логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


G.Kapsanis.jpg

Архим. Георгиј (Капсанис)- Вистински благодатни искуства

28.10.2012

Кои се благодатните искуства кои еден христијанин може да ги прими, за неговите вера и христијански живот да не бидат нешто умствено и надворешно, туку вистинско духовно присуство на Бога, заедница со Бога, вселување на Бога во кое целиот човек учествува?

Најпрво тоа е внатрешното сознание дека тој преку верата во Бога го наоѓа вистинското значење на својот живот. Тој чувствува дека неговата вера во Христа е вера кој внатрешно го теши, му дава значење на животот и го води,  дека таа е силна светлина која го просветлува. Кога почнува да восприема христијанската вера на овој начин, тој почнува да ја живее благодатта Божја. Бог не е нешто надворешно во однос на верникот.

Друго искуство на благодатта Божја човекот прима кога во своето срце ќе го чуе призивот Божји да се покае за неговите темни и грешни дела, да се врати на христијанскиот живот, да се покае, да појде по Божјиот пат. Додека живеел без  Бога, не можел ништо да разбере. Почнува да се кае: се исповеда пред својот духовник за прв пат во животот. После исповедта чувствува голем мир и радост која дотогаш не ја почувствувал. И тогаш си вели: „Јас сум утешен.“ Оваа утеха е посетата на божествената благодат на душата која се покајала и Бог сака да ја утеши. Солзите на христијанинот кој се кае, кога се моли и бара прошка од Бога или се исповеда, се солзи на покајание. Овие солзи се дар и благодатно искуство.

Колку подлабоко човек се кае и стекнува богољубие и се моли со божествен ерос, толку повеќе покајничките солзи, стануваат солзи на радост, солзи на љубов и божествен ерос. Овие солзи се поголеми од солзите на покајание, и се поголема посета и искуство на благодатта. Пристапуваме да се причестиме со Телото и Крвта Христови, откако сме покајале, исповедале, со пост и духовна подготовка. После светата причест, што  чувствуваме? Длабок мир во нашите души, духовна радост. И ова е посета на божествената благодат и искуство на Бога.

Меѓутоа, постои  поголемо искуство на Бога. Ова искуство е гледање на нетварната светлина. Ова е светлината која Господовите ученици ја видоа на Гората на Преображението. Тие го виделе Христос како свети како Сонцето со небесна и божествена светлина, која не е материјална, создадена светлина како Сонцето и другите создадени светила. Тоа била несоздадена светлина, светлината Божја, светлината на Света Троица. Оние кои се целосно очистени од своите страсти и гревот, и се молат со вистинска и чиста молитва, се удостојуваат за ова големо благодатно искуство да ја видат Божјата светлината во овој живот. Оваа светлина е таа која ќе сјае во вечниот живот. Не само што ја гледаат сега, туку и се видени во оваа светлина. Светите се опкружени со оваа светлина. Ние не ја гледаме, но чистите по срце и светите ја гледаат. Светлиот венец кој се слика околу лицата на светите е светлината на Света Троица која ги просветлила и осветила.

Во житието на св. Василиј Велики читаме дека додека Великиот Василиј се молел, го виделе како светли и целата ќелија била осветлена од несоздадената светлина. Истото го гледаме во житијата на мнозина светци. Според тоа, удостојувањето да се види несоздадената светлина е највисокото искуство на Бога; кое не се дава секому, туку на малкумина, оние кои напреднале во духовниот живот. Според авва Исаак во секоја генерација само еден успева јасно да ја види несоздадената светлина. Сепак, и денес постојат христијани кои се достојни да го имаат ова ретко искуство на Бога.

Исто така треба да се каже дека не секој кој гледа светлина, ја гледа несоздадената светлина. Ѓаволот измамува и им покажува други светлини, демонски или психолошки, за да поверуваат дека тоа е несоздадената светлина, кога не е. Затоа секој христијанин кој ќе чуе нешто, или има одредено искуство, не смее да прифати дека тоа е од Бога, бидејќи може да биде опрелестен од ѓаволот. Сепак, ова мора да го исповеда на својот духовник, кој ќе му каже дали видението е од Бога, или демонска замка. Потребно е многу внимание во вакви случаи.

Одредување на  чисто благодатно искуство

Да ги погледнеме условите кои осигуруваат дали различните искуства се вистински и нелажни. Првиот услов е да сме покајници. Ако не се покаеме за нашите гревови и не се очистиме од своите страсти не можеме да го видиме Бога. Како што Господ вели во Неговите блаженства: „ Блажени се чистите по срце,  оти тие ќе Го видат Бога .“ Колку повеќе еден човек се очистува од своите страсти, се кае и се враќа кон Бога, толку подобро може да го види и почувствува Бога.

Обидите да се прими искуство на Бога, со вештачки начини и методи, како што се прави во хиндуистичките секти, во јогата, се лажни. Овие искуства не се од Бога. Овие искуства се изведени со психолошки начини. Светите отци ни велат: „Дај крв и прими дух.“ Со други зборови, ако не ја дадеш крвта на своето срце со своето покајание, молитва, пост, подвиг, не можеш да ја примиш благодатта на Светиот Дух. Вистинските духовни искуства им се даваат на оние кои заради смирението  не бараат духовни искуства, туку од Бога бараат покајание и спасение. На оние кои се смирени и велат: „Господи, не сум достоен да доживеам посета на твојата благодат и божествена и небесна утеха и духовните задоволства.“ На оние, пак, кои заради гордоста бараат Бог да им даде искуства, Тој нема да им даде вистински и вистинити искуства поради нивната гордост. Значи вториот услов е смирението.

Третиот услов за да се примат вистински духовни искуства е да се биде во Црквата. Не надвор од Црквата, бидејќи вон Црквата ѓаволот ќе нѐ измами. Кога една овца ќе се оддели од стадото, ќе биде распорена од волкот. Во стадото постои сигурност. Христијанинот е сигурен во Црквата. Но, кога ќе ја напушти Црквата, тој е подложен на прелест, преку други луѓе и од демоните. Има примери на мнозина луѓе кои не ја слушале Црквата и во нивната духовна состојба паднале во прелест. И тие верувале дека го гледаат Бога или дека се посетени од Бога, кога всушност нивните искуства биле демонски и погубни за нив.

Исто така, многу помага, да се има чиста и топла молитва. Вистината дека во времето на молитва Бог  дава многу од духовните искуства. Заради ова, оние кои се молат со копнеж, ревност и трпение, ги примаат даровите на Светиот Дух и ја чувствуваат благодатта Божја. Како што знаете, на Света Гора, ние кажуваме молитва, која и вие може да ја кажувате: „Господ Исусе Христе, помилуј ме грешниот.“ Оваа молитва се карактеризира како умствена, срдечна и непрестана, и  кога се кажува со смирение, со копнеж и постојаност, во човековото срце ја носи благодатта Божја.

Следува: Лажни духовни искуства

 Извор:

Доксологија

http://orthodul.wordpress.com/2012/10/28/%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%BC-%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98-%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%81-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%BB%D0%B0/

 

 

 Друго:

Старец Георгиј Капсанис - Зошто многу луѓе не успеваат на патот кон обожението? 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная