логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 




  Spokoj1.jpg

 ШТО ЌЕ НИ КАЖЕТЕ ЗА ВЕРНИЦИТЕ КОИ ДОАЃААТ ВО МАНАСТИРИТЕ

Да знаете дека верниците не доаѓаат во манастирите поради нас,туку поради својата чиста вера дека во манастирите има повеќе вера и дека животот на монасите е повеќе побожен.Јас така мислам:дека Бог не ги држи манастирите поради нас монасите,бидејки сме грешни,туку ги држи поради верата на христољубивите верници.Православниот народ е златен народ!Верниците мирјани се подобри од нас!
Поради тоа имаме голема должност да не ги соблазнуваме во нивната вера и да се жртвуваме за нив.
Светиот апостол Павле вели:

Никој да не го бара своето,и на друго место вели:

Станав роб на сите,та повеќето од нив да ги придобијам(1.Кор.9,19)

А свети Ефрем Сирин вели:
Секое парче откинато од тебе нека биде за корист на ближниот.

Тие душевно имаат корист од нас,од службите,кои се творат по манастирите,од пеењето,од советите на свештениците,од исповедувањето,од благословите,од молитвите,бидејки не ги даваме од себе,туку од она што ни го дава Бог.Ние,пак,монасите душевно имаме корист од нивната чиста вера,од нивната љубов,од нивната искреност,од нивното трпение,смирение и послушание.
Такви се нашите манастири:отворени за сите,а особено за нашите верници од градовите и селата.И,како што знаеме,тие од секогаш биле такви.Та дури и испосниците од шумите и пештерите,примаа верници при своите ќелии,на кои им даваа совети и се молеа за нив,та и до нив стигнуваше парчето леб од нашите добри христијани.

А свети Јован Лествичник вели:

Ако видиш чудеса кај мирјаните,знај дека не поради тебе,туку поради нивната вера се покажани тие чудеса!

СТАРЕЦ КЛЕОПА



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3244
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…