Старец Софрониј - Поука (22.02.2017)

Гревот е, пред сѐ, духовна и метафизичка појава. Коренот на гревот е во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот Божествен живот, за кој е создаден човекот и за кој е природно, т.е. по својата природа, повикан.


Светите Τри Светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој посебен ден на празнување според календарот на Св. Православна Црква Светите Три Светители, секој одделно имаат ден за празнување во месецот јануари, и тоа: Св. Василиј Велики се празнува на 1-ви јануари, Св. Григориј Богослов на 25-јануари и Св. Јован Златоуст на 27-ми јануари.




Не знам која е целта на било кој друг, но христијаните треба да си знаат дека нивната цел е Христос, а тоа подразбира прво Крст, па Воскресение. И што е најважно, зборовите на Спасителот, во светот ќе имате маки, но, знајте Јас го победив светот. И сега може ли да не интересира нешто друго освен Победникот.





- Монах- тоа е оној, кој не само што се труди да се моли нерасеано, но и живее нерасеано.



























