логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Митрополит Струмички Наум:
Сега... сакаш да имаш или да немаш?

(09.10.2021 16:00)


„Зашто секому што има – ќе му се даде и преумножи, а од оној што нема – ќе се одземе и она што го има“ (Матеј 25, 29).

Овие Христови зборови го објаснуваат целото евангелско четиво за талантите. Накратко, оној што има и на кого ќе му се додаде уште и ќе му се преумножи (и духовното, а по потреба и материјалното), е оној што благодари на Бог за сè, без разлика дали тоа што се случува или тоа што го добива во моментот му изгледа добро или лошо; оној што е милостив кон страдалниците и оној што сè свое принесува на Бог – во исполнување на заповедите, за спасение на светот.
Во човекот е вграден голем број таланти, сили, потенцијали и можности, кои му се на располагање да се восоврши „до мера на полната возраст на Христовото совршенство“ (Ефес. 4, 13). Вложувањето труд преку нив да се восоврши е давање на Бог. Давањето е благодарност.
Додека, пак, оној што нема и на кого ќе му се одземе и она што (мисли дека) го има е оној што не благодари на Бог за сè што му се случува, и што живее себично. Тоа се оние што живеат според своите страсти: славољубие, среброљубие и сластољубие. Страстите за власт, пари и телесни наслади се тие коишто прават човекот, нивниот заробеник, сето она што го ужива и поседува да го користи само за свои потреби (самољубие) и сè што ужива и поседува да му изгледа малку. Чувството дека нема и дека сѐ нешто му недостасува е клучно за неблагодарниот човек.
Таква е самата природа на страстите: тие постојано бараат ново и поголемо задоволување, а после секое задоволување оставаат уште поголема потреба и уште поголема празнина. Секако, Господ секому остава време за покајание и потоа сè се одзема, а на крајот и самото време дарувано за покајание (преумување).
            Сепак, Господ сака да нè сочува од гордоста, од високото мислење за самите себеси, дури и ако исполниме тоа што треба: „Па така и вие, кога ќе исполните сè што ви е заповедано, речете: ’Ние сме слуги негодни, оти го извршивме она што бевме должни да го извршиме‘“ (Лука 17, 10).
Господовите зборови се однесуваат само на оние кои евентуално би го исполниле сето она што им е заповедано. Како да се смириме ние кои не го исполнуваме тоа што ни е заповедано? И, ако непотребни слуги се оние кои исполниле, какви ли сме ние кои не сме исполниле? Знаеме што му одговори Господарот на слугата кој не го употреби добиениот од Него талант за да Му послужи соодветно: „Лукав и мрзелив слуго!“ Изгледа дека од „лукав и мрзелив слуга“ има многу пат за да се стигне до „непотребен“.


Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.
Прашање е дали воопшто и можеме да го исполниме тоа што ни е заповедано дури и ако се потрудиме да го исполниме. Ова прашање посебно се однесува на сите оние кои се носители на некој од трите степени на свештенството. Сите ние кои по Божјо допуштање, а не по Божја волја, го носиме свештеничкиот чин што го носиме, и да сакаме нема да можеме да го исполниме она што Господ го очекува од нас. Едноставно, немаме внатрешно духовно покритие за чинот што го носиме. На пример, една сила има словото на просветлениот, друга на оној што само морално и интелектуално се изградува, а сосема друга на оној што воопшто не работи на себе. А да не зборувам за чудотворното слово на обожениот.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 

 Извор: МПЦ-ОА



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3123
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2453
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…