логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Pachemski.sv.Teodor2

Скопје, 21ви февруари 2021 г.- храм на св.Јован Крстител

Недела на митарот и фарисејот
Евангелие според Лука зачало 89
Лука 18, 10-14

Pachemski.sv.Teodor

Во името на Отецот, Синот Светиот Дух,

Од денеска, драги браќа и сестри, ние започнуваме со духовните подготовки за Велигдснскиот пост. Денес започнува првата подготвителна недела од постот. Токму затоа, светата православна црква денешната недела ја нарекува недела на митарот и фарисејот, бидејки во денешното свето Евангелие се чита параболата за митникот и фарисејот. Во оваа евангелска парабола се зборува за гордоста и за осудувањето, кои се две основни пречки во нашето духовно усовршување.


Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се уверени дека се праведни, и се надеваат единствено на својата праведност, а сите останати луѓе ги понижуваат и презираат. Но Господ Бог, благочестиви христијани, не ја сака горделивата праведност кај човекот, туку сака срце понизно и смирено. Токму како што вели старозаветниот пророк: "Тешко на оние, кои се мудри во своите очи и разумни пред самите себеси (Исаија 5,21)!

Pachemski.sv.Teodor1

Два човека влегоа во храмот да са помолат - едниот  фарисеј, а  другиот митник. Што биле фарисеите, а што митниците? Зборот фарисеј доаѓа од еврејскиот збор фарест и значи одделен. Тоа биле одделени - сектанти во старозаветната јудејска религија, кои се издвојувале од обичните луѓе. Се издвојувале по тоа што биле формални исполнители на Мојсеевиот закон и кај нив формата на законот била поважна од човекот. Тоа биле луѓе што се фалеле дека го познаваат Божјиот закон, но најмногу од сита со своето крајно лицемерие го нарушувале тој закон. Митниците, пак, се цариници или   собирачи на данокот од сиромдшниот ндрод, при што честопати прибегнувале кон незаконски средства за неговото собирање, па затоа биле намразени кај народот.


Два различни света влегуваат во Божјиот дом, со две различни   молитвени срца. Првиот - фарисејот, застанувајќи сосема напред се моли во себе: "Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, дават десеток од се што придобиват"  (Лука 18, 11 и 12). Вака се осудува да зборува еден ласкав грешник пред лицето на Бога! Тој мисли дека со своето ласкање кон Бога, ќе успее да го придобие Божјото внимание за ислушување на неговото фалење. Меѓутоа, страста на гордоста и самопофалбите владеат во молитвата на овој човек. Тој и не се моли, зашто неговите зборови не Го молат Бога, туку ги набројуваат своите добрини и   неговиот престиж над другите луѓе. Тој едноставно са насладува на своите добрини, зборува|ќи на Бога и не своите гревови и слабости, а мислејќи   дека   е безгрешен ангел.


"Митникот, пак, стоеше оддалеку, не смееше дури и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: 'Боже, биди милостив слрема мене грешниот (Лука 18,13)! Таква треба да бида покајната молитва, која е исполнета со смирение. Митникот стои оддалеку и не се турка за првото место во црквата. Тој знае дека Бог и оттаму, од припратот на храмот го гледа и ја слуша неговата покајна молитва. Тој ја чувствува својата маленкост пред Бога, па смиреномудрено ја спознава својата грешност и целата своја надеж ја положува на Божјата милост. "Дај да ги видам моите прегрешенија и да не го осудувам братот свој, вели свети Ефрем Сирин. Такви молитви Му се благопријатни на Бога во кои дејствува духот на смирението и понизноста.


Какво треба пак да биде нашето смирение, ни покажува еден светоотечки пример. Имено, некој монах длабоко смирен и свет во животот, дошол на гости во еден манастир. Влегол во црквата да се помоли, а кога другите браќа седнале на братската вечера на љубовта, седнал и тој. Но некои од браќата започнале да се прашуваат: Што прави тој тука? Тогаш му рекле на монахот: Стани и излези. Тој ги послушал, па станал и излегол. Останатите пак, од братството се нажалиле зашто братот бил избркан, па го повикале внатре. Без да пројави каков и да бил знак на нажаленост, тој се вратил. После сето тоа, еден од браќата го запрашал: Кажи ни, што мислеше и што чувствуваше кога те избркаа, а што откако те повикаа назад? Тој одговориа: Јас се потсетив дека сум сличен на куче кое, кога го бркаат - излегува, а  кога  ќе го повикаат - доаѓа.
Тоа е вистински пример на смиреномудрие. А неговите дела се: молчење, неспоредување, немање желба за расправии, послушност, гледање пред себе, запазување од лага, себеограничувања во водање на празни разговори, претрпување на навреди, самопринудување на трудови и ненавредување на никого. Бог ги сака ваквите дела на смирените и кротки луѓе, чии очи се наведнати кон земјата, а срцето и душата им се исполнети со небото. Нивните дела  Бог ги гледа тајно, но ги наградува јавно, па затоа и ни вели на крајот од  денешната  евангелска  парабола: "Ви велам:  детка  митникот  си отиде  дома повеќе оправдан, отколку фарисејот, зашто секој што се издига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат “  (Лука 18,14), сега, секогаш и во вечни векови, амин.

 Pachemski.sv.Teodor4

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго:

Pachemski.sv.Teodor14

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1484
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1848
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…