издигнеме над илузијата што ја градиме за себе, и светот околу себе, и тогаш ќе можеме да се надеваме дека ќе воспоставиме една синергија, на она што го читаме и она што го правиме, но тоа нема да биде заради нашиот мал вољев напор од љубов кон вечниот живот, туку таа е само едноставноста на практичност на теоријата за која посведочиле светите Отци, која овозможува да не осени благодатта што ќе го исполни покајнието иако низ него ќе има и падови. Но, тоа и не би било покајние, ако нема пад, но, важно е човек да стане, исправен молитвено пред Бога.

Нема што друго да се додаде, оти Господ го познава срцето на секој човек, кое ако љуби и ќе простува, ако љуби и ќе се покајува, ако тоа го чини непрестајно ќе ја потврди верата во која живее, а со надежта која му е поткрепа во Воскресението и љубовта која само Христова особина, а ние нели треба да се убодобиме на Христа, преку молитвите на единствениот човечки пример, Богородица и секогаш Дева Марија, и сите светии кои немале време за формалности, бидејќи биле исполнети со благодатта Божја и во таа состојба не можеле да се занимаваат со другите, онака како што гласи и самата молитва на свети Ефрем Сирин, која ако се живее ќе биде доволна да се вкуси плодот на покајанието, благодатта која го просветлува и осветува секој човек што доаѓа во светот.


о. Горан Стојчевски

TViTer84
Прочка, 2017 година, Соборен храм „Св. Климент Охридски„-Скопје

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2983
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2819
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…