логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Korica.Tajnata.jpg

„Тајната на спасението

Содржина:
Тајната на спасението
Да се најде Бог и самиот себеси
Дали верувам?
За молитвата
Блажени се бедните по дух
Стекнување благодат
Два вида богопознание
„Не убивај”
Духот и душата
За богоопштењето и богооставеноста
Религиозните чувства на интелигенцијата
Зошто има с# помалку време
За покајанието
Постои ли „поединечна благодат”
Трагизмот на апокалиптичното време
Православието како служење на човештвото

Највисоко служење на човештвото
Како да се зборува за верата
За културата на општење
Повеќе да се мисли и помалку да се зборува
Што е полошо – шегата или псуењето
Во што се разликува состраданието од сентименталноста
За црковната поезија
На оние што дојдоа од окултизмот
„Не е добро да се земе лебот од децата …”
За силата на безмолвието


За силата на безмолвието

Од пристаништето, како низ врата кон морето, од огромниот приморски град, сличен на ковачница, каде што ден и ноќ се слуша тресокот и јачењето на металот, заглушувачкиот шум на морето, каде што развлечените свирежи и сирени, како остри бодежи, го пронижуваат воздухот, каде што чадот, како магла, го завиткува градот во текот на денот, а навечер тој свети со оган, како да гори не изгорувајќи во студениот електричен пламен – од тоа пристаниште испливува брод, – пред него бескрајно море. Веќе не се слушаат звуците на градот, неговите огромни згради изгледаат како детски коцки, што ги оставило некое дете после игра, или како некоја камена и железна шума, израсната од земјата, повторно да сраснува со земјата. Постепено пристаништето заедно со градот се приближува на хоризонтот, како земјата да се оддалечува од бродот зад океанот, и веќе нема ништо, освен две бездни – морето и небото. И на човек му се чини дека се извлекол од некаков огнен круг што постојано се врти, каде што околу него чеканите удирале на наковалната, дека тој за првпат го видел ѕвезденото небо, како измиено во океанот, небото, кое го сокрила црна магла на прашина и чад. Околу е тишина. Дури ни шумот на брановите не ја нарушува таа тишина, а само ја нагласува. И човек чувствува дека се ослободува од некаква невидлива тежина, што му ја притиска душата, како тешки синџири да му паѓаат од рамената.
Monah.podkrst.jpgМонахот, оддалечувајќи се в пустина од светот – од тој огнен котел, – се чувствува себеси како затвореник на кого му се отворила железната врата од подземјето и му се дарувала слобода. Пустината – не е само место, пустината е – тишина и безмолвие. Пустина може да биде ќелијата на монахот, пустина треба да стане негово срце, пустина, во која нема место за приврзаност кон ништо што е светско. Безмолвието – е богатство и радост на монахот. Безмол-вието е – престој на душата со Бога. Душата се враќа од надворешниот и туѓ за неа свет кон себеси самата. Човекот чувствува, како да ја гледа својата душа – тоа е првиот дар на безмолвието. Во светот видението на душата пропаѓа. Чове-кот, наместо душа, чувствува тек на мисли и чувства, а самата душа не може да ја созерцава. Второто движење на душата е – од себеси кон Бога. Без првото едвај дека е возможно второто. Бог не може да се најде ниту во бездната на земјата, ниту во космичките пространства, Он му се јавува и му се открива Себеси на човекот само во длабочините на неговото срце. Затоа религијата како тајна може да се пос-тигне само во безмолвие. Светите Отци зборувале дека умот на човекот личи на воденички камен што постојано се врти, она што паѓа под каменот се меле при вртењето: ако е зрно пченица – се претвора во брашно, ако е плевел – во отровно ѓубре. Преку петте органи на нашите чувства во нашиот ум поминуваат впечатоци – слики, како копии на светот. Преку нив, особено преку видот и слухот, светот, раскинат од омраза и непријателство, опијанет од своите страсти, осквер-нет од нечистотијата на гревот, пробива во човечката душа, ја труе со својот отров, го помрачува умот со помисли, фантазии и мечти. Ден и ноќ колцето на нашиот ум ја иситнува и премешува таа нечистотија. Се разбира, светот уште не е ад. Во него има и добро и зло, светлина и темнина, остатоци на убавина и благородство, измешани со морално безобразие и подлост. Но работата е во тоа дека ние самите сме гревовни и многу болни. Гревот живее во нас, појавувај-ќи се уште со првите блесоци на животот. Во нас се вкоренила тајна љубов кон гревот и затоа впечатоците на светот се отров, што се лее на отворени рани. Страстните слики се запечатуваат во нашето сеќавање, како букви на мек восок, а душата тешко го усвојува доброто, како за него да сакаат да напишат на тврд камен, на кој не останува трага. Првородниот грев длабоко ја изопачил природата на нашата душа, и таа, како сунѓер, ги впива гревот и нечистотијата на светот. Оној што живее во светот може да му се спротив-стави на гревот на ниво на дејствие – на конкретни дела и постапки, но да го победи гревот на своето срце, да го исчисти своето сеќавање од гревот, да го види нападот на страста, што се зародува во срцето, за него е речиси невоз-можно. Во безмолвието, пак, и во оддалечувањето од светот секнува потокот на надворешни впечатоци. Овде на човекот му останува борбата со своето сеќавање и со демоните, тој постепено влегува во своето срце со Исусовата молитва и ги исцрпува од него нечистите води. Кога страстите како диви ѕверови се смируваат, а зуечките роеви на помисли се рассе-јуваат, умот добива можност да влезе во зборовите на молитвата. Апостол Петар го споредува името Божјо со утринска ѕвезда, која се раѓа во душата на човекот (види: 2 Петар 1,19). Во светот светлината на таа ѕвезда едвај да се забележува низ густата магла. Во безмолвието таа свети како дијамант во длабочината на срцето. Човечкиот збор бара огромна психичка енергија. Доаѓа до обработка на огромна количина информации, што се содржат во сеќава-њето, потоа таа се облекува во форма на мисли и се предава преку зборовите, како систем на символи и кодови на човеч-ката душа. Овде се вклучуваат емоции и вообразби. А ако човек го злоупотребува зборот, на пример, лаже со цел, тогаш тој гради свој сопствен илузорен свет, кој е должен да го чува во сеќавањето и да го прикажува како реалност. Секој на самиот себе може да забележи како многусловието го исцрпува човекот: тој се чувствува себеси опустошен и уморен. После „пирот” од празни зборови тој се разбудува, како пијаница после пијанка, со одвратност кон самиот се-беси. Мислењето кај човек што многу зборува станува површно и, ако е дозволен овој збор, вулгарно. Молчењето зачувува огромни душевни сили. Таа енергија, која сме ја трошеле попусто, се влева во зборовите на молитвата, таа загосподарува во човечката душа, како вратен од далеку патник под покривот на татковиот дом. Во безмолвие страс-тите помалку ја тревожат душата, и затоа благодатта забеле-жително дејствува во срцето на човекот, и безмолвникот почнува да ги разбира тајните зборови на апостол Павле за тоа дека „Духот Сам посредува за нас со неискажливо воз-дивнување” (види: Гал. 4,6 и Рим. 8,26). Умот на безмол-вникот стои пред Бога. Во тоа е главната цел на безмолвието – непрестајно да се биде со Божеството, да се соедини со Него своето срце. Според мислите на преподобен Исаак Сирин, царот ги распределува звањата и должностите меѓу своите велможи, но постојат блиски пријатели на царот, кои не носат звања, не управуваат со градови, но се секогаш со царот, тој со нив разговара, ним им ги открива своите мисли. Тие „пријатели на царот”, кои се секогаш со него и затоа се слободни од надворешните работи, се безмолвниците, нивно-то застапништво за светот Царот Небесен го прима, го слу-ша секогаш.
Во светот човек може да се спаси. Дела на милосрдие, проповед на верата, подвиг на љубовта – тоа се дарови што му се принесуваат на Бога. Но најскапоценото што е во светот – човечкото срце – тоа е она што безмолвникот му го принесува на Бога. Го принесува во дар не само за себе туку и за овој грешен свет. Во безмолвие човек може да сфати дека е добар единствено Господ, затоа сите радости на светот му се покажуваат како мртви дела на хартија, а страстите, во кои живее светот, се горчливи како пелин.
Делото на монахот е – молчание и безмолвие. Монах во светот е „унијат”, што сака да смести во себе две вери, и најчесто во неговата душа победува светот. Во безмолвие и молчание, во одделување од надворешната информација, ду-шата открива нови извори на знаење. Тоа се вродени знаења, кои &  биле дадени од самиот почеток, како на образ и подо-бие Божјо, и кои таа ги чувала како погребани под куповите од надворешни впечатоци, како во гроб, ги чувала во длабо-чините на своето сеќавање, непознато за сопствената свест. Сега во безмолвие тие знаења &  се откриваат на душата, како пронајдено богатство, како најдена скапоценост. Во безмолвие се изострува духовната интуиција на човекот. Како што струните во харфата на Еол звучат од дувањето на ветерот, така со внатрешниот слух душата го слуша гласот на невидливите сили, кои &  стануваат блиски, од нив таа добива просветлување и помош. Затоа безмолвието го учи човека на неземна мудрост. Благодарејќи на својот духовен опит тој почнува да ја гледа душата на другите луѓе. Во исто време, душата на безмолвникот се подложува на посебни духовни искушенија: тука на човек му е потребно крајно смирение, кон кое не може да се накалеми никаква сугестија на сатаната, а тоа смирение се стекнува само со послушание на своите духовни отци. Ако човек се бори со страстите и, што е најважно, се наоѓа во послушание, тој постепено стек-нува дар да ги разликува духовите. Безмолвието без смире-ние и послушание се претвора во отров, зашто почнува да ја храни гордоста на човекот. Имало и исклучоци, како препо-добен Павел Тивејски, Марија Египетска, подвижници, кои стекнале голема мудрост преку непосредно осветлување од Духот Свет, не поминувајќи го вообичаениот пат на заузду-вање на страстите во светот и послушание. За нас нивниот недостапен и неповторлив подвиг се заменува со друг: постепеност, внимателност и постојано отсекување на сопс-твената волја. Безмолвието е – непрестајна молитва. Светите Отци рекле: молитвата учи на се, дури и на самата молитва. Безмолвието – тоа не е само пустина, тоа е осамување од луѓето и од светот, тоа е престојување со самиот себе, поточно, на духот со Бога. За молчание и безмолвие човек треба да се бори, да се истргне, како плен во битка, од челуста на светот, кој како чудовиште, сака без остаток да го проголта сето време на човечкиот живот и сите сили на неговата душа. Повеќето луѓе, дури и христијани, не го разбираат подвигот на безмолвие. Тие велат дека на светот е потребно да му се помага во име на љубовта, но ги гледаат само надворешните телесни и душевни страданија. А нај-страшната трагедија на светот е  неговото постојано отпа-ѓање од Бога, неговото претворање во поле на темни сили, страшното демонизирање, што се извршува пред наши очи, царството на пеколот на земјата, власт на сатаната, која ја претвора крвта на луѓето во злато, а самите луѓе – во морални трупови, во затворени во кафез похотливи мајмуни. Трагедијата на светот како перспектива на вечност вон Бога, вечност како демоноуподобување – тоа најголемо зло, оста-нува за луѓето речиси незабележливо, како скриено во маг-ла. Демонските сили не можат да се избркаат само со телесно милосрдие. Во борбата со невидливата сила на „стратезите на злото” – паднатите духови – може да стапи само невидливата сила на молитвата, способна да ја спушти благодатта на земјата. Затоа ѓаволот толку се буни против подвигот на безмолвие. На таквиот подвиг тој му ги спро-тивставува грижата за бедните, проповедтта за верата, зани-мавањето со богословски трудови, – се што ќе посакате, само човек да стане неспособен за внатрешна благодатна молитва, од што навистина се плаши демонот. Молитвата за светот е  најтежок подвиг. Преподобен Арсениј Велики, одбирајќи подвиг на безмолвие и молчание, се нашол повисоко од неговиот духовен пријател(брат), преподобен Мојсеј Мурин, кој се грижел за болни, примал богомолци и животот го завршил со мачеништво. Господ ги прима сите видови милосрдие. Светителот Јован Златоуст рекол: „Дај му на жедниот вода и прими за тоа Царство”. Но безмолвието и молчанието – тоа е подвиг од други размери, ние би рекле, од космичко значење. Пред нив делата на душевното и телес-ното милосрдие се како светлина на светилник во споредба со светлината на ѕвездите.

 

(Продолжува)

  Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 Man.Zurce.jpg

Друго:

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6656
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6459
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5644
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная