логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

„Во она време, се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бог за сè што чуја и видоа, како што им беше речено. А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му ставија име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.“

За полесно да го сфатиме настанот на обрезанието на Богочовекот Христос (Лука 2, 20–21; 40), најнапред треба да се потсетиме на две работи.

Прво, на зборовите Христови: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам“ (Матеј 5, 17–18).

И второ, сè што Богочовекот во Божјиот Домострој направи, за нас и наше спасение го направи, а не за Самиот Себе; и ни го предаде во Црквата на дар.

Читајќи го денешното евангелие, се потсетив на молитвата која ја изговараме на крајот од Божествената Литургија пред светиот Путир на жртвеникот: „Христе, Боже наш, Ти Самиот си исполнување на Законот и Пророците; Ти си го исполнил сиот спасителен Домострој на Отецот, исполни ги со радост и веселост нашите срца, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин“.

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште не е. Со јазикот на православната теологија овие периоди уште се наречени: Сенка, Икона и Вистина. Што се однесува до нашиот личен (и соборен) духовен живот, овие периоди одговараат на трите нивоа од духовниот развој: чистење на срцето од страстите, просветлување на умот, и обожение на целата личност, и душа и тело.

Токму поради поврзаноста на денешното евангелие, а конкретно на обрезанието со овие три нивоа, би сакал да разјасниме што во Новиот Завет се подразбира под обрезание.

Треба да утврдиме на кое ниво од духовниот развој или пад се наоѓаме, за воопшто да можеме да го восогласиме начинот на нашиот живот со соодветното ниво и на тој начин да си го овозможиме правилниот духовен развој – што би требало да е секојдневна и целодневна наша грижа.

Ако сакаме да видиме каков начин на живот водиме, т.е. дали живееме согласно Стариот или Новиот Завет, треба само да провериме чии критериуми исполнуваме.

Еве што вели Стариот Завет: „На оној кој ќе му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој: прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи. И кој удри човек и умре, да биде умртвен“ (3 Мој. 24, 19–21). Бидејќи денес сме сведоци на прекумерно враќање на злото со зло, при едно мое поранешно обраќање напишав дека би било многу добро кога денешниве луѓе би ги исполнувале барем мерките на Стариот Завет, во овој поглед.

А еве што вели Новиот: „Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот“ (Матеј 5, 39). „Сте слушале дека е кажано – ’љуби го својот ближен и мрази го непријателот‘. А Јас, пак, ви велам: ’љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат‘“ (Матеј 5, 43–44).

Со малку искреност лесно ќе дојдеме до одговорот чии критериуми исполнуваме.

За оној што не сака – а не дека не може – да биде искрен и самокритичен кон себе, важат зборовите на светиот првомаченик Стефан: „Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие“ (Дела 7, 51).

Дообјаснети од светиот апостол Павле, овие зборови значат: „Не е Јудеец оној кој е таков по надворешност, ниту по обрезанието кое е надворешно врз плотта, туку оној кој е внатрешно таков; и она обрезание коешто е во срцето, по Дух, а не по буква: него ќе го пофалуваат не луѓето, а Бог“ (Рим. 2, 28–29).

Секако, постои и уште појасен критериум за тоа на кое духовно ниво се наоѓаме, кој го знаеме од Светите отци, а тоа е – квалитетот на молитвата.

На првиот степен од духовниот развој молитвата може да биде само усна и умна, на вториот степен молитвата може да биде и аскетска умно-срдечна, а на третиот степен молитвата е непрестајна или благодатна умно-срдечна.

Природниот начин на живот го сочинуваат: пројава на благодатта на Крштението од отвореното срце, ум (привлечен од пројавената Божја благодат) симнат молитвено во срцето – во подвиг на плач и покајание, односно преумување, во процес на постојано просветлување и преобразување; онака како што бил создаден Адам, онака како што треба да се родиме одозгора по сериозно подготвено Крштение или како што треба да достигнеме, по правилно духовно раководство, при замонашувањето.

Природниот начин на живот е точно тоа внатрешно обрезание на срцето – по Дух, на кое нѐ поучува и на кое нѐ повикува светиот апостол Павле. Телесното обрезание е надминато, а самото Свето Крштение ќе ни биде на осуда ако останеме само на тоа, ако не ја активираме несоздадената благодат на Крштението од нашето срце, преку православниот духовен живот.

Умот што е отпаднат од општиот подвиг на послушание кон Бог, како и од конкретниот подвиг на послушание кон Бог – преку духовниот отец, отпаднат е и од процесот на исцеление. Таквиот ум не може да напредува во конкретниот исцелителен процес на смирението, собраноста во молитвата и просветлувањето на својата енергија, а заедно со него не се исцелуваат и другите душевни и телесни сили – кои тој всушност би требало да ги контролира во насока на исцеление.

Ако наместо да ги исцелуваме страстите ние со нивното задоволување само ги храниме или потхрануваме, а посебно страста на гордоста, тогаш не може да стане збор за процес на очистување на срцето од страстите во послушание, ниту може да стане збор за тоа дека се наоѓаме на првиот степен од духовниот раст, ниту дека водиме природен начин на живот.

Затоа и Отците, покрај тоа што ја одредиле поделбата на степените од духовниот раст како: очистување, просветлување и обожение, ја класифицирале и како: противприроден, природен и натприроден начин на живот. Во ова разграничување, природниот начин на живот ги опфаќа степенот на очистување на срцето од страстите и степенот на просветлување на умот.

Во противприроден начин на живот, на човек кој себеси се претставува како верник, спаѓаат три болни душевни состојби кои, од помалку тешка до најтешка, модерната психологија и христијанската психотерапија ги степенуваат и означуваат како: религиозна невроза, религиозно растројство на личноста (психопатија и социопатија) и религиозна психоза, односно демонизираност.

Религиозна невроза му се случува на оној што не ги контролира своите мисли и чувства. Религиозно растројство на личноста му се случува на оној што не ги контролира своите зборови и дела – таквиот го карактеризира и голема бесчувствителност; и најчесто таквиот се експонира на социјалните мрежи. Додека, пак, демонизираност му се случува на оној што, свесно или несвесно – мислејќи дека чини Божје дело, ја исполнува токму демонската волја, таквиот го карактеризира и крајна бесчувствителност.

„А Младенецот растеше и крепнеше со духот (во крајна анонимност), исполнувајќи се со премудрост; и благодатта Божја беше врз Него“ (Лука 2, 40). На триесетгодишна возраст – според Законот, ја започна Својата јавна мисија и проповед и на сите нас ни покажа што точно значи да се восогласи начинот на животот и подвигот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, но исто многу важно, ако не и поважно, со официјалното место и улогата што ги имаме во Црквата и општеството и што точно значи обрезание коешто е во срцето, по Дух. Кој има уши да чуе, нека чуе.

Господи Исусе Христе, помилуј нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2080
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2096
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная