о. Александар Јелчанинов - ШТО Е ТОА ИСПОВЕД
Доколку премногу ги примаме на срце неуспесите од секојдневниот живот, ако тешко ја поднесуваме разделбата со некого, ако неутешно патиме заради умрените, зар ова, освен за силата на нашите чувства, не сведочи и за неверието во промислата Божја?
Постои уште едно средство што може да ни помогне да ги согледаме своите гревови - треба да се сетиме на она за што обично другите луѓе не обвинуваат, наши


Кога ќе ја запоставиме молитвата и духовните дела и наместо тоа ќе почнеме да судиме за луѓето кои ни направиле неправда, станува очигледно дека материјалното богатство го сметаме за поважно од своето спасување и Христовите заповеди. Како можеме да ја следиме евангелската заповед која вели: Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! (Лк. 6; 30),
Кога ќе дојде антихристот и ќе посака да ти стави печат, тој нема да посака просто да ти стави еден печат, за да можеш да продаваш и да купуваш, туку ќе посака да го заземе местото на Христос во твојот живот, за да биде тој на местото на Христос. Нема да посака од тебе просто да ти стави печат. Ќе посака од тебе да го отфрлиш Христос како Бог и да го примиш него како бог. Кој бара денес од тебе такво нешто? И зошто се крева таква паника? Кој ви кажа, дека ако ви дадат нешто,
Ви признавам дека сум сретнал религиозни, благочестиви луѓе, кои стануваа полоши и од демони, кога некој од семејството ќе решеше да напредува во духовниот живот. Сум гледал и луѓе далеку од Бога, кој ги примаа проблемите и изборот на своите деца со благородност и достоинство. Си велиш дека човек навистина може да оди во црква долги години, да остари на столицата во храмот а сепак да нема ништо во себе си што ќе потсетува на Евангелието и на Црквата.
Да не ја префрламе секогаш топката на другите, да ја прифатиме својата лична одговорност за нашиот сопствен избор во однос на своите дела. Како се формира нашата реалност? Она што е околу нас, кој го прави? Дали Бог го создава? Околностите кои доаѓаат и нé растројуваат? Бог допушта да стане нешто, но како ќе го почувствуаш зависи не од Бог, туку од тебе. Ти решаваш за него и го избираш.
Во Стариот Завет и во старите култури постои складност помеѓу човековата душа и нејзиното име. Севкупната личност со сите особености е присутна во името. Да се знае нечие име значи да се има увид во неговото битие, па со тоа да се постигне извесна блискост, па дури и моќ на поседување над него...
Во подвигот против новите предизвици на човекоцентричниот хуманизам присутна беше целата Црква: чесното Свештеноначалство, светиот Клир и благочестивиот народ. Црковниот осет ги имаше мобилизирано сите сили. Придонесот на старец Георгиј имаше две страни: првата, силните негови интервенции, коишто беа насочени кон ...
Лесно е да се живее како христијанин, но тешко е да се живее како христијанин со Христос. Лесно е да се живее со тоа што ќе го отфрлиш својот крст, ќе ги обвинуваш другите, ќе бараш виновници, ќе се амнестираш себе си. Тешко е да го носиш својот крст слободно, односно одговорно и да го следиш Христа
Ние сме Црквата сите заедно, сите луѓе. Треба да го развиеме тој голем дар, да сме вистински членови на Црквата, да го стекнеме тоа сознание дека не сме изолирани поединци и лица, кои дејствуваат самостојно, туку сме членови на едно тело, распрснато по цел свет. Затоа, гледате дека Црквата, еве, водела борба сите да ја празнуваме Пасха заедно, а не кој кога сака. Има пост, постиме сите заедно,
За жал, во последните години, за нас како народ стана типично нетрпението, за разлика од нашите предци, кои се одликувале со големо трпение, што го пројавиле низ вековите. Тие живееле со вера, биле длабоко побожни луѓе и трпението ги учело да бидат мудри и благоразумни. А нетрпението, пак, води само до избрзаност, паника, губење на прибраноста, донесување на одлуки кои се импулсивни и непромислени и многу грешки.
Си дошол во храмот, а си го изоставил најважното - Светите Дарови, а тие се сé. Тебе ти остана само нафората. Знаеш ли што е светиот олтар? Тоа е нешто најдрагоцено што постои на земјата. Царските престоли, претстедателските фотелји, академските катедри - имаат помала вредност. Светиот Престол е несогорлива капина. Тука слегува Христос, тука пребива Светиот Дух. Околу Престолот стојат свети Ангели. Колку величествена, страшна глетка!
Сигурно во текот на оние 400 години постојано убивале, мачеле, но се јавиле и ликови на маченици кои го исполниле Рајот. И што друго? Сме се избавиле од вителот на средновековното западно Просветителство, зашто инаку не знам дали ќе успеевме да се запазиме како православни христијани. Да, 400 години ропство – измачувани, понижувани, толку многу жртви – но сме се запазиле. Тоа го велам за да се научиме да бидеме луѓе кои можат да се борат,
– Зошто тогаш се случуваат толку несреќи? Нели Бог промислува за сите?
Вознемирен сум од владеачката тишина. Нешто се подготвува. Уште не сме сватиле како треба, ниту во какво време да живееме, ни тоа дека ќе умреме.Што од тоа ќе призлезе, незнам, ситуацијата е многу тешка. Судбината на светот зависи од неколку луѓе, но Бог сепак уште ја држи сопирачката. Потребно е многу и со болка да се молиме, за Бог да се замеша во она што се случува ..
Рамнодушноста кон Бога, носи рамнодушност кон сè друго; носи морална дегенерација. Верата во Бога е голема работа. Кога човекот верува во Бога, тогаш ги сака и своите родители, своето огниште, своите роднини, својата работа, своето село, општината, својата држава и татковина. А, некој што не Го сака Бога и своето семејство – не сака ништо, затоа што и татковината е едно големо семејство...
Бог ни испраќа покани да Му се приближиме. Не нѐ принудува на сила да Му пристапиме, туку ни дава многу причини за да Го љубиме. Да си помислиме само дека пред сите векови, пред да се создаде светот, уште тогаш Бог нѐ имал во Својот ум, го знаел секој еден од нас, ја имал таа љубов кон нас, за наше спасение. Он ја имал намерата да не погинеме, да не пропаднеме далеку од Неговото лице.
Овој татковски став на старецот, беше погрешно сфатен од некои конзервативни пуританци, кои жалеа, и некои неодговорни прогресивци, кои славеа, поради истата причина: затоа што старецот наводно ги „толерира“ плотските гревови. Не разбираа дека гревот не се победува, ниту со нетрпеливо осудување на грешникот, ниту со задолжително легализирање на падот во грев. Старецот се бореше ефикасно со гревот, љубејќи го грешникот























