Литургијата не треба да се „отстои“, таа треба да се живее (23.10.2015)

Самата Црква како Тело Христово станува таква преку причасноста на Христос. Одземи ја Евхаристијата и сѐ ќе се растури. Ќе добиеме заедница што исповеда одредено учење, па нека е и многу добра, која живее според високи морални принципи, но ако таа не е причасна на Христа, не е соединета со Него во едно цело преку единството на Телото и Крвта – тогаш тоа ќе биде што било, само не Црква.






Во сите служби, освен Литургијата, ние зборуваме со Господ како по телефон, а во Божествената Литургија, зборуваме со Господа лице во лице, непосредствено Му ги кажуваме своите потреби, лично Му благодариме и Му се молиме. Затоа, молитвата на Божествената Литургија е најдествена, отколку на било која друга служба“.„Божествената Литургија – е прозорец, издлабен од Господа во грешниот, неверен, прељубодеен свет, низ кого влегува свеж воздух. Да не беше тој прозорец, верните би се задушиле“.




































