логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Fotij.Carigradski.jpg


Беседа прва
За покајанието    

 (дел втори)
изговорена по враќањето од  бања  каде што Златоуст се задржа заради лекување.

И самиот период на покајание го докажува неискажливото Божјо човекољубие. Зашто, може ли четириесет дена да направат нивните со време натрупани гревови да се поништат? Но бидејќи тоа (покајанието) придонесе за спасување на градот, очигледно е како и оттаму  просветлува Божјата промисла.
Така и ние, знаејќи го ова, не треба во ниту еден случај да очајуваме, зашто токму очајот е најсилното оружје, кое што ѓаволот го користи против нас, та ниту кога грешиме не се радува толку, колку кога очајуваме.
Послушај како и самиот Павле, кај оние кои што скренале од правиот пат се плашел од очајувањето повеќе отколку од самиот грев, зашто пишувајќи им на Коринтјаните, вака им говорел: „од секаде се слуша дека кај вас има блудство, и тоа такво блудство за какво не се зборува дури ни при незнабошците“ (1Кор. 5,1). И не рекол „ какво ниту незнабошците не смеат да го прават“, туку „за какво што дури и не се зборува кај нив“. А токму тоа за што тие не сакаат да зборуваат, вие сте се осмелиле да го чините со дела и „вие сте погордеани“. Значи, не им рекол: „тој е погордеан“ , за потоа - откако го посетил оној што згрешил - со здравите да разговара како што прават и лекарите. И тие оставајќи ги немоќните (болните) настрана,  разговараат најмногу со роднините, зашто и тие се криви за надменоста на болниот, затоа што не му забранувале (да го чини она што е штетно за него) и (не) го учеле на подобро, па така вината за гревот им се припишува на сите, за раната подобро да зацели.
Токму така, големо зло е да се греши, а уште поголемо е со гревовите да се гордееш. Зашто, ако високоумието за правдата ја поништува и самата правда, колку ли поголемо тоа ќе биде во гревот и колку ќе ни донесе поголема осуда отколку самиот грев? На тоа Христос мислел кога рекол:  „Така и вие кога ќе извршите сè што ви е заповедано, велите: Ние сме непотребни слуги, зашто сме го направиле она што сме должни да го направиме“. 
А ако е неопходно да се воздржува и оној кој што сè исполнил, колку пак грешникот би требало уште повеќе да плаче и да се вбројува себе си меѓу последните?  Ова Павле го наговестил кога рекол: „ и не плачевте“.
Та што зборуваш ти, друг згрешил, а јас да плачам?

Навистина, одговара тој, затоа што сите ние сме како телесни органи еден со друг тесно приврзани. Кога на телото, ногата ќе  му се повреди, гледаме дека и главата надолу се свиткува иако главта е највозвишена во целото тело, во времето на несреќата таа не води сметка за својата возвишеност. Така и ти да чиниш. Апостол Павле тоа го советува кога говори: „Радувајте се со радосните и плачете со расплаканите“(Рим.12,15).
Од истата причина ги прекорувал Коринтјаните: „А вие уште се гордеете наместо да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној кој што го направил тоа дело“. (1Кор. 5,2).
И не рекол: „место да се потрудите“, туку што?: „место да плачете“.
Тоа е исто како во време на општа болест или зараза што погодила некој град, би рекол:  „ за да се истера оваа неволја од целиот град потребни се молитва, исповед и умиление“.
Согледуваш ли на какви маки  ги стави? Затоа што мислеа дека злото се вгнездило само во оној - едниот (апостол) и нив ги повикува на работа и усрдност со следните зборови:  “Не знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто“ (1. Кор. 5,6). Ова значи дека болеста  кога ќе зафати било кој дел, преоѓа и на другите делови (органи). Затоа како што при општа несреќа се советуваме, така и за тоа треба да сме загрижени.
Немој значи никако да ми кажуваш дека тој - еден згрешил но претстави си си себе си дека неговиот престап како некаква трулеж на крајот ќе се прошири по целото тело. Како, кога куќата гори, оние до кои што таа несреќа сеуште не стигнала, подеднакво како и оние кои веќе ги задесила се трудат и на ситер начини настојуваат да го зауздаат оганот кој се шири , како  пожарот не би стигнал и до нивниот праг, така исто и Апостол Павле ги потсетува Коринтјаните со овие зборови: „Тоа е огнена стихија; да ја предупредиме штетата; па и пред цфрквата ја опфати, да го изгасиме пожарот. Зашто ако не водиш грижа за гревот на ближниот твој, развратот само уште повеќе ќе се  зголеми, зашто тоа е орган кој што припаѓа на телото. Освен тоа - расуди сам - ако ова го занемариш и ако го презреш истото тоа зло  може кога тогаш  да те  снајде и тебе. И така, и ако не сакаш заради ближниот, а ти разбуди се заради себе, спротивстави и се на  заразата., предупреди го трулежот и прекини го мртвилото.
Павле, покрај оваа изрекол и друга заповест поголема од оваа: „оти доволна казна за ова е од мнозинството; затоа ве молам кон него да потврдите љубов“ (2. Кор.2,6 и 8).
Бидејќи значи најпрвин го доведе во незавидна ситуација, и сторил од него општ непријател и бидејќи го изгони од стадото и го отсече од здравото тело, забележи, како настојува пак да го припоји кон телото и да го прсоедини со стадото. Зашто не кажа  едноставно „љубете го“, туку „потврдете ја љубовта спрема него“, покажувајте му тврдо и неразрушливо, огнено, топло и пламено дружељубие и изразувајте му простување заради првата кавга.
Што тоа се случи, кажи ми? Зарем не го предаде на сотоната?
Сум, одговори тој, но не затоа да остане во рацете на сотоната, туку што побргу да се ослободи од неговото мачење.
Но, за што јас говорев?
Погледај, ккао Павле се чува од очајувањето, најпоузданото оружје на сотоната.  Зашто вака рече: „потврдете ја љубовта према него“ и веднаш додава и зошто: „ за да не пропадне од преголема жалост“ (2Кор. 2,7).
Во волчјата челуст, вели тој, се наоѓа овца; значи да го предупредиме тоа и пред да ја изеде и да ни го смачка делот од телото наше, да ја грабнеме. Бродот е во неволја меѓу брановите. Значи, пред да потоне, да се потрудиме да го спасиме. Зашто како што бродот при узбуркано море и кренати бранови потонува, така и душата кога од сите страни ќе ја обземат жалости, ако никој нема да и пружи помош, наскоро - потонува та така жалењето над сторените гревови кое инаку е спасоносно заради својата неумереност, бидува штетно. А забележи  и како тоа внимателно го изговорил. Не рекол; сотоната да не го погуби, туку: „да не бидеме од сотоната повредени“.
Повредата е желба на туѓинците. Затоа Павле. кога сакал да ни опише на како за ѓаволот станал веќе туѓ оној кој со покајание се приклонил до Христовото стадо, рекол: „да не бидеме од сотоната повредени, бидејќи, ако и понатаму го држел нашиот член ќе бил грабнат  и (ѓаволот) од стадото ќе ја грабне овцата иако тој од себе го отфрлил гревот на покајание. А се подисплашил (Апостол Павле) за и овде да не се случим она што демонот некогаш го сторил со Јуда.
А што било тоа со Јуда?
И Јуда се покаја. „Согрешив, рече тој, што крв невина предадов“. А ѓаволот откако ги чул тие зборови дознал дека Јуда се свртил кон подобриот пат и дека оди кон сопственото спасение ,  и се исплашил од неговото поправање. Имаме милосрден Господ зашто над него заплакал кога сакаше да Го предаде и премногу го учеше. Па зарем нема како покајник уште порано да го прими? (Господ ) и  и оние кои што  во покајанието заостануваа кон себе ги привлекуваше, па зарем нема да биде милостив и кон овој кога ќе се покае и ќе го признае својот грев. Заради тоа (Христос) и дошол да биде распнат.
И што демонот сторил со Јуда?
Го доведе во смут, во прекумерна жалост и му го помрачи умот, облетуваше околу него и го доведе до самоубиство. Од овој живот и усрдието го одведе и од покајание го лишил.
А зошто?
Ако останел жив  и тој би се спасил , као тоа што се обистини и на сите оние кои штом Христос го распнаа. Зашто кога Он ги спаси и оние кои што на крст го ставиле, та и на самиот крст, висејќи се молел на Отецот да им го прости нивното злосторство, зарем и издајникот кој шќто би се покајал не би го примил со секое милосрдие. Но, Јуда совладан од прекумерна жалост не можеше ниту да помисли на такво исцелување, а камоли  сèопфатно да го прифати. И така,  прибојувајќи се од слично збиднување Павле ги повика Коринтјаните  од ѓаволската челуст да го извлечат човекот. 
Но зошто тука говорам за Коринтјаните?
Петар и покрај тоа што сите тајни му беа откриени тој три пати се одрече од Христос, но тој грев го изглади со покајание. Павле пак,  гонеше, хулеше и зло чинеше, не само на Рапнатиот, туку и на сите негови следбеници, па сепак  преку покајние постана Апостол! Господ од нас побарува само малку добра волја, за да ни ги прости многубројните гревови.
Ќе ви кажам нешто  и за Евангелскиот расказ, кој говори за ова и самиот се наметнува да го спомнеме.

Беа, напишано е, двајца браќа од кои што едниот откако татковиот имот меѓусебе го поделија, едниот остана дома, а другиот без срам го зеде својот дел и отиде во туѓина.
За да говорам за оваа приказна ме натера зошто со неа можеме да докажеме дека и после крштението за направените гревови можемеда добиеме чпростување, ако внимаваме на она што го правиме. А ова го зборувам не вас да ве принудам на неработење, туку да ве ослобадам од очајанието бидејќи очајот донесува поголема несреќа отколку самата мрзливост. Синот, значи, кој што го напуштил таткото носи во себе образ (лик) на оние  кои што после крштението паднаа.  Дека тој навистина ги преставува оние кои што крштението пропаднаа, гледаме и отаму што се нарекува - синот, зашто без крштение никој не може да се нарече  - син (дека е син) се гледа и по тоа што е во татковата куќа и што го подели татковоиот имот со другиот син а невозможно  е  било кој пред крштението да го наследи  татковото имање. Така , оваа приказна нам ни ја прикажува состојбата на верните и тоа не помалку верно затоа што тој бил брат на оној другиот - чесниот, бидејќи во братството н окој не може дфа биде  воведен без повторно духовно раѓање (т.е.  без крштевање). Овој значи, доаѓајќи до потполно сиромаштво, што рекол?  „Ќе станам и ќе отидам при татка си“ (Лук.15,18). Таткото го пушти и не му бранеше да оди во туѓа земја, за овој од лично искуство да го спознае доброто кое што во татковата куќа го уживаше. Зашто, често се случува, дека кога Бог  не може нас со зборови да не подучи, нè напушта за да нè подучи нашето искуство. Истото Бог им го говореше и на Евреите. Кога не можеше да ги приклони при себе ниту да ги поведе после толку пророчки чпоуки, ги остави за нис сопствено страдање да научат . Секако ќе беше подобро пред стекнатото искуство да имаа доверба, но бидејќи беа непослушни и бидејчи не сакаа да поверуваат на поуките и советите Негови. чувајќи ги да не останат упорни во својата злоба (Бог) им допушти преку сопствените дела да научат како би можел повторно да ги придобие.

А така беше и со овој блуден син, зашто кога и тој замина во туѓина и од самите дела научи колку е големо злото да се отиде од татковиот дом, се вратил назад кај татка си, а таткото пак, без злопаметење, со нежните раце го прегрна. Зошто?
Зашто е татко, а не судија. веднаш потоа следеше гозба и веселба и целиот ден во радост се преобрати.
Што ти говориш? Зарем така злобата се наплатува?
Не злоба, човече! - Туку повторното враќање.
 Не гревот - туку каењето,
не развратноста - туку промената на подобро. што е најубавото од се.

Постариот син негодува заради се ова, но таткото го смирува со зборовите:
„Синко ти си секогаш со мене и сè мое е твое; Но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде“. (Лук. 15, 31-32).
Зашто толку долго време колку што од нас беше одалечен, се бореше со глад и со бесчестие како и со најужасните неволји. Затоа (таткото) му рече: „мртов беше и оживе и изгубен беше и се најде“.
Немој да гледаш  на сегашната негова состојба, туку претстави си ја величината на неговата поранешна несреќа. Ти го гледаш братот свој , а не туѓиот, и тој кај татка си дојде кој што не памети ништо друго од минатото, освен тоа што го наведува на сожалување; љубов и оправдување, а тоа е на својствено на татковството. Не треба значи да набројуваме што тој направил, туку што препатил.
Не споменува, значи, (таткото) за истрошениот имот, туку размислува за испатените безброј страдања.
А со такви и толку, ако не и со повеќе ревност, и пастирот ги бара овците свои!
Тика синот сам се врати, а таму пастирот излезе и пронаоѓајќи ја овцата, ја поведе со себе и повеќе на неа и се радуваше отколку на сите здрави овци. А погледни и како враќаше. Кон стадото ја врати не  не тепајки ја, туку носејчи  на плеќите.
Па кога знаеме дека Бог од оние што се поправаат не се одвраќа туку ги прима како и оние што истрајале во своите добродетели, кога знаеме дека не само што не ги лазнува, туку на нивниот повик сам оди по нив ки повеќе име се радува отколку на оние што се спасеми, тогаш и ние не треба да очајуваме кога сме во грев. Исто така, не смееме додека сме на патот на добродетелите, да бидеме немарни. И кога со восовршуваме во добродетелите треба да се чуваме да не се лизнеме во своето уверување, а при грешките секогаш да с екаеме. Она што го реков на беседата, сега го потврдувам: само на овие два начина се доведува во прашање нашето спасение, кога стоиме и мислиме дека сме надвор од опасност или кога ќе паднеме па се предаваме на очајание.
Токму затоа што  се грижел и за оние кои што стојат, Павле рекол:
„Затоа кој мисли дека стои нека пази да не падне“ (1. Кор. 10,12), како што и за себе рече: Туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно проповедајќи им на другите и сам да станам негоден“ (1 Кор. 9,27).
А дека  оние кои веќе беа паднале ги подигаше и подстрекнуваше на зголемено внимание, посведочи тогаш кога Коринтјаните вака ги ословуваше:  „ Да не би пак, кога ќе дојдам при вас, да ме унизи мојот бог, и да плачам за мнозина, кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамотата што ги направиле“ (2.Кор.12, 21).
Со ова покажа дека оплакувањето не им е толку потребно на оние кои согрешија, колку што им е потребна на оние кои што во гревовите не сакаат да се покајат. А и пророкот кога рече: „ кој ќе падне, не станува ли? кој ке замине не се враќа ли? (Јерем,.8,4) со тоа го говорел исто. Тоа  истото   и Давид го псалмопоел: „Сега кога би го послушале гласот Негов: немојте да ви се скамени срцето ваше како во Мерива“ (Пс.95,7-8).
Затоа, сè додека плачеме, да не очајуваме. Да ја усмериме добрата надеж на нашиот Владика и да си го претставиме морето на Неговото човекољубие. Да го исчистиме нашето зло срце и со сето внимание и сигурност да се зафатиме со добродетел и да се покаеме за гревовите кои сме ги сториле, за кога ќе ги отфрлиме сите гревови со секоја храброст, да можеме,  уште додека сме тука, да пристапиме на Христовиот суд и така да се удостоиме на Небеското Царство. Така и нека биде, сите да ја примиме попатнината на благодатта и човекољубието на нашиот Господ Исус Христос на  кој со Отецот и со Светиот Дух нека им е слава, власт и чест секогаш и во сите векови - амин.


Преведе: Мирјана Даниловска - Мина

 

Друго:

СВ. ЈОВАН ЗЛАТОУСТ-Беседа прва (1)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5857
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6662
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6467
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5652
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная