логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba
Митрополит Струмички Наум


     

Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот. На пример, подобри услови за молитва.

Или, чекаме работите во нашиот живот да станат поедноставни и полесни, па да преземеме нешто, во правец на негово подобрување.

Или, чекаме да ни помине мрзата, па да почнеме да работиме на нешто.

Како Бог да не знае што нам точно ни треба, па сега ние тоа го немаме. Не, сѐ што треба ни дал, наше е само да ја исполнуваме Неговата волја, во послушание.

Важно, тоа што го чекаме никогаш нема да дојде ако веднаш не смениме нешто на подобро. Барем, ние сигурно нема да бидеме поподготвени.

Треба да вложиме во сега и овде, пред сѐ, во себеси, за да се случи некоја промена кон подобро во иднина, а не да чекаме пасивно некоја подобра иднина, за тогаш да направиме нешто со себеси.

Значи, еден од најголемите проблеми на модерниот човек, а кој истовремено е и најмалку освестен, е замислениот и очекуваниот, па дури и пророкуваниот живот таму и некогаш, наместо конкретниот живот овде и сега.

Важно е и тоа таму и некогаш, доколку припаѓа на она што обично го нарекуваме план, визија, цел, мотив; но тоа е неостварливо, па дури и повод за очајание, ако не успееме во она што се нарекува живот овде и сега.

Само восогласениот начин на живот со степенот на духовниот развој, како и со нашето реално место во Црквата, претставува православен духовен живот овде и сега. Само така можеме да живееме во мир и покајание и да бидеме радосни.

Сѐ друго е гордоста, темнината, стравот и немирот на таму и некогаш.

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...

Има и друго актуелно за зборување, ама не спаѓа во животот сега и овде. Да, спаѓа во она што би било – кога би било, таму и некогаш...

Едноставно, животот сега и овде е живот во Богочовекот Христос, кој во себе ја содржи и иднината – останатото време, христијанскиот крај и Царството Небесно.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 

 

Извор: МПЦ-ОА

3.angeli.so.truba

п.п



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1484
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1849
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…