логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

 

 02/06/2017   Поуки - совети

Еден од начините на постоење на Црквата, е исповедањето на нејзината вера како специфично знаење кое ја разликува истата од другите постоечките религии. Во контекст на ова тврдење, би го нагласил толкувањето или исповедањето кое го имаа првите заедници на Новиот Завет. Дека во древната Црква постоеше катихетска пракса на крштевање, јасно е прикажано насекаде во Новиот Завет. Во Новиот Завет се зборува за «крштелно учење»(Евр. 6, 2), и«исповедување»(Евр. 3,1. 4,14. 10, 23). Согласно истражувањата на J. Kelly, катихетската пракса се извршуваше во името на Христос. Новите членови на Црквата должни беа да го исповедаат Исус како Христос и Господ (John Andrew Breon, Christian Doctrine as a Means of Christian Spiritual Formation, Ann Harbor 2008, стр. 59). Во Пастирските Посланија на апостолот Павле се нагласува учењето онака како што е прифатено од страна на заедниците (Тит. 1, 13; 1 Тим. 1, 19).

Членовите на Ранохристијанската Црква употребуваа неколку типови на исповедање на верата, прикажани во Светото Писмо. Тие типови сe: еднострано, двострано и тространо исповедање на верата. Сите три типа се сретнуваат во Новиот Завет. Во едностраниот тип на исповедање, се изразува накратко, но сосема јасно, учењето за ликот и делото на Исус како Господ и Бог (Филип. 2,11.  Јвн. 1, 41.  Кол. 2,6.  Дела. 8, 12. 9, 22.  1 Јвн.  4,2, 15. 5: 1, 5.  Рим. 1, 3-4, 10, 9. 1 Кор. 12, 3). Паралелно кон едностраните христолошки фрази – символи, се сретнуваат и двостраните, коишто се однесуваат Отецот и Синот (1. Кор. 1, 3. Еф. 1, 2. 6, 23. 2 Сол. 1, 2. Тит. 1, 4. Гал. 1, 3-5). Тространиот, пак, се однесува на целата Света Тријада. Во тространиот тип на исповедување биднува спомен на лицата на Отецот и Синот и Светиот Дух (Види 2. Кор. 1, 2. 1 Петр. 1, 2 и 1 Сол. 5, 18-19). Од троичниот тип на исповедање е и местото во Евангелието според Матеј 28, 19-20, коешто, пак, го сочинува почетокот на крштелните Символи. Забележуваме дека веќе од 2 век натаму, едностраните, двостраните и тространите символи стануваат повеќебројни, за да ги покријат потребите на локалните Цркви. Имено, зборот «символ» или латински «simbolum», има повеќе значења. Произлегува од глаголот ‘’συμβάλλομαι’’- придонесувам, и означува «придонес». Како што забележува професорот Кармирис, зборот «символ» означува ‘’специфично знаење’’, нешто според кое христијаните се разликуваа од етничкиот народ во конкретното општество во кое живееја или од Јудеите, додека подоцна, истиот се употреби за да го означи исповедувањето на верата од страна на верниците на Црквата. Терминот «символ» првпат го употреби Свети Кипријан (3век) и подоцна Руфин Аквилејски (4 век) (Ιω. Καρμηρη, Τα δογματικά και συμβολικά μνημεῖα της Ορθόδοξου Καθολοικής Εκκλησίας, ‘Αθῆναι 19602, τομ. 1, стр. 34).

Во истражувачките кругови на Западната црква, не ретко се дискутираше за постоењето на еден Символ кој припаѓа на епохата на Новиот Завет. Таа теза, дека апостолите после Педесетница преку Благодатта Божја, знаејќи дека ќе се разделат за да ја рашират проповедта Христова насекаде во светот, го создадоа првото толкување на Црквата и секој од дванаесетте апостоли го даде својот личен придонес во формулирањето на верата, беше прифатено од страна на теолозите на Запад сè до 15 век. Според таа теза, дванаесетте апостоли го составија првото изложување на верата, наречено на Запад уште како ‘’Апостолски символ’’ или ‘’Simbolum apostolorum’’. Апостолите разбраа, вели Руфин, дека постојат Евреи кои тврдат оти се апостоли Христови, па затоа е многу важно христијаните да имаат некаков «символ». Но, никој од Светите Отци во своите списи пред 325 година, не го наведе овој Символ во облик во кој постои денес и веројатно ниту пак, неговото потекло е автентично-преданиско, каков што е наведен во изложувањето на Символот, од страна на Руфин. (James Dean, The Creeds of Denominations, New Orleans 2005, стр. 5). Постоењето на еден ваков Символ остана непознато помеѓу теолозите на Источната Црква. Дека е тоа така, ни сведочат случките на Соборот во Ферара (1438), каде што Православните Отци не препознаваат таков Символ. Да постоеше таков Символ, нагласија Отците на Соборот, сигурно би бил наведен од Апостолот Лука во Делата Апостолски.

До средината на 2 век и не може да се говори реално за постоење на Символи како еден целосен, развиен катихетски систем на Црквата. До овој период и да постои нешто кое личи на Символ, тоа се некои кратки исповедувања: «Христос е Бог» или «Христос е Син Божји». Најстарите крштелни – литургиски Символи припаѓаат на 2 и 3 век, и тоа: символот наведен од страна на Свети Иполит Римски во списот ‘’Апостолско предание’’, символот во употреба во 3 век од Римската Црква, и  символот сочуван во папирусот ‘’Der Balyzeh’’. Во папирусот ‘’Der Balyzeh’’, којшто е откриен во 1907 година во Горен Египет, од страна на Flienders Petrie и Grum, а публикуван во 1949 година, се сретнуваат одломки на некои литургиски молитви, но и Символ. Овој Символ, кој доколку внимателно го анализираме, ќе забележиме дека е троичен во својата суштина, е всушност крштелниот Символ на Александриската Црква. Символот е пронајден исповедувачки по форма, и е изговорен од непозната личност, штотуку крстена. Самиот Символ содржи неколку египетски паралели и е постар од останатите работи пронајдени во папирусот. Трите предмалку наведени Символи се сметаат за основа на сите подоцнежни троични Символи. Токму од последните два Символа, Александрискиот (пронајден во списот Der Balyzeh) и од Римскиот символ, секоја локална Црква ја добива идејата за воведување на свој Символ (Κωνσταντίνου Β. Σκουτέρη, Ίστορία Δογμάτων Α´, стр. 508).

Но, неизбежно се наметнува прашањето: Што всушност претставуваат првите Символи на Црковните заедници? Тие се крштелни исповедања или христолошки фрази, врзани со литургиската пракса на секоја локална Црква за подготовка, воглавно на оние кои треба да се крштеваат, што значи дека првите Символи се крштелни и имаат локален карактер. Поцелосна слика за тоа како се извршувало крштевањето во Древната Црква, добиваме од праксата на крштевање во 4 век во Ерусалим, сочувана во Катихезите на Свети Кирил Ерусалимски, напишани во 348 година. Генерално, во исповедувањата или Символите на членовите на Древната Црква, царува Христолошкиот елемент, од што заклучуваме дека автентичниот дух на Првата Црква е Христолошкиот. Свеста за Христос на првите членови на Црквата е сè уште свежа. Христолошката структура, која ја сретнуваме во подоцнежните Символи е сочувана во делата на Свети Игнатиј Антиохиски. Во списите на Свети Игнатиј постојат символички типови кои се фразеолошки идентични со толкувањата за Христос кои ги читаме во подоцнежните Символи на локалните Цркви и конечно во Никео–Цариградскиот символ. Ова укажува на тоа дека членовите на Црквата ја преземале структурата или костурот на исповедање конкретно во лицето на Христос, според начинот на кој е тој прикажана кај Свети Игнатиј Антиохиски.

Веќе со Никејскиот Символ ,,се забележува еволуција во однос на останатите Символи од 4 век. Со аријанскиот конфликт, обликот на Символите како независни од литургиската пракса на Црковната заедница е нешто кое ќе го искарактеризира 4-от век. Почетокот на едни вакви Символи, кои не се врзани со крштелната пракса на Локалната Црква, го лоцираме на Првиот Вселенски Собор, кога Свети Александар Александриски му возврати на Ариј со еден Символ, коментари и објаснувања. Ваквиот заклучок го носиме читајќи го посланието на Евсевиј Кесариски, кое го испраќа до својата епископија, во кое тој ги брани своите позиции кои ги завземал за време на Првиот Вселенски Собор (325) (PG 20, 1536 D – 1544C «’Επιστολή πρός τούς τῆς παροικοίας αὐτού»).

М-р Борче Грамбозов, асистент на Православниот богословски факултет во Скопје,
и докторант на Аристотеловиот Универзитет во Солун.

(04.06.2017)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5760
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6577
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5557
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная