логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

Секташки дух (25.10.2020 16:12)



Луѓето се различни и таа различност е една од убавините на животот. Дури и многу повеќе – без различноста не би постоел ни живот. Но, таа различност може да биде и проклетство.

3.angeli.so.truba

Различноста е атмосфера без која би било невозможно да растеме и да се восовршуваме во љубовта. Но, различноста може да биде и причина за раздор, непријателство и човекоубиство.

Како што Светиот Дух Господ се радува на слободното и љубовно единство на различните, така паднатиот ангел се сити со расколот и непријателството поради разликите.

3.angeli.so.truba

Токму дејството на паднатите ангели, кое го препознаваме како секташки дух, е тема на денешната лекција.

Главна карактеристика на секташкиот дух е да ги потенцира разликите до крајност и да го оневозможи нивното хармонично вкомпонирање во сведоштво на љубовта. Главна карактеристика на Светиот Дух Господ е токму спротивното – ги открива различните таленти и прецизно ги вклопува кон совршено функционирање на црковниот организам, кон заедничко растење, а истовремено го оневозможува дејствувањето на секташкиот дух.

И уште нешто. Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници запишани; се фаќа за една слика (на пример, со витези на виното и ги претставува како масони), наместо за безброј други; се фаќа за една случка, наместо за цел живот; се фаќа за дел што му изгледа погоден и од него обликува целина што му одговара за да ги оцрни тие што ги смета за непријатели.

Секташкиот дух е клеветнички. Осудувањето е одраз на внатрешниот духовен расцеп (шизофренија), и затоа е само проекција: тоа што си ти, го гледаш и кај другиот. Оттаму називот, на пример: „Слово против сектите“. Божем против сектите, а тоа партиски војници пишуваат против Македонската Православна Црква.

Основа на секташкиот дух е паднатата природа на човекот. Дуализмот меѓу умот и разумот, односно расцепот меѓу примарната и секундарната функција на умот, се одразува како расцеп и невосогласеност меѓу умот – како словесна сила на душата, и волјата и желбата – како бесловесни сили на душата; така што умот не управува со волјата и желбите. Овој расцеп и невосогласеност се пројавува како неконтролираност и збрка на чувствата. Конфузноста на чувствата се пројавува, пак, како недостаток на контрола врз зборовите и делата. И обратно...

Сето погореопишано со еден збор би го дефинирал како збркано или темно и тесно срце. Затоа што, духовното срце е центарот на словесната и бесловесните сили, на сите чувства, извор на мисловното и говорното слово, и на сите човекови дела. Ако тоа е збркано, сѐ ќе биде темно и тесно.

Зошто е темно и тесно? Затоа што, откако човекот влегол во Црква, не успеал да го восогласи начинот на својот живот со нивото на душевноста со која влегол –  кон духовен развој, како и со местото и улогата што ги имал во Црквата. Тоа е причината на развојот на секташкиот дух. Со други зборови, луѓе непросветлени, без дарот на умно-срдечната молитва, се занимаваат со многу комплицирани теми.

Забораваат дека ниту местото што го имаат во Црквата тоа им го дозволува; ниту претходниот порочен живот (наркоманство, алкохолизам, криминал и сл.), со  последиците што сигурно ги имаат од него, тоа им го дозволува; ниту сегашниот начин на живот (блуд, вонбрачна заедница, долга непричестеност со Крвта и Телото Христови) тоа им го дозволува. Би рекол дека, ниту и отселувањето од родниот крај и несвесното предавство на мајката Македонија тоа им го дозволува. И најобичниот Македонец што живее и остава потомство овде е многу побитен и од најголемиот патриот што се отселил и чие потомство веќе не знае што е, и кое не го ни говори македонскиот јазик.

А што е мотив за манифестација на секташкиот дух? Секташкиот дух се буди кога гледа дека нешто добро се случува во Црквата. Секташкиот дух тоа не може да го поднесе и се обидува, сиротиот, со сите сили да го спречи.

А против кого е најмногу насочен секташкиот дух? Ова е најинтересниот дел. Нормално е дека секташкиот дух ќе биде најмногу насочен против носителите на Светиот Дух, против миротворците, против оние што макотрпно се борат и што изнаоѓаат решенија за црковните проблеми, против оние што го градат единството на Црквата, против оние што ги спречуваат расколите во Црквата...

Но, има и уште поинтересен дел. Секташкиот дух е насочен најчесто против оние што лично им помогнале во животот или барем се обиделе да им помогнат; кои им го посветиле своето време, своите ресурси, своите финансии, кои ги советувале, кои духовно ги растеле, некои од нив и ги замонашиле, па дури и ракоположиле; на некои дури и брачниот другар му го нашле, па и за децата што им се родиле (да им се здрави и живи), на некој начин, ним им се должни. Но, фала Богу за сѐ! Неблагодарноста е исклучиво секташки дух.

И уште нешто е интересно – зошто секташкиот дух е насочен токму против своите добротвори. Затоа што неговите носители знаат дека никогаш нема со зло да им биде вратено, иако се лесно достапни и таму каде што биле и таму каде што се. Нема да ги натераат своите добротвори со зло да им вратат и кога повторно на врата ќе им чукнат, како што си е редот...

Затоа, ве молам, за ваше добро, не бидете тесни во срцата! Особено што во Царството на мојот Отец Небесен има многу места за живеење, место за сите, а вие не сте тие кои одлучуваат кој ќе биде примен таму. Волјата на мојот Отец Небесен е да ви го даде Царството на Светиот Дух на сите.

Не бидете тесни во срцата! Ако некој е верен – прими го, ако е некој неверен, и за него најди место. Ако луѓето партиски се делат, ти не ги дели во своето срце. Ако се поделиле Константинопол и Москва, не значи дека и Светиот Дух се поделил, не значи дека и ти треба да учествуваш во поделбата. Ако се раководиш по стар календар – не го менувај, ако некој го сменил – не го отфрлај. Ако некој сака да носи маска во црква – нека носи, ако некој верува дека не треба да носи – нека не носи, пригрли ги сите; и слично. Остави ги луѓето слободно да се определат, да размислуваат, да се изразуваат, ти си должен единствено да ги љубиш. Само за едно грижи се – да не отстапиш од православната вера и Црква – ни со збор, ни на дело, и со тоа да не Ги ожалостиш Бог и нашата Царица Небесна – Богородица.

Пресвета Богородице, спаси нас!

P.S. Ако во ова време си противник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, тогаш или си душевно болен или си платен. Нема друго.

P.P.S. Морам да ви признаам дека, мене лично, за разлика од предавниците, зилотите ми се допаѓаат. Сметам дека нивното постоење е многу важно во секоја Црква. Но, зилотизмот треба и да е здрав; треба да се критикува тоа што заслужува критика, а не безрасудно; затоа што безрасудната критика носи со себе забуна, страв, очајание и темнина, а сето тоа им користи само на непријателите кои сакаат да нѐ поделат. Со еден збор, здравиот зилотизам треба да дејствува однатре во Црквата и со оправдана критика, за да има резултат.



Митрополит Струмички Наум

 

Извор: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7339

25ти октомври 2020 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5792
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6611
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6390
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5588
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная