логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(2. Кор. 3, 6)Еднаш прашав еден човек: „Што си ти, борец за Христа или борец за искушувачот? Знаеш ли дека постојат борци за искушувачот?“ Христијанинот не треба да биде фанатик, туку сите луѓе да ги сака. Оној, кој без размислување се расфрла со зборови, макар и да бидат тие точни, чини зло.

Познавав еден благочестив писател, кој на мирјаните секогаш им се обраќаше со многу суров јазик, кој, меѓутоа, толку длабоко продирал, што ги потресувал до срж. Еднаш ми рече: „На еден собир на една госпоѓа ѝ реков вака и вака.“ Но, начинот на кој тој тоа ѝ го рекол, сосема сигурно ја дотолчил. Ја навредил пред сите. „Внимавај“, му реков, „ти на луѓето им фрлаш златни венци со дијаманти, но така како што ги фрлаш, им ги кршиш главите, не само оние чувствителните, туку и тврдите“. Да не фрламе камења на луѓето… во име на христијанството.

Оној, кој разобличува некој грешник пред другите или со страст зборува за некоја личност, него не го поттикнува Светиот Дух, туку… некој друг дух. Етосот на Црквата е љубовта: се разликува суштинското од правното. Црквата на сé гледа со долготрпение и гледа секому да помогне, што и да направил, колку и да е грешен.Кај поединечни побожни христијани гледам некоја чудна логика. Во ред е нивната побожност, добра е нивната склоност кон доброто, но потребно им е и духовно расудување и ширина, за нивната побожност да не ја проследува тесноградост, тврдоглавост (како што народот вели: арбанашки инает).

Основата на сé е духовноста, а од неа произлегува духовното расудување, бидејќи инаку останува на штурото „слово на законот“, а „словото на законот убива“. Оној, кој има смирение, никогаш нема себеси да се поставува за учител на другите; таквиот човек повеќе слуша и кога ќе го прашаат за мислење, одговара смирено. Никогаш нема да рече „јас“, туку „помислата ми вели“ или „Отците велат“, односно, говори како ученик. Оној, кој мисли дека е способен другите да ги исправува, има големо самољубие во себе.– Старче, кога некој од добра склоност започне некое дело и оди во крајност, дали тоа е отсуство на расудување?– Да. Самољубието го поттикнува на такво делување, само што тоа не го сфаќа, бидејќи не се познава себеси, затоа и оди во крајност. Многупати некои од побожност го почнуваат своето делување, но до каде стигнуваат!

Да ги земеме за пример иконоборците и иконопоклониците. И едните и другите оделе во крајности! Иконоборците ги палеле и фрлале иконите… а иконопоклониците ги стругале Христовите икони и тој прав го додавале во светиот Путир за подобра да биде Светата Причест! Затоа Црквата била принудена да ги подигне високо, а кога поминал спорот, ги спуштила ниско, за да имс е поклонуваме и да искажуваме почит спрема изобразените личности.

 Избор од фејсбук страната на: о.Горан Стојчевски

Лето Господово 2016



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5769
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6585
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6369
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5564
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная