логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TVITER340

 

Прашањето за основните претпоставки

Официјалниот зборник објавен по повод 30 годишнината од Општата декларација за човекови права наведува:

Корените на оваа загриженост се кријат во хуманистичката традиција на ренесансата; во борбата за самоопределување, независност и еднаквост, кои се одвивале и продолжуваат да се одвиваат во многу делови на светот: во филозофските идеи на мислители како Лок, Французинот Жан Жак Русо, Американецот Томас Џеферсон, Германецот Карл Маркс и Русинот Ленин; како и во содејството на настани како што е потпишувањето на Магна Карта од страна на кралот Џон во Англија во 1215 година, усвојувањето на т.н. документ „Хабеас корпус“ од страна на англискиот парламент во 1679 година, потпишувањето на Декларацијата за независност од страна на 13 северно-американски колонии во 1776 година, усвојувањето на Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од францускиот парламент во 1789 година и објавувањето на Комунистичкиот манифест во 1848 година.

Можат да бидат искажани неколку несогласувања во врска со историската точност на горенаведениот параграф. Пред сè, би било корисно да си спомнеме дека познатата Магна Карта, не е толку победа на признавањето на правата на народот, колку што е успешен обид на лордовите да си ги осигураат своите сопствени права на сметка на кралот. Уште повеќе, иако по принцип се смета дека Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од времето на Француската револуција во 1789 година искажува универзални вистини, сепак длабоко во себе таа ги одразува интересите на буржоаската класа којашто ја создала. Токму тоа е причината поради која правото на приватна сопственост е претставено како неприкосновено; исто така различните клаузули на декларацијата се стремат да им создадат можности на членовите од средната класа да си осигураат високи позиции во општеството. Се разбира, овие сфаќања не значат дека треба да го потценуваме значењето на овој документ за понатамошниот процес на социјална промена.

Коренот од којшто израсна „дрвото“ на човековите права е несомнено постар и покомплексен од документите кои обично се посочувани. Овие корени се поврзани со религиозните верувања и основните сфаќања што се наоѓаат во главните религии. Ако треба да бидеме конкретни, мора да признаеме дека западниот свет неоспорно му должи многу на Евангелието и токму духот на потрагата, вдахновена од античката мисла, допринесе за да никне семето на Евангелието преку Ренесансата. Дури и во оние аспекти кои противречат на христијанските принципи, документите за човекови права сведочат за своето христијанско наследство, што се изразува не само во мисловниот систем и светоглед, оформен со помош на христијанскиот дух, туку исто така и во традицијата на самокритичност и покајание. Со својот акцент врз „свештените права на луѓето и граѓаните“, француската револуција ги формулира своите принципи „во присуство на Врховното Битие и во очекување на Неговиот благослов и Неговата благодат“. Следните декларации се понеутрални и избегнуваат повикување кон надчовечкиот принцип. Подоцна се појавува сфаќањето за човечката автономност и целата структура почнува да се заснова на природните закони. Човечкиот разум е поставен во самата основа, а логиката понекогаш е обоготворувана. Тоа е моментот во кој христијанската мисла се вмешува за првпат, поставувајќи го прашањето дали човековите права се чиста и проста творба на човечкиот разум или својствени за човечката личност.

Зад добро познатите декларации за човекови права се крие една сомнителна идеологија. Погледот кој преовладува е дека луѓето се автономни битија, способни да се развиваат самостојно, ползувајќи ги, пред сè, интелектот и своите внатрешни квалитети. Таа теоретска основа на човековите права е всушност доста упростена, бидејќи се базира на концептот за човечката природа, којашто не ги зема предвид параметрите на човечката мистика.  Тоа е проблем на којшто треба подетално да се задржиме. Но, засега ќе се ограничиме на согледувањето дека трагичните последици на нашата епоха ја покажуваат наивноста на тој обид целото устројство на човековите права да го заснова на обичната логика. Обоготворувањето на човечкиот разум се јавува како замена за верата во Бога. Сепак, не помина долго време и дојде одрекувањето на живиот Бог. Наскоро после тоа започна подемот на тиранијата на апсурдот.

(Продолжува…)

https://bigorski.org.mk/etika/pravoslavieto-i-chovekovite-prava-part2/

 

Дуго:

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3123
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2453
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…