логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3momchinja.vo.pechka.vavilonska

На рјеках Вавилонских... (12.09.2020 14:39)

(Основни човечки дарови)

Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за берење, тој ги испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите. Но лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив направија исто. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од сина ми“. Но лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово“. Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари? Му одговорија: „Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме“. А Исус им рече: „Зарем не сте читале во Книгите: ’Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господ и чудесно е во очите наши‘“ (Матеј 21, 33–42).

3.angeli.so.truba

Што не разбираме ние, христијаните?

Не разбираме дека Бог од нас бара основни човечки дарови, оние дарови што се нормални, што секој роден човек е должен да Му ги принесе на Бог, оние што се во согласност со здравата човекова логика, односно оние за кои Христос воопшто не мораше да се воплотува и да страда.

Кои се тие дарови?

Па, нели, тоа е секое она човечко однесување кое е нормално. Нормално е луѓето да се сакаат и да имаат деца; и тоа повеќе деца. Нормално е родителите да се грижат за своите деца. Нормално е децата да се грижат за своите родители. Нормално е браќата и сестрите да се грижат едни за други. Зарем сето ова не е многу јасно и нормално?

Што уште е нормално?

Нормално е, уште, да се грижиме и за своите роднини, пријатели, комшии, сонародници. Нормално е ако кој било од нив видиме во некаква потреба да му помогнеме; без оглед дали се работи за мала или голема потреба, нормално и човечки е да им помогнеме – ако не сами, тогаш многумина или сите заедно.

Нормално и човечки е да им помогнеме, посебно, на луѓе кои се во голема неволја, кои многу страдаат или кои се во смртна опасност, дури и без оглед на тоа дали ги познаваме и дали се воопшто наши сонародници.

Не е нормално да им чиниме свесно зло на луѓето и не е нормално да ги злоупотребуваме на каков било начин, а посебно кога се во некаква неволја.

Зарем не е сето ова нормално и човечки?

И зарем за сето ова требаше Христос да доаѓа и да ни покаже и да нѐ поучи што да правиме?

Не!

Затоа Бог и ги испрати Своите слуги, пророците, за да ги научат луѓето да Му ги принесуваат основните човечки дарови.

Што направија луѓето, видовме.

Најпосле Бог Го испрати при нив Својот Единороден Син, велејќи: „Ќе се засрамат од сина ми“.

Дали се засрамија?

Не! Оние што на Бог не сакаат да Му ги принесат ни основните човечки дарови, не можат никогаш да Го препознаат Синот Божји, ниту пак, можат да го сфатат тоа што Тој имаше да им покаже и да ги научи.

А Синот Божји, Богочовекот Исус Христос, на луѓето кои сакаа, покрај тоа што ги потсети на основните човечки дарови, им ја покажа и ги научи и на духовната надградба. Таа надградба, да запамeтиме, може да се оствари само доколку постојат основните човечки дарови.

Што подразбираме под духовна надградба? Што уште ни покажа и со дело нѐ поучи Богочовекот Исус Христос?

Ни покажа, најважно и најглавно, дека треба да ги љубиме и непријателите. Љубовта и кон непријателите е основна и главна карактеристика која нас, луѓето, нѐ прави синови Божји и богови по благодат; и ништо друго. И нема друг начин.

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме и од зли чувства и мисли. Нѐ поучи како да се смируваме во Божјата волја. Нѐ поучи да Му благодариме на Бог за сѐ, посебно за злото кое ни се случува; нѐ поучи како целиот наш живот да ни биде благодарење. Нѐ поучи дека, во секое искушение треба да ја бараме Божјата правда, а не човечката. Нѐ поучи како непрестајно да Му се молиме на Бог за сите луѓе, без исклучок. Ни покажа и нѐ поучи што тоа значи преобразување и обожение на човековата личност и неговата природа, и што е тоа гледање на несоздадената Божествена светлина. Ни покажа како обожениот човек може да ја победи смртта станувајќи обожено Тело Христово, во микро и макро смисла, во Црквата чија единствена Глава е Он – Господ Исус Христос; нѐ направи автентични сведоци на Неговото Воскресение. И ни ја дарува вистинската вера.

Што направија луѓето?

Видовме.

А што прават денес? Потполно го отфрлија христијанскиот идентитет поради државни, национални и партиски, односно лични интереси. На пример: една православна Црква не сака да признае, а може, друга православна Црква, поради претходно наведените интереси. И тоа, ова е најбаналниот пример – врвот на ледениот брег; има пострашно – неправилниот личен „духовен“ подвиг.

Што нѐ очекува, ако не се покаеме?

„Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.“

Кои се тие други лозари?

Тоа се оние луѓе кои на Бог Му ги принесуваат барем некои од основните човечки дарови, на пример: кои си помагаат меѓусебно во семејството и во родот; кои ги помагаат едноверните браќа и сестри; кои не си ги убиваат своите неродени деца уште во мајчината утроба и кои се размножуваат („Плодете се и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа...“ – 1 Мој 1, 28).

Треба ли тие, други лозари, да имаат и вистинска вера?

Не! Вистинската вера е својство на духовната надградба. Доволно им е да ги принесуваат само некои од основните човечки дарови.

Што сме ние, христијаните, тогаш?

Ние сме тие што сѐ уште не се засрамија.

POJASOT.NA.PRESVETA3

Пресвета Богородице, спаси нас; Ти си наша единствена надеж!



Митрополит Струмички Наум

 3.angeli.so.truba

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7322

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1118
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1055
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…