логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

(Обновено)

СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
„Помилуј не, Исусе, сине Давидов!" (Матеј 9: 27)

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака, некои од завист, а некои со цел да Го омаловажуваат и понижуваат. И ете, во една прилика, како што ни сведочи светото Евангелие, кога Исус се движел меѓу народот, по Него тргнале двајца слепи и постојано викале: „Помилуј не, Исусе, сине Давидов!". Во тоа време да се види ваква слика било чест случај, зашто Спасителот постојано бил окружен со мноштво болни, слепи, немоќни, парализирани...
Иако, навидум, овој настан не предизвикува во нас бура од емоции, зашто Спасителот вршел многу поголеми и пославни чуда, сепак, има еден момент кој е многу важен за нас и нашите души, зашто токму во тој момент се содржи целата суштина на денешниот настан. Имено, пред да го изврши чудото на лекување, Спасителот поставува услов кон слепите, за да можат тие га го добијат бараното. Господ Христос им поставил кусо и едноставно прашање: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?". На ова прашање двајцата слепи, без никакво двоумење, веднаш Му одговориле: „Да, Господи!". Тогаш Спасителот се допрел до нивните очи и им рекол: „Нека ви биде според верата ваша" - и тие се исцелиле.
За време на Својата божествена мисија Спасителот Христос направил толку многу чуда, така што светите евангелисти речиси и немале можност да ги запишат сите. Но, ете, тие одлучиле овој денешен евангелски настан да го запишат во своите евангелија и тој да се пренесува од колено на колено. Историските факти ни сведочат дека во Израилот, во тоа време, имало многу слепи луѓе, како резултат на честите и тешки инфекциски заболувања. Но, ете, токму овие двајца слепи се удостоиле да влезат во свештената црковна и евангелска историја. А која е причината за таквото нешто?
Мора да признаеме дека слепотијата е страшна трагедија. Многумина би рекле дека подобро е да бидеш без раце или без нозе, отколку да си без очи. Да се живее во слепотија е премногу тешко. Тое е претежок крст за таквите луѓе, кои се свесни дека немаат можност да ги видат Божјите творби и Божјите убавини. Според сведоштвата на науката, човекот, околу 8о% од сите информации ги добива според очите. Затоа, да се биде лишен од видот, тоа значи да бидеш лишен за 8о% од надворешниот живот. Живеејќи со таков телесен недостаток, овие двајца слепи, свесни за тешката ситуација во која се наоѓаат, но уште посвесни за моќта на Спасителот Христос да го реши нивниот проблем, пристапуваат кај Него со една и единствена молба - да оздрават, при што храбро Го нарекле и „Исусе, сине Давидов". А да го наречеш било кој во тоа време во Галилеја и Палестина „Син Давидов", претставувало вистинска револуција. Потребно било да си вонсериски храбар човек, за да можеш да исповедаш дека некој е „Син Давидов", зашто тие зборови се синоним на зборовите „Месија" и „Спасител". Но, ова е доволен доказ дека нивната вера во Христа, како во вистински Бог и Спасител, била толку многу силна, така што тие, иако слепи, преку сврјата вера сфатиле дека Овој не е обичен човек, туку навистина е Син Божји, Кој има моќ да стави крај на нивните маки.
Уште пред да паднеме на молитва нашиот Спасител ги знае нашите потреби. Ние секој момент знаеме кои се нашите конкретни проблеми во животот, па за нив умееме да произнесеме и по некоја молитва. Но, постојат проблеми и од друг вид, кои ги има секој од нас и кои се многу поопасни од првите. Ако двајцата слепи од еванглескиот расказ ги мачела телесната слепотија, сите нас, кои сме во овој свет храм, не мачи духовната слепотија. Таа слепотија се пројавува преку негледањето на сопствените гревови и негрижата за сопствениот духовен живот.
Сепак, Бог не љуби и иема да не остави во своите страдања, зашто е наш небесен Родител, но наша должност и обврска е постојано да Го бараме во своите молитви. Во Светото Евангелие Господ доволно ни кажал како треба да живееме и да се однесуваме за да добиеме спасение. Друг начин и друг пат до спасението нема. Затоа, слава Му на Бога што е долготрпелив и многумилостив и што постојано ни дава можност да ги исправиме своите постапки и да се покаеме, слава Му на Бога, затоа што Он сите нас подеднакво не љуби, не сожалува и не спасува. Амин!

 пп

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


15.07.20 18    свештеник Јане Илиев

 
    
    

 
    



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2765
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1942
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…