логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

SOBOR.svet.bogovdahnoven

               Кој Собор е боговдахновен, а кој разбојнички? Зошто најголемите светители биле расчинети од страна на соборот епископски, и пак продолжувале да служат, без да го признаваат тоа „расчинување“?

Свети Јован Златоуст бил расчинет, и така се упокоил, но и после тоа „расчинување“ тој служел литургија и си ги вршел пастирските дејности. Исто било и со свети Атанасиј, кој бил расчинет и прогонет во Рим, каде што бил примен како епископ и кој своето духовно искуство го пренел во монаштвото на Запад. Свети Кирил бил расчинет во Ерусалим на собор во 357 година, но бил примен кај епископот во Тарс и продолжил со своите литургиски и пастирски дејности. Свети Григориј Палама бил расчинет на соборот во 1344 година, од страна на Цариградскиот патријарх Јован Калека, но не го признавал тоа беззаконие, дело на неукост и безблагодатен живот. Свети Арсениј Пароски, познатиот „коливар“, заедно со цела група негови истомисленици биле протерани од Света Гора како еретици, и во 1776 тој бил расчинет, но и покрај тоа, до крајот на животот служел Литургија, и денес црквата го слави неговиот свет спомен, а не на неговите прогонители и расчинители. Свети Нектариј Егински бил исто така наклеветен и протеран од неговата епархија од страна на соборот на епископите, а денес тој е најславен светител низ цел свет и голем чудотворец, но не и неговите прогонители. Преподобен Арсениј Бока (Романија) бил расчинет од безбожните и плашливи епископи, а годинава се подготвува негова канонизација. Што го прави соборот боговдахновен, а што разбојнички, најдобро објаснува најголемиот богослов на Светата Црква, протоерејот Јован Романидис:

Отците беа боговдахновени не само во текот на некој собор, туку и пред и по него. Соборот не ги прави отците, туку тој е сочинет од отци. Затоа е боговдахновен. Соборот, кој не е сочинет од боговдахновени, не може да биде вдахновен. Така се објаснува разликата меѓу Православните и неправославните собори.

Клуч за точно разбирање на оваа разлика како и на боговдахновеноста на отците се состојбите на просветленост и обожение, чија претпоставка е молитвата и благодатта на Светиот Дух во срцето. Тоа е суштината на спорот меѓу Палама и Варлаам во текстовите…

Разликата на видот на умствена молитва во срцето е темел на еклисиологијата од Светото Писмо и на отците. Член на телото Христово и храм на Утешителниот Дух е оној кој стигнал до просветление и чекори кон обожение.

Обожението е боговидение на оние кои го гледаат во несоздадената слава на Света Троица воскреснатиот Христос (на пр. 1.Кор. 15,5-8). Во текот на обожението престанува во нив непрестајната молитва и се враќа со завршувањето на боговидението. Значи во овој живот ова обожение не е само состојба надвор од случајот со Христос, кој ја има по природа.
Различните нивоа на просветление почнуваат од „туѓи јазици“ (1.Кор. 12,28), и доаѓаат до нивото на учител (истото место). Апостолот Павле ни дава поширок опис на видовите непрестајна умствена молитва (Ефес. 5,18-20). Ги разликува молитвите и псалмите кои настануваат со Духот од оние, кои настануваат со умот (1.Кор. 14,15). Во ова разликување се должи разликата меѓу богослужението кое настанува во срцето и она, која настанува со разумот.

Во тие рамки се сфаќа пребројувањето на членовите на Црквата според редоследот на апостолот Павле. Се разбира, нагласува дека Бог го поставува секого во Црквата. Почнува со апостоли, пророци, кои стигнале до обожение, и завршува со оние кои имаат „туѓи јазици“ (1.Кор. 12,28). Овие нивоа се последица од крштението на Духот, кое се разликува од крштението со вода, како што се гледа, до денес од службите на крштевањето и на миропомазанието. Оние кои влегуваат во она набројување го сочинуваат царското свештение. Простите луѓе (1.Кор. 14,16), кои се лаици и немаат крштение на Духот не се вбројуваат од Павле меѓу членовите, кои ги постави Бог во Црквата.

Остана да се нарекува прв пророк на парохијата епископот и останатите презвитери, додека на почетокот беше вообичаено сите да се нарекуваат презвитери. Забележете дека Црквата во Коринт имаше барем пет пророци (1.Кор. 14,29). Не го интересираат Павле толку имињата епископ или презвитер, штом, како пророци, ги смета заедно со апостолите, како темели на Црквата (Ефес. 2,20). Нивното ракополагање, како во случајот со апостолите, беше директно од Христа преку обожението (Ефес. 3,5) и во продолжение преку признавањето на ова обожение од другите обожени. Црквата имаше како паралелно дело да ја штити државата од псевдолекарите, т.е. од еретиците. Помесните и Вселенските собори се грижеа токму за тоа. Во записниците на Вселенските собори ја наоѓаме фразата: „Се најде за добро на Светиот Дух и нам“. Тоа го велеа оние кои се наоѓаа на овие Собори, бидејќи, поседуваа умствена молитва, преку која добиваа информации за вистината на одлуките кои ги донесуваа.

Но, денес, кога се изретчи умствената молитва кај епископите, ако се собере Соборот од епископите и на почетокот сите ако станат и повикаат заедно: „Цару небесен, Утешителу Духу на вистината, Кој си насекаде и сѐ исполнуваш…“, ќе дојде ли задолжително Светиот Дух за да ги просветли? Бидејќи, значи, тие се канонски епископи и се собираат на Собор и се молат? Но, Светиот Дух не дејствува така. Значи, само под овие претпоставки. Потребни се и други. Потребно е оној кој се моли веќе да ја има умствената молитва која дејствува во него, кога се моли на Соборот, за да го просветли благодатта Божја. На лажните собори насобраните ја немаа оваа молитвена состојба.

Но, старите епископи имаа такво духовно искуство и, кога се собираа како Тело, знаеја што ги известува Духот Свет во срцето за одредена тема. И, кога донесуваа одлуки, знаеја дека тие одлуки се правилни. Бидејќи се наоѓаа во состојба на просветление, додека одредени од нив беа стасале и до прославување, т.е. до обожение.

Некогаш гледаме дека во древната Црква владееше благодатниот елемент (т.е. владееја членовите кои имаа дарови на Светиот Дух), додека институционалните елементи, т.е. типичните црковни и административни квалификации следеа потоа. Тоа е јасно и во Новиот Завет и во древната Црква и кај великите отци на Вселенските соборо, од Првиот Вселенски (4 век) сѐ до Деветтиот Вселенски собор, кој се случи во времето на свети Григориј Палама (14 век).

 

 

https://crkvaveles.mk/%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d1%81%d0%be%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82-%d0%b8-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%b4%d0%b0%d1%85%d0%bd%d0%be/?fbclid=IwY2xjawLOUNJleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFYQmFvQmpyMXpQbVE1TndoAR4_ygZ0VIB4lLNSdiEOv8YGKou8YqxfzCf8TCFOSncP9mOaPZX5Od2RaqPxtA_aem_iv5AbL9i0IMZOr_PLKEJCQ

 

 ======

======

 https://svetosavlje.org/kako-izleciti-bolesti-duse/

КАКО ИЗЛЕЧИТИ БОЛЕСТИ ДУШЕ?
 
Исцељење слепорођеног
 

ШТА ЈЕ НАРОЧИТО ВАЖНО НА ПОЧЕТКУ ДУХОВНОГ ЖИВОТА?
ГДЕ И КАКО СЕ НАУЧИТИ СВЕТОМ ПОКАЈАЊУ?
ДА ЛИ СЕ ДУША БРЗО ИСЦЕЉУЈЕ?
КАКВЕ СУ ОСОБЕНОСТИ НАШЕГ ВРЕМЕНА?
ТРЕБА ЛИ „РЕВНОСНИ“ ХРИШЋАНИ ДА СЕ БОЈЕ ПАКЛА?
САМОУНИЖУЈУЋЕ СМИРЕЊЕ НЕОДВОЈИВО ЈЕ ОД УНУТАРЊЕГ МИРА
КАКО ДЕМОНИ, ПРЕДЛАЖУЋИ ОНО ШТО ЈЕ НАИЗГЛЕД ДОБРО,
МОГУ ДА НАС УЛОВЕ У СВОЈЕ МРЕЖЕ?
КАКО СЕ ЈЕВАНЂЕЛСКО ДОБРО РАЗЛИКУЈЕ ОД ЉУДСКОГ ДОБРА?
КАДА НАША РЕВНОСТ ЗА ХРИШЋАНСКЕ ПОДВИГЕ
НИЈЕ УГОДНА БОГУ?
КАКО ЈЕ СПОЉАШЊЕ ХРИШЋАНСКО ДЕЛАЊЕ
ПОВЕЗАНО СА УНУТАРЊИМ?
КАКО ЧОВЕК ПОНЕКАД ОБМАЊУЈЕ СЕБЕ,
МИСЛЕЋИ ДА ИМА ЉУБАВ ПРЕМА БЛИЖЊЕМ?
КАКО ДУШЕВНА И ТЕЛЕСНА ЛАЖ-РЕВНОСТ СПОЉА МОЖЕ ДА ИЗГЛЕДА КАО СВЕТА И ПОБОЖНА РЕВНОСТ?
ДА ЛИ ЈЕ ЗА ХРИШЋАНИНА-ПОЧЕТНИКА КОРИСНО
ДА БЛИЖЊЕ УЧИ ДЕЛИМА ВЕРЕ?
ДА ЛИ ЈЕ ЗА ХРИШЋАНИНА-ПОЧЕТНИКА КОРИСНО
ДА РАЗМИШЉА О УЗВИШЕНИМ ДУХОВНИМ СТВАРИМА?
КАДА ПОСЛУШАЊЕ НИЈЕ УГОДНО БОГУ?
КАКВЕ СЕ ПРЕЛЕСТИ ДЕШАВАЈУ ПРИЛИКОМ НЕПРАВИЛНОГ УПРАЖЊАВАЊА МОЛИТВЕ?
КОЈИ СУ РАЗЛОЗИ ЗА СУЗЕ И КАДА СУ ОНИ ИСПРАВНИ?
ШТА ЗНАЧИ „ТРУДИТИ СЕ НЕРАЗУМНО“?
КАКО СМИРЕЊЕ МОЖЕ БИТИ ЛАЖНО?
КАКО ЧОВЕК ДА НАУЧИ ДА РАСПОЗНАЈЕ
СПЛЕТКЕ И ЗАМКЕ ЛУКАВИХ ДУХОВА?
ЗАКЉУЧАК

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2080
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2096
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная