логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Man.slepce.sv.Bogos.jpg

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа: ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: katerinaserafimova@yahoo.com


 

 

Патот на христијанинот
Арх. Рафаил Карелин


За гревот на лагата и лицемерието


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Браќа и сестри, денес Црквата го празнува сеќавањето на свештеномаченикот Антим, епископ Никомидиски . За време на едно од гонењата на христијаните епископ Антим по молба на својата паства се оддалечил од градот и живеел, непознат за сите, во село, како прост селанец. Римската власт го барала епископот за да го предаде на суд и погубување. Одред војници влегол во селото, каде што се криел Антим, и, среќавајќи го токму него, војниците го прашале дали знае каде се крие Никомидискиот епископ. Антим им одговорил дека знае и дека ќе им каже, но ги замолил, уморни од патот, да наминат во неговата колиба и да се одморат. Војниците се согласиле. Антим ја поставил на маса скромната трпеза, с# што имал, и почнал со радост да ги гости “гостите” и да им служи. После трпезата тој рекол: “Јас сум Антим. Фатете ме!” Војниците биле трогнати од гостопримството на старецот. Договарајќи се меѓу себе, тие рекле: “Антим, ќе се вратиме назад и ќе кажеме дека не те најдовме, а ти за тоа време, скриј се оттука”. Но епископот одговорил: “Сиот живот ги учев луѓето на вистина и сега ли, на старост, треба да ве вовлекувам во грев? Секоја лага е - страшен грев, уште повеќе лагата пред својот император. Затоа исполнете го својот долг”. Војниците го повеле Антима во Никомидија. По патот тој ги учел на верата. Примерот на старецот и неговите зборови толку им ги трогнало срцата на војниците, што тие го замолиле да ги крсти и кога дошле до една река, што им се нашла на патот, примиле крштение од старецот.
Браќа и сестри! Ако се прашаме себеси кој е денес најраспространетиот грев, страшна рана, епидемија, што го зафатила целиот свет, одговорот ќе биде: лага и лицемерие. Како што разлиената вода за време на потоп ја прекрива земјата, проникнува во секоја нејзина пукнатинка и ја исполнува со себе секоја длабнатинка и бразда и постепено ја претвора земјата во кал, во блато, мочвара, што го голта човека, така и лагата и лицемерието го исполниле нашиот живот. Тоа е грев кој станал обичен во нашата секојдневност: грев во кој ние сме речиси целоно потопени; грев кој престанавме да го гледаме, смрдеа која веќе престанавме да ја чувствуваме. А многумина дури ја сметаат лагата за духовна мудрост. Браќа и сестри, велат дека е полесно човек да се спаси од оган отколку од вода: огнот може да се изгасне, може да се скокне од зградата што гори, но кога се разлеваат реки, каде да бега човек? А лагата и лицемерието во наше време се слични на потоци нечистотија што се разлиле по цела земја. Ако внимателно се следиме себеси макар еден ден, ќе видиме колку лага и лицемерие сме покажале во тој еден ден.
Порано зборовите “артист” и “актер” звучеа како укор. А денес велат “артист” кога сакаат да пофалат некој човек, да го покажат мајстор на своето дело. А тоа е така затоа што и самите се претворивме во артисти на лагата и лицемерието, самите се навикнавме да носиме на своето лице маска. Еве, на пример: се сретнува човек со своите претпоставени, и што станува? На неговото лице се појавува некоја понизна насмевка, некој израз на восхит. Но, само што ќе се размине со својот началник, истиот тој човек ќе каже некоја гадост или ќе каже валкана сплетка. А ако се сретнува со луѓе кои му се потчинети, тогаш лицето ќе му земе изглед на непристапен, како на некој кој ги поседува сите добродетели, како да станал натчовек. Ако ни е потребен некој човек, како се однесуваме кон него? Го гледаме љубезно, се додворуваме, се распрашуваме за неговиот живот, се известуваме кога е неговиот роденден итн. Сретнуваме човек кој сака да н# замоли нешто и ние се трудиме да поминеме, ако може да протрчаме покрај него, а кога тоа нема да ни се даде, гледаме на тој човек како на непријател. Значи, браќа и сестри, на лицето вечно како да имаме некоја маска. Зошто така? Затоа што сме заборавиле дека човекот е - образ и подобие Божјо, ја изгубивме почитта кон човекот, гледаме на нашиот ближен како на прост предмет. И затоа такво отуѓување владее меѓу луѓето, меѓу своите блиски роднини. Бичот на нашето време, како некоја страшна болест - тоа е студенилото на човек кон човека, тоа е отуѓување на луѓето еден од друг. Човек како да се бори против сите, и сите - против него; и како што на војна на сите им се потребни лукавост и маскирање така и во нашиот живот - непрестајни се лагата и лицемерието. Браќа и сестри, таа лага го суши човечкото срце, постепено го превратува во камен, го прави неспособно за духовно. И ние го носиме срцето во градите како труп во гроб. Тоа срце, кое не може никого да љуби. 
Заборавивме да ја зборуваме вистината и, најстрашно, - дури и не го забележуваме тоа. И ако некого од нас наречат плашливец, фарисеј, лицемер, се навредуваме и не разбираме во што е работата. Браќа и сестри, за тоа човек да стане вистински верен, треба да се научи да ја кажува вистината. Како што човек после парализа со труд, со болка го прави секое движење, секој чекор, така и ние, како после духовна парализа, нужно со болка, со страдание, со принуда се учиме да ја кажуваме вистината. Зборот го разликува човекот од сите останати живи суштества на земјата. Кај Светите Отци човекот често се нарекува “словесно суштество”. Со збор тој општи со Бога, во неговиот збор има големо достинство и предност пред другите суштества. А излегува така дека животното стои повисоко од човекот затоа што не лаже, а ние лажеме. Господ ни дал збор - ние сме го искривиле. Господ ни го дал зборот за молитва, за општење еден со друг, збор, како меч против сатаната, а ние го свртивме против себе самите. Знајте, ниеден наш збор не исчезнува, туку останува. Браќа и сестри, адот - не е само во задгробното постоење, адот не е само таму каде што се мачат грешниците; и тука е силата на адот, адот на земјата е - страшно, невидливо царство на злото. Секоја лага, секој лажлив и лицемерен збор не исчезнува во воздухот, без трага, како што ни се чини, туку зборовите се зачувуваат како во некој невидлив склад или ризница, во тоа страшно царство на злото. И нашите гревови, нашата лага, собирајќи се, се претвора во некоја уривачка сатанска сила и енергија, која потоа се пројавува на земјата во вид на страшни катастрофи и искушенија, а ние не знаеме од каде сето тоа.
Затоа, запомнете, браќа и сестри, дека е големо значењето на човечкиот збор. Преку зборот човекот може да го подигне својот ум над земјата, преку зборот тој може во молитвата да му се приближи на Бога, но преку збор тој може да му служи на демонот и затоа секој лажлив и лицемерен збор невидливо го шири тоа страшно царство на грев и зло. Амин.     

 

Korica.hritijaninot.jpg

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


 Друго:

Korica.S.Rouz.jpg

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Друго:

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2101
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2123
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 567
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/05/2026 - недела

Св.маченичка Пелагија Тарсиска; Св. свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; Преп. Никифор; Св. Баташки новомаченици ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная