логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER112

БОГ НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ

BOGORODICA.KP1
                При секоја тешкотија и искушение во животот бараме виновник. Секогаш постои некој кој е виновен за секоја мака која што се случува во нашите животи. Но, зошто кога сè оди добро, не прашуваме кој е причината за доброто во нашите животи? Никогаш не го поставуваме тоа прашање. Во тешкотиите пак, бараме виновници и вообичаено другите се виновни: Господ, ѓаволот, моите родители, пријателите, мојот сопруг, мојата сопруга, моите деца, моите соседи, моите соработници и мојот шеф. Понекогаш и јас сум виновен. Иако позади сето ова криминализирање на секого за злото кое се случува во нашите животи, ние всушност извикуваме една вистина без зборови: „Ме измори моето јас!“. Едноставно другите ги правиме огледала за да го кажеме тоа кое реално го чувствуваме за себеси. Преку другите го излеваме гневот што го чувствуваме кон себеси.

HRISTOS.slepiot.golekuva


             Христос стои пред еден човек кој е роден слеп. Учениците и народот збунето го гледаат овој измачен човек и си го поставуваат прашањето: „Кој згрешил, тој или неговите родители, што се родил слеп?“ (Јован 9:2). Кој Господи е виновен? Кој е виновен што овој човек се родил слеп? И го добиваат Христовиот одговор: „Никој“, тоа стана за да се јави Божјата слава.

HRISTOS.slepiot.golekuva1


             Престанете, им вели Христос, да барате виновници, погледнете подалеку од биполарната „вина - невиност“, надвор од играта на вашиот ум „добро - лошо“, „добар - грешен“. Има толкувања и објаснувања кои го надминуват вашиот ум. Тие не се вклопуваат во вашата етика и логика. Зошто да не ги прифатите? Вашиот ум не може да објасни сè. Може да направи многу, но не се. Има работи кои учествуваат во еден подлабок Божји план кој вие не можете да го протолкувате. Таму нема добри и лоши, виновни и невини, крадци и полицајци. Го нема лошото дете кое треба да биде казнето.
            Таму постои нешто подлабоко, кое, иако изгледа неразбирливо, е апсолутно хармонично и смислено. Довери се на Бога, чекај со трпение и молитва, остави се и ќе почувствуваш, поверувај и со срцето ќе го видиш она што твојот ум не може да го поднесе.
Пред извесно време во Солун запознав две слепи жени. Дојдоа на едно од моите предавања. На крајот чекаа да ме поздрават. Никогаш не сум видел посветли лица, исполнети со светлина и радост. Се зачудив: што да им кажам? Не морав ништо да кажам. Едната се наведна до увото и ми шепна: „Не се вознемирувај, оче. Од денот кога го изгубив видот, го видов Христос. Ослепувањето, оче, беше најголемиот благослов во мојот живот. Господ никогаш не греши, оче мој…“.
             Вечерта во молитвата поразен изговорив: „Кој знае или може да ги објасни Твоите планови, Боже? Кој може да одговори на Твоите непознати одлуки? Ти си парадоксален Бог, Бог на изненадувања, Бог полн со пресврти. Целиот си едно чудо. Господи, слава Ти!".


        Отец Харалампиј Пападопулос

       За Преминпортал Симеон Стефковски

9ти јуни 2024 лето Господово

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная