логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TViTer235

Многумина зборуваат за својот патриотизам и љубовта спрема татковината, но татковината, пред сè, се луѓето. Татковината не е само минато, туку е и сегашноста и иднината. Оние родители кои ги убиваат децата, ја убиваат иднината на својата татковина. Тие вршат геноцид против сопствениот народ.

Развратот, распаѓањето на семејството и сè поголемиот број на абортуси, се процеси што заемно се поврзани. Во последно време се отворени многу храмови, обновени се старите, се градат и многу нови, а бројот на верници пораснува. Но, во исто време, статистичката линија на абортусот никако не паѓа.

Со што да се објасни ваквиот парадокс? Изгледа дека бројот на активни цркви и бројот на верниците, кои ги посетуваат богослужбите, се некаква надворешна одредница за духовноста на народот; може да се каже, дека се некакви видливи ориентири. Но, темниот свет на злото не отстапил од борбата со христијанството, а доколку и отстапил, тоа е заради тоа за да заземе нови стратегиски позиции.

Црквата – тоа е духовна средина каде човечката душа стапува и општи со Бога. Без тоа, храмовите, колку и да ги има, остануваат надгробни споменици на гробиштата на духовноста. Се отвораат храмови, но паралелно на тоа, уште поинтензивно се отвораат и места кои се затруени со секс и порнографија. Се издава религиозна литература, но истовремено, во многу поголем број се издава и развратна порнографска литература, филмови, видеофилмови и други духовни отрови, кои подлабоко, многу повеќе од наркоманијата го труе современото општество, ги претвора децата во старци што ги искусиле сите видови на разврат, а старците, кои заборавиле на годините, ги прави слични на развратни јунци.

Луѓето живеат во атмосфера на цинизам и дрзок разврат, а целомудрието и срамот ги сметаат за темен остаток од минатото, за некаков атавизам. Овој разврат нè гледа од излогот на продавниците, од рекламите, од страниците на весниците. Луѓето потонати во пороци, стојат во храмот како мртовци. Микробот на развратот е најстрашниот микроб; потребни се многу години на покајание и борба за да се избавиме и очистиме од таа зараза, и да станеме способни за богопштење. Затоа храмот, во тоа море на кал, на расипани чувства, на цинизам и на суптилно див разврат, само за некои останува лечилиште, а за повеќето мртовечница, каде грешните луѓе, што не му објавиле борба на развратот, личат на распаднати трупови.

Сатаната знаел што прави: разградувајќи го внатрешниот храм на човечките души и лишувајќи го човекот од покајание, повеќе не се плаши од тие исти храмови пред кои претходно толку многу треперел. Ние личиме на луѓе за кои се гради болница, а во исто време во околината има десет атомски реактори што го испуштаат своето смртоносно зрачење. Добиваш смртоносна доза на радијација, па потоа ти оди и лекувај се. Развратната душа, без долго и искрено покајание, не може да ја добие благодатта на Светиот Дух; таа е неспособна за самоодрекувачки духовен труд; таа стигнува до точка на вриење.

Архимандрит Рафаил Карелин

 

 Maj 2022 лето Господово

 

https://www.tiveriopol.mk/genocid-protiv-sopstveniot-narod/?fbclid=IwAR2UWcHcQqcOy6OgqsylJGi7Ju_NFHPKyzdusH643MT1Wyk1Jo6Lt3SAP-c

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2984
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2829
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…