логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Un mondo difficile

 И Струга have a dream
Un mondo difficile

И сè е тоа убаво, дури и прекрасно на моменти, особено кога соновите ќе почнат да стануваат јаве, и кога нешто сепак ќе те опоменува дека ''цело е кога има сè'', и кога на едно место се и сонот, и неговото остварување, и сеќавањата. Убаво е и кога ќе ја напуштиш Преспа и Македонија, и ќе видиш и сто пати поубави котлини и држави, а сепак тие места кај што си се родил ќе ти останат и дом, и родно место, и татковина, и носталгија.


http://www.youtube.com/watch?v=s9uB8rgq0tI

Се раѓаш во провинција, сoсема случајно. Понекогаш поради тоа што на твоите предци преку глава им дошол поголем град. Но, и да бев роден во некоја метропола,  сепак и таа ќе беше провинција во однос на некоја друга метропола, па затоа со раѓањето, се раѓаат и соништата. Соништа да освојуваш, но не со оружје, ами со копнеж да го освоиш секој нов хоризонт што ќе се појави пред тебе. Исто како планинарот кој освојува врв, и кој штом ќе го освои, ќе здогледа друг и ќе тргне кон него, па потоа тој ќе стане следен негов предизвик, а од таму, следниот здогледан и така до бескрај...

Нејсе.

Убаво е кога живееш во незнаење, кога се воодушевуваш на она што те опкружува и кога гордо констатираш дека нема поубаво од Преспа и Македонија.

А убаво беше и времето кога години наназад, освен Фиќо, 101, Лада и Фиат,  ќе се забележеше и понекое странско и скапо возило со кое дошол на одмор некој наш печалбар, а ние како оси ќе се соберевме околу него нагаѓајќи колку кубици и коњи има, колку е гравирано, во исто време сонувајќи дека секој од нас ќе стигне до некое такво еден ден.

Убаво беше кога го гледавме и навивавме за ФК ''Преспа'',  копнеејќи некогаш да го гледам мојот Јувентус. Убаво беше кога се бањавме по цели денови во Отешево, а замислувавме колку е прекрасно на Азурниот брег. Убаво беше кога се организираа локални изложби на детски цртежи на тема НОБ, а копнеев да го видам Лувр и Мона Лиза.

Убаво беше и кога се собиравме да ги слушаме Конџоли и Персиди телепортирајќи се на некој спектакуларен концерт во светот во исто време. Убаво беше и кога ќе видевме авион, кога трчавме по него викајќи: чичко пушти летки, чувствувајќи желба некогаш да се извозам во такво чудо. Убаво беше и кога се дотерувавме и лицкавме угледувајќи се на познати и јавни личности,  и сакавме многу луѓе да нѐ познаваат и сакаат.

Убаво беше и кога гледавме Бушава азбука и сонувавме да стиснеме рака и да се запознаеме со Ана, Бодан, Влатко. Убаво беше кога Данацот го доби првиот компјутер на кој се собиравме да играме со денови, посакувајќи секој од нас да има таков. Убаво беше кога по стоти пат го гледавме ''Платеникот'' на Леоне учејќи цели фрази од него, горејќи од мерак да ја видиме убавата Клаудија Кардинале.

И кога ги загледувавме во младешки години девојчињата беше убаво влегувајќи во филм дека еден ден може да ја видиме дури и Наоми. Убаво беше и кога над отворениот атлас патував со мисли во многу земји и запознавав многу различни луѓе, а седев во мојата ученичка клупа во прв ред. Убаво беше и кога пуљевме вести и кога гледавме политичари, претседатели, премиери,  замислувајќи си еден ден да исчекориме со таква свита на некој настан.

И кога го учевме првиот дијалог со Анри и Силви по француски беше убаво, верувајќи во можност да го усовршиш твојот француски во Париз, на Сорбона. Убаво беше и кога читавме весници и гледавме ТВ,  гледајќи се себе си некогаш кога ќе пораснеш на екраните или низ печатените страници.

Убаво и забавно беше и кога со Нани го гледавме италијанскиот филм ''Мојот другар Папата'', кога низ смеа коментиравме: бооо, замисли да са сретниш со Папата.



И сè е тоа убаво,  дури и прекрасно на моменти, особено кога ќе почнат соновите да стануваат јаве,  и кога сепак нешто ќе те опоменува дека ''цело е кога има сè'', и кога на едно место се и сонот, неговото остварување и сеќавањата. Убаво е и кога ќе ја напуштиш Преспа и Македонија,  и ќе видиш и сто пати поубави котлини и држави, а сепак тие места кај што си се родил,  ќе ти останат и дом, и родно место, и татковина, и носталгија.

И кога ќе имаш пристојно Ауди, а си се возел и со Порше и со Ферари, и со што ли уште не, а сепак со радост ќе се сеќаваш на подигнатиот капак на стапче на скуваното фиќо на Ѓавато.
Кога многупати ќе одиш на големи стадиони гледајќи убави натпревари, и кога од трибини ќе го бодриш Јувентус, а ќе се јавиш на другарите да прашаш: а бе, шо напре Преспа со Мешеишта?
И кога ќе одиш на кафе во Монако,  и очите ќе ти се наполнат од тиркизот на Азурниот брег, а ќе се сетиш на долгите песочни плажи на Крани и на пријателствата стекнати на нив.

И кога ќе го посетиш Лувр, Орсеј, Националната галерија и што ли уште не, и кога ќе ги видиш од Леонардо до Моне, Мане до Модиљани, а сепак ќе се запрашаш кај ли исчезна големиот портрет на Тито од Стоковната куќа. И кога ќе останеш со подотворена уста од спектаклот на Жан Мишел Жар и други големи концерти,  и ќе се сетиш на неповторливата боја на саксафонот на татко ти и сè што си научил за музиката од него.

И кога ќе имаш стотици часови во воздух летајќи од град до град, од континент на континент а притоа констатираш дека светот е навистина мал.

И кога ќе станеш јавна личност, и кога многумина ќе те почитуваат, фалат и сакаат, а некои ќе те мразат, додека во срцето ќе знаеш дека сестра ти е таа што и покрај сѐ, те сака најмногу и без интерес.

И кога ќе ја научиш не само твојата азбука, ами и неколку други,  и кога ќе ги сретнеш  и Влатко,  и Бодан, и кога Ана ќе ти каже дека се радува на познанство, а тебе во глава ти пее А, Б, В, Г.... И кога веќе во секоја соба и во секоја торба имаш компјутер и игри,  а упорно ја бараш Space Invaders да те врати во детство.

И кога ќе одиш во Венеција на концерт,  и кога на излегување ќе се ракуваш со една убава дама во години која ќе се претстави како Клаудија, а ти ќе се сетиш на веќе излижаната видео касета со Вестерн шпагетите. И кога на Бриони ќе дојде фотограф и ќе праша дали може да те фотографира затоа што после Наоми со која си се разминал на само неколку чекори, ти си втора најголема атракција (секако поради несекојдневноста човек во мантија да се забележи таму),  а ти се потсетуваш на твојата прва љубов, на твојата прва симпатија.

И кога атласот веќе не ти треба од што го знаеш на памет,  а во себе си мислиш преку глава ми е веќе од патувања - сакам дома. И кога ќе станеш веќе досаден декор на политичките свити на разни приеми (домашни и странски),  а ти се гади од политиката и цела валканост нејзина.

И кога со студискиот престој во Париз, Анри и Силви ќе ти станат секојдневие а ти им благодариш на наставникот и професорката за основата на јазикот. И кога пречесто ќе те има низ весници и телевизии, и кога некој констатира дека така лечиш фрустрации и се трудиш да излезеш од анонимност, а ти се сеќаваш на зборовите дека одиш во манастир за да умреш за светот.

И кога ќе се сретнеш со Јован Павле, Бенедикт и ќе се фотографираш со нив, а знаеш дека поголема радост ти причинува кога Џесика ќе ти каже: фала бате за пелените за сестра ми.

И кога ќе го изгледаш ''Големата убавина'',  и ќе сфатиш дека станува збор не за убавина ами за голема таштина (ништост, суетност и бесмисла), а пред очи ти се појавува фреската каде што Aвва Сисој го наоѓа гробот на Александар Македонски и ја оплакува над него суетноста на овој свет, несомнено ќе сфатиш дека и оној кому и светот му бил мал, сега и гробот му е преголем,  и ќе се замислиш дали имаат смисла соништата.

Сепак... Убаво е да се сонува, ама соништата да не станат твоја опсесија па и да си спремен на сѐ за да ги реализираш.

Уште поубаво е еден ден да ти се исполнат тие соништа.

Но...

Најубаво е да не летаме во облаци кога тие ќе се исполнат,  и во исто време да знаеме дека не треба да се трескаме од земја ако не дојде моментот на исполнување. Најважно е да научиме преку сопствените соништа, остварени или не, дека убавината е во едноставноста и зачувувањето на човечноста преку неа. Тогаш може да се надеваме и на вечната убавина.

А соништа имало и ќе има,  и ќе нѐ радуваат и ќе нѐ растажуваат.

П. С. Сите ликови и настани не се измислени. Сите се и сеќавања и остварени соништа.

 http://www.youtube.com/watch?v=CAW5TbSRv3M#t=10

 

 

Извор:  http://off.net.mk/bavchi/pimen/un-mondo-difficile



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная