логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитвеното сострадание прави чуда

 TVITer83


Љубовта не го стасува современиот човек. Тој сето време ја бара и сожалувајќи се, си спомнува за овие зборови од Писмото: „…и заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина“ (Мт. 24,12). Но, душата која верува знае дека таа самата е одговорна за љубовта, и дека нејзината природна и постојана учителка, не е ништо друго, туку молитвата. Кога едно срце во молитвено сострадание се допира до друго, во двете срца слегува Божјата благодат, која твори чудеса.


Молитвата е показател за љубов. Ако човек никогаш не се молел за никого, значи дека тој никого не љуби. И нему му е тешко да ја разбере длабоката смисла на зборовите на преподобен Силуан Атонски : „Да се молиш за сите луѓе е исто како да пролеваш крв“.
Неопходно е да се учиме на љубов во молитвата. И поради тоа да се запрашаме: често ли ние се молиме за луѓето, а ако се молиме, усрдно ли го правиме тоа? Боли ли нашето срце за некој друг, освен за нас и нашето семејство?


Од молитвата за ближниот најчесто нѐ оттргнува јавниот грев на човекот, навредите, кои ни се нам причинети, како и резултатот од тоа – повреденото самољубие. Но, зошто? Па, и на човек, кој паднал во грев, потребно му е сострадание, и навредата бара молитвено исцелување. Кое било очигледно зло на светот, не треба да нѐ плаши и турка во бегство. Напротив, на христијанинот му прилега молитвено да бдее, како што за тоа говори и апостол Павле: „А Мојот праведник ќе живее од верата, ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него“ (Евр. 10, 38). Солзите исплакани во сострадателна молитва за некој човек, Бог ги чита со поголема грижливост, од онаа со која нуркачот го подига бисерот од дното на морето. Така блажена Ксенија, толку го љубела мажот ѝ што после неговата ненадејна смрт сиот живот го поминала молејќи се за него. А молитвата ја претворила Ксенија од молебница за еден близок човек во закрилница за стотици илјади луѓе.


Верата, доколку е жива, а не механична и магично-егоистична, ќе го води човекот во молитвена состојба. И тоа одвреме-навреме, повеќе за другите отколку за себе.


Во секој храм, одвреме-навреме гледаме вљубени. Се држат за раце, влегуваат во црквата, која им била по патот, и шепотејќи си палат свеќи. Можеби мечтаат за тоа како ќе се венчаат… Токму сега добро би било да почнат да се молат еден за друг. Тоа ќе биде првиот чекор на патот кон бесценетата длабочина на единството и внатрешното созвучје. За да се достигне ова, во бракот потребно да се молиме секогаш: во добросостојба, во сиромаштија, во здравје, во немоќ, во моментите на искушенија и грев, во деновите кога се бдее над колепката на првороденото…

Со молитвата треба да се преминат сите соблазни и да се излечат сите рани. Потребно ќе биде и во Царството Небесно да влеземе никако поинаку туку со молитвата.

BogorodicaSecarica

Сепак, во тоа царство на Љубовта, Светиот Дух продолжува да раѓа во луѓето молитва и „посредува за нас со неискажливи воздишки“ (Рим. 8,26).


Протојереј Андреј Ткачев



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2805
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2765
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Најново од духовност

Православен календар

24/08/2026 - понеделник

Преображенски и Богородичен пост (строг пост)

Св. маченик Евпл; Св. маченичка и девица Сузана и другите со неа; Св. Нифонт, патријарх Цариградски; Преп. Василиј и Теодор Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная