Протојереј Андреј Ткачјов - Ти дојде!
Искрено да Ти кажам, без Тебе ми е многу лошо. На масата има сè, другар ми дојде на гости. Има и пиво. Сувите дрва крцкаат во каминот, најмалата ќерка си игра наземи, синовите цртаат бродови. Надвор паѓа снег. Што уште му треба на човека за да биде среќен? Но јас искрено Ти велам, без Тебе ми е многу лошо.


Времето потрошено за Бога, грешиме ако го сметаме за изгубено, или, пак, недоволно искористено, како што честопати си мислиме. Некојпат можеби ќе се најде некој безверник да нѐ укори, префрлувајќи ни каква полза имаме од секојдневното повторување на речиси исти молитви, кои одамна сме ги научиле
Да ја овенчаме пофалбата на Стефан со цвеќиња и да го опсипиме со рози и пофални песни. Самиот тој веќе се круниса со победничката награда на верата. Иако е напишано: И не плашете се од оние што го убиваат телото... (Мт. 10,28), приврзаноста кон телото тешко се надминува.
Живeeјќи уштe вo тeлoтo, свeтитeлитe ималe гoлeми oткрoвeнија oд Бoга и визии за нeбeснитe и пeкoлнитe сили. Ситe тиe нивни oткрoвeнија и визии ја пoтврдуваат правoславната вeра вo ситe нeјзини учeња. Свeтитeлитe сe радoст, гoлeма радoст на вeрницитe.
"Чедо мое, чувај се да не судиш на ниту една душа, оти Бог допушта да падне оној кој му суди на својот ближен, за да научи да сострадува со својот слаб брат. Благодатта Божја го поддржува секој од нас но, ако се погордиме, Бог ќе ја оддалечи од нас и ќе бидеме полоши од останатите. Едно
Во раното детство и длабоката старост, приближувањето на Новата година го чувствуваме едноставно физички. Новата година е особено топол празник за сите луѓе - таа е како пролет среде зима и сите се чувствуваат празнично, а злото како да се оддалечува. Колку и да се лоши околностите за човекот, во него се буди надеж,
Тешкотиите ќе постојат исто како и искушенијата и многу друго, но сето тоа ќе го надминеме со молитвата и со стравот Божји. Ѓаволот како лав збеснат трча наваму-натаму да најде некого за да го распарчи. Затоа и ние треба многу да внимаваме и постајано да се молиме на Христа и на Богородица сè додека не биде
Оној што Го сака Бога, тој и искрено верува и извршува праведни дела според својата вера. Оној што само верува и не живее во љубовта, тој ја нема ни самата вера, која се чини како да ја има. Тој верува со некаква умствена леснотија, но не дејствува според силата на преславната љубов. Зашто „верата дејствува преку љубовта“
Во духовниот живот често, премногу често нам ни недостига љубов. Да имаме доволно храброст да застанеме пред огледалото Христово и пред нашата совест и да го признаеме тоа. Прашање на сила и духовна храброст. Тоа е дијагноза која може да се претвори во болест. Само од нас зависи дали ќе си дозволиме уште долго да останеме во оваа состојба или ќе се бориме
Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата!
Така, неуспехот на Адам да го доживее своето постоење како динамичен дијалог со неговата совест е неуспех на неговиот дијалог со неговата подлабока и автентична природа. Кога ја престапува својата морална свест, тој се одвојува од своето автентично јас, се отуѓува од длабочината на неговата личност.
Кај мнозинството луѓе, душата е потчинета на телото и се стреми кон тоа, да служи на неговите страсти, наклонета е кон презаситен живот со многу задоволства. На оваа душа треба да ѝ се погубат, истребат сите нејзини ниски телесни барања, кои го сквернават и телото и самата душа.
Немој да се мачиш со завист, бидејќи со тоа не го запираш успехот на оној кому му завидуваш, туку само си ја ставаш душата во пеколот. Немој да се мачиш со омраза дури ни кон најголемиот непријател, бидејќи со тоа не му наштетуваш на оној кој го мразиш, туку само си ја разјадуваш душата.
Засипнува нашето грло за да постигнеме нешто, за да нè разберат, за да нè оправдаат, за да ни помогнат. И срцето наше е полно со желби, добри или лоши сонови, не е како утврден град – силен, возвишен, со еден храм на врвот свој во кој се наоѓа Бог,
Ожесточената мајка го грабнала бебето и отишла самата да го удави. Го фрлила пред воденичкото тркало, но тркалото сопрело, и бебето испливало. Слугинката која го гледала сето тоа му кажала на таткото, и тој го испратил синот кај некои добри соседи. А кога умрел таткото, Тома го испратиле на воспитување во Братскиот манастир во областа Подол. Таму се описменил и примил монашки чин. Живеел во Киево-печерската лавра и во Китаевата пустина.
Помнете, дека Бог го укрепува Своето творение, а не ја преисполнува твојата душа со печал. Кога било кој ти дава критика, те навредува, те убива душевно - тој глас не е од Бог. Бог нé укрепува, затоa и и сите итале да отидат кај старците, тие велики старци, кои веќе се станати свети. Овие двајца луѓе се издвојуваат повеќе од сите други - старецот Паисиј и старецот Порфириј.
Некои луѓе мирисаат на Бога.
При сето тоа, апостол Павле го нагласува спасоносното значење на тешкотиите - за што сведочат и светителите. „Повисоко од благосостојбата е искушението“, афористички вели свети Григориј Богослов. А на друго место: „Душата што се бори е блиску до Бога“. Тешкотиите што Бог толку милостиво ги дозволува се уздите на нашата самобендисаност.
























