логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

V.Jakov.MIA

Епископ Јаков за МИА:

Воскресението Христово не е само историски настан, туку над се смисла на постоењето и животна цел

Епископот Јаков во интервјуто говори и за административното признавање на фактичката автокефалност на МПЦ-ОА, за однесувањето на Црквата во време на пандемијата, за пописните резултати за религиозната припадност, за случувањата во Украина и заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“ за исполнувањето на верата, обичаите и традицијата, за тоа дали формата ја заменува суштината и дали може да ни се случи да го празнуваме Христовото воскресение без Христос.

Струмица, 23 април 2022 (МИА) - Воскресението Христово за православните христијани не е само сеќавање и празнување на тој историски настан во одреден ден од годината, туку пред се и над се смисла на постоењето и животна цел. Но, како и да е, по Божјата Милост оваа година народот Божји ќе празнува во полни храмови собран околу својот епископ на Светата Литургија каде што најреално се среќава и заедничари со Воскреснатиот Христос, вели во интревју за МИА викарниот епископ г. Јаков Стобиски.
Епископот Јаков во интервјуто говори и за административното признавање на фактичката автокефалност на МПЦ-ОА, за однесувањето на Црквата во време на пандемијата, за пописните резултати за религиозната припадност, за случувањата во Украина и заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“, за исполнувањето на верата, обичаите и традицијата, за тоа дали формата ја заменува суштината и дали може да ни се случи да го празнуваме Христовото воскресение без Христос.

Ваше Преосвештенство, во недела ќе го прославиме Воскресението Христово. По два Велигдена во рестрикции, овојпат ќе биде без ограничувања. Како МПЦ - ОА и Струмичката епархија ќе го одбележат Христовото воскресение?

- Навистина, во текот на овие две години сите поминавме низ исклучително тежок период, којшто не го окарактеризираа како тежок единствено мерките и ограничувањата, туку пред се страдањето и загубата на многу наши ближни. Воскресението Христово за православните христијани не е само сеќавање и празнување на тој историски настан во одреден ден од годината, туку пред се и над се смисла на постоењето и животна цел. Но, како и да е, по Божјата Милост оваа година народот Божји ќе празнува во полни храмови собран околу својот епископ на Светата Литургија каде што најреално се среќава и заедничари со Воскреснатиот Христос.

V.Jakov.MIA1Црквата во изминатите две години беше цел на критики, иако многупати повикуваше на почитување на здравствените мерки. Како го оценувате однесувањето на Црквата и на верниците во време на пандемијата?

- Црквата, не само во овие две години, туку откако постои, повикува на љубов и сострадание и во изминатите две илјади години е цел на критики, најчесто недобронамерни. Не велам дека секогаш се неосновани и неаргументирани, ниту пак дека никој нема право да ја критикува Црквата, но за време на пандемијата се соочивме со критики и анализи на литургискиот живот на Црквата, кој е впрочем нејзиниот најавтентичен живот, од луѓе крајно нецрковни, кои на моменти користеа и крајно антицрковна реторика. Но, тоа е појава што не не чуди, ниту пак, не обесхрабрува, односно таков е односот помеѓу овој свет и Црквата. Црквата не е од овој свет и сака да го преобрази светот, а светот сака да ја проголта Црквата, правејќи ја дел од себе. Затоа Црквата за време на оваа криза, како и низ сите други во историјата на човештвото, му Го нудеше Христос на овој свет, непрестајно служејќи Литургија, а верниците ја покажаа на дело својата вера причестувајќи се со Него.

 

Бројни реакции предизвикаа пописните резултати, особено за графите православни и за христијани. МПЦ-ОА излезе со реакција, но некако без одглас кај надлежните институции. Каков е вашиот став за ова и дали МПЦ и другите верски заедници беа консултирани од ДЗС за да се избегнат вакви ситуации?

-    Реакции имаше и дали се случиле пропусти или не, како што рековте, допрва ќе видиме, но она што мене како епископ на Црквата најсериозно ме загрижува е длабокото непознавање и неживеење на верата, односно неправославноста на голем дел од народот. Тоа е за мене најголемиот проблем, и секако, одговорноста и вината за тоа ја чувствувам најпрвин лично.



V.Jakov.MIA2МПЦ-ОА и натаму е во очекување да биде признаена нејзината автокефалија. По непродуктивниот долгогодишен дијалог со СПЦ, надежите се насочени кон Вселенскиот патријарх. Очекувате ли ова прашање конечно да биде затворено со помош на Фанар?

 



- МПЦ-ОА со децении ја живее својата автокефалност, чувајќи ја чистотата на Православната вера и сите свои надежи ги полага на Богочовекот Христос, Кој ја возглавува. Административното признавање на оваа фактичка состојба секогаш ќе влегува во ќорсокак доколку и се пристапува на политички, како и досега, а не на црковен начин. Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх е просветлен и добронамерен човек, кој тежнее кон единство на сите православни. Во тој контекст неговата помош во решавањето на нашето црковно прашање е од огромно значење.

 

 

 

 

Дали актуелните случувања во Украина можат да влијаат на решавањето на нашето црковно прашање. Забележливо е и раздвојување и заземање страна кај верниците, дали е тоа во христијанскиот дух?

-    Актуелните случување во Украина влијаат на целокупниот наш живот. Во Украина страда, крвари и гине православен народ, од двете страни, со кој сме органски поврзани преку тајната на Црквата, и невозможно е да не ја чувствуваме таа болка и страдање. Единствена поголема трагедија и апсурд од/самата/трагедија, и апсурдот на војната е заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“. Тоа не е христијански дух. Токму тоа е, и таков е духот на војната. Само чека соодветна можност да се пројави надвор од нас, налик целото зло што го гледаме во Украина. Господ нека ни е напомош!

Во лоши времиња луѓето бараат утеха во верата и Црквата. Дали Црквата е подготвена да ги прифати, утеши и приближи, особено младите, кои живеат во време на криза, нарушени вредности, виртуелни „реалности“...?

-    Црквата е вечно млада и вечно актуелна и привлечна за обременетиот млад човек. Зошто? Поради тоа што вредностите коишто му ги нуди Црквата се длабоки и постојани и единствено Црквата не ја релативизира смислата на неговиот живот и постоење. Гледано од духовна перспектива, човекот живее во време на криза од прародителскиот пад па наваму, барајќи го изгубениот дом и Оној од Кого и за Кого е создаден. Секоја друга реалност наспроти оваа е виртуелна и не може да го успокои и да го исполни човекот. Колку и да изгледа розово концептот на живот што му се сервира на младиот човек според критериумите на овој и ваков свет, тој е доволно прониклив да ја согледа вистината, но и измамата на егзистенцијално ниво, а тоа е дека на крајот смртта обесмислува и уништува се. Единствено Воскреснатиот Христос може да го утеши младиот човек во таа смисла и вистински да му го осмисли животот, а тоа е впрочем и сведоштвото и мисијата на Црквата во овој свет.

V.Jakov.MIA3Се чини дека обичаите и традицијата доминираат кај народот. Дали формата ја заменува суштината, дали свештениците доволно го поучуваат народот и дали може да се случи ситуација да го празнуваме Христовото воскресение без Христос?

- Кога зборуваме за обичаите и традицијата секогаш се спомнуваат во контекст на манифестација на некаква побожност, но треба внимателно да испитаме каква. И, не секоја традиција можеме да ја наречеме христијанска, туку само онаа во која Го препознаваме Христос или, подобро кажано, која би не водела кон Него. За жал, доминантната категорија на обичаи се со пагански корени и со антихристијански карактер. Се додека постојат вакви девијации во пракса, воопшто не е полезно да мислиме и да тврдиме дека доволно го поучуваме народот, како што велите, но од друга страна, потребно е да има и кој да ве послуша кога поучувате, нели? Како и да е, формалниот дел од практичниот живот на христијанинот секогаш мора да води кон Суштината, а тоа е Богочовекот Христос. Животните принципи секогаш извираат од Евангелието, а не од народните обичаи и традиција. Во спротивно, може да ни се случи или ни се случува токму тоа, да празнуваме Воскресение Христово без Христос.

Ваше Преосвештенство, за крај, која е вашата празнична велигденска порака?


- Она што Црквата го возгласува веќе две илјади години: Христос Воскресна!  

 


Ристо Тасев



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5760
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6577
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5557
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная