логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Во пресрет на Успението на Богородица, Онаа што Отците ја нарекуваат Небо на небото. Нема поголема благодат од  Нејзиното застспништво за нас пред Бога. По нејзините свети молитви Господ нека не помилува...

Dragi.sv.Iron.jpg


Сите проблеми се решаваат со нашата цврста решеност да го најдеме Бога. Всушност, ние имаме само еден проблем, а тоа е да одговориме на прашањето: што правиме овде?
Каде е тоа овде, како сме дошле тука и зошто сме овде? Ова едно исто прашање има суптилни варијации, но во суштина е едно исто. Можеме да го поставиме и многу прецизно. Најпрецизно што може.
Дали сакаме?

Ние не сме цели. Целосни. Со сето свое битие, тежнееме кон тоа да бидеме цели. Тежнееме кон исцеление. Нашата не-целосност ствара болка. Еден голем дел од напорот на човештвото е свртен кон тоа да ја проучува оваа болка. Гледајќи ја самата болка медицината честопати не успева да ја види причината за болката. Причината е тоа што сме дел, а не цело. Нашата одделеност.

Нашата љубов не треба да е јалова. Треба да љубиме со силата на духот. Да оживотворуваме љубејќи. Како е тоа можно? Можно е кога сме целосно предадени. Тогаш нема предмет на нашата љубов. Го нема ни оној што љуби. Љубовта станува „сè во сè “...


И злосторникот страда. Тој е измачуван од злото и ја загубил душата не внимавајќи во некоја битка. Да се молиме за оние што прават зло. Да можат повторно да се видат себеси. Имаме ли такво покајание? Нашето лично спасение има смисла само ако има облик на отворена прегратка за целиот свет, без оглед на нашиот, човечки суд.

На крајот на краиштата, злосторникот сум секогаш јас. Не е стилска фигура за оддишка на совеста.

Не е лошо во одреден момент да сретнеш човек кој може да ти биде пример. Да го видиш надвор од себе она за што си сонувал и си верувал дека постои само во светот на идеите. Обично тоа е човек кој ја преобразил еротската енергија  на својот живот и дише слободно бидејќи ја знае љубовта и не се плаши да љуби. Се плашиме да љубиме заради стравот од болката, стравот дека ќе бидеме повредени. Сè додека има страв, нема љубов. Ако Бог е Љубов, како може било кој да нè повреди? Можеме да љубиме само ако сме исцелени. Инаку она што мислиме дека е љубов, е нашиот копнеж по целината, по исцелувањето.

Сознанијата на умот се непостојани, како непрегледното множество бои и облици на платото на калеидоскопот. Осознавајќи делчиња од Вистината, умот за кратко е осенет од светлината и заради тоа се радува. Но неговата глад за сознавање е незадоволива и бескрајна и тој никогаш не може да биде конечно задоволен.

Зошто ни е даден овој живот? Ова прашање не е само проста љубов кон мудроста, туку обид да се допре Дародавецот, Создателот на сè. Ако сме во негови раце, и ако Он е семоќен тогаш како настануваат проблемите на нашето постоење? Зошто се измачуваме со проблемот на зависноста? Нашиот живот пред сè не е наш и ние не постоиме за себе. Но да се победи себичноста претпоставува долга и макотрпна потрага по нешто што ни самите не знаеме што е додека го бараме. Предизвик да се надмине природата, нејзината неподнослива леснотија на зададеност.

Надвор од оваа природа постои Бог, кој си игра со нас како таткото кога го љуби своето дете и низ својата љубов му ја дава енергијата за неговото постоење. Внатре во природата ние сме препуштени на нашата слободна волја. Истовремено, во овој природен софтвер е вградена можноста за излегување од себе, т.е. за екстаза. Тргни ја екстазата и кој ќе се спаси?* Нашата екстатичност е можноста за нашето спасение. Љубејќи толку, што самите на себе да не сме си воопшто важни, излегуваме од себе.


Што може да ни биде инспирација? Во мигови кога сме толку исцрпени, што не можеме ништо да видиме? Потребно е умот да се сврти кон внатре. Окото на умот да се загледа во внатрешните предели на душата, тоа е одмор, кога се допира самата суштина. Овој допир е бескрајно вдахновение...


Има ли мака во вдахновеноста?
Не, има проширување на свеста заради кое сè што претходело сега се гледа од изместена гледна точка, и заради тоа поинаку. А сè што надоаѓа, со подготвеност да се дочека. Истите работи непрестајно се случуваат, она што се менува се состојбите на свеста.


Колку можат да помогнат нашите зборови во мигови на бура? Мигови кога бродот тоне? Обичните зборови можеби не колку што може молитвата. Некој тоне, а ние се молиме Господ да му даде сила да ги совлада законите на физиката на овој свет, и да ја победи бурата. Некогаш се случува оној за кој се молиме да потоне, да го голтне големата утроба на китот, и да исчезне засекогаш од нашето видно поле. И покрај нашата молитва. Тогаш нашиот ум се соочува со болката што го прозема целото наше суштество и нè преплавува како плима. Немоќни сме да живееме. Сакаме да го вратиме дарот на нашиот живот, молкум да го положиме на олтарот на сеприсутната љубов којашто тихува. Но тоа не е толку едноставно и не може да биде сместено во еден ритуал кој би зависел исклучиво од нашата волја.

Во тие мигови потребно е да бидеме целосно свесни за нашата немоќ. Оваа свест ќе делува како анестетик на нашата болка. Природата е таа којашто ги вградила своите механизми на каузалност во нашите сетила, во начинот на нашето функционирање, далеку пред почетокот на приказната за нашето постоење.


Тоа дека немаме избор е исто така избор. Колебливоста на нашето присуство, можноста на умот да се храни само од повисоките сфери на ...постоењето, доаѓа од неговата незадоволена глад и испостеност која настанала не заради свесна намера, туку како последица на телесната самодоволност, којашто се протега во времето. А умот не се протега. Во него е ставено семето на божественото, коешто ако не се храни со светлина, можно е да не ја пробие кората на јајцето и да остане засекогаш во чаурата на солипсизмот.

 

*
(Постои една изрека од светите Отци, којашто изворно гласи вака: тргни ги искушенијата, и кој ќе се спаси? Во преносна смисла, ова значи дека човекот не треба да отстапува  пред проблемите што ги носи животот,  туку напротив, да им оди во пресрет совладувајќи ги...)

 

 Лето Господово 2010

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная