логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Зошто во денешното евангелие Христос вели дека Своите ученици ќе ги направи „ловци на луѓе“, а не, на пример, нивни учители, водачи или нешто слично? Ајде да видиме – зошто.


Да почнеме од самите себе, како што е редот, и да се запрашаме: дали сме носители на дарот на умно-срдечната молитва, односно дали нашиот ум може молитвено да престојува во нашето срце и дали таму се просветлува? Очигледно, не. Причината е заробеноста на нашето срце од бесловесните страсти. И знаеме убаво дека, пред сè, тоа е бесловесната страст на славољубието, на високото мислење за самите себе или гордоста, односно фактот дека нашиот острастен разум (без оглед на нивото на нашата интелигенција) го поставуваме за врвен критериум на сè она што го перципираме околу нас и врз основа на него донесуваме заклучоци.


Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосем поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот духовен развој. Лекот го знаеме, а не го користиме. Тоа е восогласување на начинот на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, т.е. ставање на умот во процес на исцеление преку послушанието кон духовниот отец – до просветлувањето на умот.
Сега, ако ние кои сме свесни дека сме заробени од бесловесната страст на високоумието и се бориме против неа, а сѐ уште не можеме да се ослободиме, тогаш што ли се случува со оние кои ниту се свесни дека се заробени од бесловесните страсти, ниту се свесни дека се водени преку нив во пропаст? Посебно, пак, кога знаеме дека поттикнувач на секоја бесловесна страст е демонот. Затоа и гледаме дека како што бесловесното животно бега од ловецот така и луѓето, заведени од бесловесните страсти (славољубието, среброљубието и сластољубието), демонот ги води далеку од Црквата и од духовните отци. И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да ги приведе луѓето кон спасение. Духовниот отец е, всушност, сведок Христов и истерувач на демони, па затоа и ловец на луѓе – заробеници на демоните.


Духовен отец може да се нарече само човек кој со помош на Божјата благодат се подготвил за тоа и е повикан за тоа. Човек кој го просветлил својот ум молитвено во срцето. Човек со слово што извира од неговото очистено срце и кое допира до длабочината на срцето на ближниот; човек со присуство во силата на благодатта Божја. Во негово присуство страстите се парализираат, демонот бега далеку, а неговото слово внесува светлина, сила и надеж во срцето на другиот човек.


Но, и кога некој ќе се оддалечи физички од духовниот отец и кога страста повторно ќе живне, и кога демонот повторно ќе се врати, тој не е оставен сам. Духовниот отец со молитвата во своето срце, во доволна мера, ги одржува светлината, силата и надежта, односно духовното семе што го посеал во срцето на својот ближен, така што семето во содејство со слободната волја на оној во кој е посеано и со помош на благодатта на Светиот Дух може да изрти, да порасне и да донесе плод – ослободување на срцето од страстите и демонското влијание.


Значи, демонот од другите можеме да го истераме само ако претходно сме го истерале од себе. Ако не допреме до своето срце, преку умно-срдечната молитва, не можеме да допреме ни до срцето на другиот. Јасно ли е сега зошто немаме успех во проповедта и зошто кога некој и ќе ни пристапи го правиме сличен на нас или и полош, а не сличен на Христос? И зошто ги одбиваме луѓето од Богочовекот Христос, наместо да ги придобиеме за Него и за нивно спасение?
Денес, „ловците на луѓе“ се реткост. Повеќе Божјата благодат ги носи луѓето коишто Го бараат Бог во Црква и кон духовниците на Црквата, отколку што се тие самите „ловци на луѓе“. Поинаквото мислење за самите себе – е прелест.


Пресвета Богородице, спаси нѐ!

 

Извор:МПЦ-ОА

 

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная