логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

TViTer436

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух…Амин
По покана на нашиот свет владика Наум, се наоѓам денеска овде, на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица, за да сослужуваме заедно и да се радуваме на Божјите дарови, благодарение на Неговата Светост Вселенскиот патријарх Вартоломеј, што ни помогна за да можеме да ја отслужиме оваа литургија, да сослужуваме заедно.

Помина Велигден, но денеска исто како да имаме Велигден, бидејќи Господ е Тој што нѐ зближува, ни ја дава таа голема радост, да сме заедно, еден до друг и сите заедно блиску до Бог, чие што тело и крв денеска Го примивме.
Би сакал од оваа место, да му се заблагодарам од сѐ срце на нашиот владика Наум, и на Епископот Стобиски г. Јаков, на сите браќа, и на сите вас, што го посведочивте овој голем чин за Црквата Христова, тоа е црква, црквата е мир, љубов и заедница. Може да зборуваме различни јазици и да имаме различни навики и обичаи, ние сите го зборуваме јазикот на срцето и тој јазик на срцето е Христос.

Mitropolit.Sugli.gr

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент, нашиот владика Наум се има потрудено многу, но пред сè преку неговите молитви е возможна оваа денешна литургија. Клучно е оваа денешно наше присуство на оваа литургија, овие долгогодишни обиди, што започнаа на Света Гора, конечно овие обиди дадоа плод и се остварија. Да биде благословено името Господово.

Денес имате можност да се поклоните на светите мошти на светиот чудотворец Дионисиј Ареопагит, којшто бил првиот ученик на светиот апостол Павле во Атина, бил учен правник каде што и нашиот владика има завршено Правен факултет. Но штом ја слушна проповедта на ап. Павле, веднаш почна да го следи, го следеше и стана верен ученик на ап. Павле и Нашиот Христос.

Записите велат дека бил заедно со апостолите на Успението на Пресвета Богородица. Со оваа и ве поздравувам сите, им благодарам на светите Архијереи и ве благословувам сите, да бидете смирени, да имате мир, да ја имате благодатта и љубовта на Господ Исус Христос во вашите живот и да ни дава Господ такви можности, да ги обединиме сите заедно нашите молитви и да се заблагодариме за сите дарови… На Многаја Лета…

 

https://www.tiveriopol.mk/beseda-na-g-damaskin-mitropolit-na-dodimotiho-orestiada-i-sufli/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3244
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…