логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Aleksandar.N.sv.Haralampij

08/04/2021

... Но и денес, како што можеби разбравте, Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос – свештенослужеше во свети Јован на улицата Булиагмени, во мала црквичка, пред да се направи големиот храм кој што е денес. Беше еден прост отец кој што секоја ноќ правеше бдение, даваше сé како милостина, постеше и се молеше и служеше секој ден.

Aleksandar.N.sv.Haralampij


Свети Николај Планас



И се удостои и тој да ја види несоздадената Светлина. Не само да ја види, но и да го гледаат во несоздадената Светлина. Зашто неговите современици велат дека гледале некоја светлина што го опкружува отецот Николај во ноќта на патиштата на некогашна Атина – тогаш не постоеа електрични светла – да му го осветлат патот. Мислеа дека држи некое фенерче, но кога ќе одеа поблиску, не гледаа никаков фенер, тоа беше Светлината на Пресвета Троица, несоздадената Светлина, за којашто зборува свети Григориј Палама. Оваа Светлина, имено, го осветлуваше и срцето и умот и телото на отец Николај за којшто денес се случува првата празнична Света Литургија во светиот митрополитски храм во Атина.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

моштите на Свети Николај Планас во Атина



Но не само отецот Николај, туку и други ...

И јас запознав свети отци коишто се удостоија да ја гледаат несоздадената Светлина и да се во Светлината Христова и сиот нивни живот да е Светлина Христова. А помеѓу нив и еден најсвет старец, отец Софрониј – некои од вас можеби имате слушнато – игуменот на Светата обител на Чесниот Претеча во Есекс.

Отец Софрониј е 97 години. Беше монах на Света Гора, ученик на еден свет старец, на светиот Силуан, русин, атонски монах, којшто неодамна и тој се се приопшти во Календарот на Црквата. Има излезено и книга за животот на свети Силуан, која што ве поттикнувам да ја прочитате.

Отец Софрониј, имено, издаде последно една многу важна книга, се разбира малку неразбирлива за оние кои немаат напреднато во духовниот живот. Но за оние кои имаат напреднато и кои имаат жед за Христа, многу значајна книга. Се вика: “Да се види Бог Каков што Е“.

Во оваа книга се разскажува – од љубов придвижен кон нас современиците негови - за искуствата негови за несоздадената Светлина, како го удостои Бог да ја гледа несоздадената Светлина во нашата генерација.

Таму го вели – помеѓу другото – и следното: Дека несоздадената Светлина започнува да свети во човекот од часот кога искрено се покајува. Самошто човекот ќе се покае и ќе започни да плаче за гревовите негови, да ги чувствува гревовите и да ја бара милоста Божја, од тој час Светлината Христова го просветлува срцето и умот негов.“

Aleksandar.N.sv.Haralampij
старец Софрониј



Имајќи ги имено овие нешта во предвид, браќа мои, да се подвизуваме сите – посебно во благословениот и свет период на Великата Четрдесетница – да ја живееме така вистината и Светлината Христова во животот наш. И ќе сме особено многу среќни, зашто ние Православните ја имаме таа можност не само едноставно да Го гледаме Бога, но гледајќи Го Бог да постанеме и ние богови по Благодат. Ова го чека од нас Вајарот и Творецот наш. За тоа не' создаде „по образ и по подобие“ Негово. За да постанеме подобни со Него, да постанеме богови по Благодат. Видете каков убав призив имаме, призив кој започна уште од времето на светите апостоли!

Затоа, имено, да не  оставиме животот да ни се развлечи, да се истроши на ситно, на безвредно, на привремено, на суетно, но да го свртиме погледот на душата наша кон Господ и Бог наш, Кој што не' чека да се соединиме со Него, да сме едно со Него.

Така и се случи со свети Григориј Палама. Кога на возраст од околу шеесет години, после многу подвизи за верата и откако беше затворен уште и во Константинопол на четири години за учителствувањето на Православната Вера од непријателите на вистината, ја предвиде својата смрт, умирајќи во Солун. И како што се приближи часот за да замини од овој свет, неговото восредоточено внимание го насочи кон Бога често повторувајќи: „Небесата, кон небесата“.

И кога ја предаде светата душа негова, почитуваните свештеници што беа таму го видоја светото тело негово да свети со Светлината Божја, несоздадената Светлина на Света Троица за Која што живееше, богословеше и учеше светиот Григориј Палама.

По неговите молитви, имено и со благословот негов, посакувам и ние од денес да одиме во Светлината Христова и подвигот наш да е за Светлината Христова и целиот наш живот да е во несоздадената и вечна Светлина на Пресвета Троица.

 

Превод: сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

Извор.

https://www.manastirslepche.mk/novost/na-sveti-grigorij-palama-starec-georgij-kapsanis-ii-del/

8ти април 2021 лето Господово

 

Друго:

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 16, 2021

Овој ден - на свети Атанасиј Велики | Манастир Св. Јован Претеча С. Слепче

Ноќ повторно наидуваво утро рано на мои очи,ученик наместо да се надѕидувадозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна,за учител се одвиваликува Небеса, торжествува,Црквата воскликнува.
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2254
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1923
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…