логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Vinjeta.zakniga1.jpg

ЖИВОТОТ НА
ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ
ХАЏИ ГЕОРГИЈ


 Преподобниот отец наш Георгиј се родил во Кермира – Кесарија Кападокиска во 1809 година. Родителите му биле богати, не само со ВРЛИНИ, туку и со добра Божји, кои што ги раздавале на сиромашните. Татко му се викал Јордан и потекнувал од Кермира, а мајка му се викала Марија и била од Глевера(Карвали – отечеството на Свети Григориј Назијанзин).
 Добивајќи две деца, Гаврил (хаџи Георгиј) и Анастија, тие живееле во духовна љубов, како брат и сестра (во целонудрие). Неговата мајка Марија уште како мала тежнеела кон подвижништво. Имала сестра монахиња, подвижничка, кај што подоцна честопати одела пеш во посета. Во детското срце на малиот Гаврил кој што слушал од својата тетка разни кажувања за подвижништвото, се разгорела желба да постане монах, и затоа се обидувал да ги подражава подвижниците во строгиот пост и молитвите.
 Неговиот татко Јордан бил побожен, се занимавал со трговија и поголемиот дел од времето го поминувал во патување. Тоа на Марија и давало можност да живее едноставно и да не се грижи и вознемирува за многу. Со малиот Гаврил, кој што бил побожен, и со другите жени одела на бденија, некогаш во пештера,   некогаш во параклис. Може да се каже дека и млекото на оваа благословена мајка, кое што го цицал Гаврил, било подвижничко!
 Кога Гаврил потпораснал, почнал да оди во училиште, но и покрај тоа што бил многу паметен, не можел да учи, Најверојатно тоа било промисла Божја – ова осветено дете да се научи на писменост на чудесен начин. Цели четири години малиот Гаврил се мачел во училиште и не научил ниту да ги искажува зборовите. Поради тоа што родителите и учителот го навредувале, кога и да најдел можност, бегал во пештера. Таму во Кермира (или Кермила) се наоѓала пештера со отпечатоци од стапалата на свети Великомаченик Георгиј, каде што најчесто се доаѓал малиот Гаврил. Многу постел и се молел, правел многу метании, а кога ќе се почувствувал изнемоштен, јадел од тревата што растела по брдото.
 Еднаш бил отсутен цел месец: Зближувајќи се со пустиножителите кои престојувале  во околината на пештерата, и самиот се ставил во една од неа да се подвизува. Кога го пронашле, родителите веќе не го навредувале што неможел да ги научи буквите.
 Еден ден, мајката благо му рекла:
 Гаврило, дете мое, појди во црквата и помоли се на Мајката Божја да ти помогне да ги научиш буквите.
 Во нивната парохија се наоѓала чудотворна икона на Мајката Божја. Завршувајќи го тримирот, пропратен со многу метаании кои што ги вршел со часови, малиот Гаврил, преку ноќта се упатил во црквата за да не го забележат луѓето.
 Стигнувајќи до папертата, со солзи во очите и побожност, паднал на прагот на храмовите двери и се поклонил, бидејќи вратата била затворена. И додека се молел на Мајката Божја: Царице Небеска дај ми да се научам на писменоста!, одненадеж вратите на црквата се отвориле, и влегла Мајката Божја. Фаќајќи го малиот за рака го привела кон иконата на Христос и рекла: Сине мој, дај малиот Гаврил да се научи на писменоста. Како што подоцна и самиот кажувал:
 Благословувајќи ме со тие зборови, ме прегрна со својата рака и ми рече: Сега се научи на писменоста. Потоа влегла на северната храмова врата.
 Гледајќи дека Таа не излегува, Гаврил влегол таму. Ја пребарал целата црква, но неможел да ја најде! Наближило и времето за служба; клисарот дошол да ѕвони, и ги здогледал вратите отворени и Гаврил во храмот!
 Се збунил и го запрашал изненаден:
 Како се најде овде?
 Гаврил му раскажал се во подробности. За да се увери во вистината, клисарот  му дал една книга да чита, а Гаврил почнал да чита убаво и чисто. Тогаш клисарот му рекол:
 Навистина таа жена била Мајката Божја!
 После ова чудесно случување, преку кој малиот Гаврил се научил на писменост, неговите родители и сите роднини го гледале со побожност. Гаврил и понатаму одел во пештерата и се подвизувал; ги собирал своите пријатели и граделе мал манастир со храм и ќелии, а Гаврил им бил игумен.
 Кога имал четрнаесет години, тргнал со своите роднини во Цариград. Дознале дека стрикото на Гаврил, кој што престојувал таму, се потурчил. Додека проаѓале низ едно пусто место, помислата му говорела дека тука може да пронајде некои пустиножители и од нив да испроси молитва за својот потурчен стрико. Оставајќи ги своите сопатници, барал по шумата, но не пронашол никаков подвижник. Разжалостен што во тоа барање ги загубил своите сопатници, се помолил а светиот Георгиј да му помогне. Одненадеж, се појавил Светителот со светло лице во војничка униформа, и му рекол:
 Се загуби ли, Гаврило?
 Да, се загубив – одговорил малиот.
 Појди со мене – му рекол свети Георгиј и го качил на коњ. Така, веднаш ги престигнал своите другари, а тие се зачудиле и го прославиле Бога!
 Штом пристигнале во Цариград, со многу болка заедно со своите роднини заминале да го посетат стрикото. Неговиот стрико имал високо место во кругот на султанот Махмут втори (1808 – 1835). Во една прилика кога наредил да се гради и обновува срушеното во неговото место на управување, ја навлекол врз себе си омразата на Ермените, кои што го наклеветиле кај Турците. За да ја избегне смртта која го чекала, за жал, се потурчил. Разбирливо било после тоа султанот да има поголема доверба во него.
 Бидејќи го посоветувале стрикото да се покае, сите други се вратиле дома, а само Гаврил останал кај него во Цариград и многу се молел. Цврсто се борел, не само да се врати во христијанството неговиот стрико, туку и еден свештеник и неколкумина други со него, кои што се потурчиле од страв. Усрдните молитви на Гаврил пропратени со пост и метании биле услишани од Бога, така што тие најнапред станале тајни христијани, а потоа заминале за Смирна. Неговиот стрико станал помошник во еден храм, и така, каејќи се за своите гревови, се упокоил на денот на светлото Воскресение. Свештеникот и останатите исто така се труделе во скрушеноста, и во покајание се упокоиле како христијани во Смирна.
 Во текот на четири години колку што Гаврил поминал во окружувањето на султанот, султанот се восхитувал на аскетскиот живот на малиот Гаврил. Еден младич воопшто да не се задоволува со човечка слава и светските уживања! Да е задоволен со една мрачна визба! Дневно да јаде по една рака варен јачмен! Цела ноќ да се моли и по неколку сати да прави метании...  На сето тоа султанот се чудел и им велел на своите советници:
 Кој го научил овој младич така да пости  и се моли?
 Светиот живот на малиот Гаврил го променил и самиот султан, кој постанал таен христијанин.
 Гаврил, (подоцна хаџи Георгиј), за тоа говорел вака:
 Султанот подоцна ги засакал христијаните; и додека до тогаш христијаните не можеле да обноват ниту еден запуштен храм, ниту да подигнат нови, во негово време, или поточно тој издал околу двеилјади фермани како дозвола за подигање нови храмови.
 Подарил и две големи икони, на светиот Јован Крстител кого го почитувал и неговиот татко, пророкот Захариј, како и еден сребрен полиелеј. Освен тоа, султанот покажал голема наклоност спрема Ерусалимската Патријаршија која што им должела на Евреите триесет и шест илјади златни лири. Наредил да му се предадат сите документи за долгот и потоа ги уништил, строго наредувајќи им на Евреите во иднина да не ги бараат долговите од Ерусалимската Патријаршија. Променил многу турски обичаи и многу им помагал на христијаните. Разбирливо е што Турците го убиле, и прогласиле дека починал.
 После четири години проведени во Цариград и обраќањето на други кон Христа, Гаврил како осумнаесет годишник го окупирала мислата за сопственото спасение. Непрестано, дење и ноќе, со солзи во молитвата се обраќал кон Мајката Божја да го избави од авлијата на султанот и да му го покаже патото кон спасението.
 Еднаш на Света Литургија во патријаршискиот храм, стоејќи пред иконата на Мајката Божја која се наоѓала позади Патријаршискиот резбан трон, со солзи се молел Таа да го пушти. Кога завршила Светата Литургија, тој не излегол  со другите надвор, туку и натаму со многу вера и детска простота продолжил да се моли да го извести што да прави. Одеднаш, како што самиот кажувал, ја здогледал Небесната Царица како доаѓа од иконата која била пред него, облечена во светла бела облека и го запрашала:
 Што сакаш?
 Сакам да се спасам – одговорил Гаврил.
 Богородица му рекла:
 Иди на надворешната врата на Фанара, на пристаништето. Таму ќе видиш еден монах, па со него појди на Света Гора.
 Кажувајќи го тоа, Мајката Божја повторно си влегла во својата икона.
 Гаврил со радост потрчал кон пристаништето, и таму, навистина сретнал еден чесен монах, со бела долга брада. Тоа бил игуменот на светогорскиот манастир Григоријат, Григориј. Гаврил тогаш му паднал пред нозете и го замолил да го земе со себе на Атон. Но, светогорскиот игумен му рекол:
 Светите Отци и наредбите на патријархот ни забрануваат на Атон да не примаме деца не само како што си ти, туку и оние кои немаат брада. Тоа е така и повеќе не зборувај; за сега на Атон неможеш да појдеш.
 Кога го слушнал неговото одбивање, сето тоа силно го заболело и го натерало да раскаже за тоа дека ја видел Мајката Божја и дека таа го испратила кај игуменот за да го поведе на Атон. Но, Старецот за жал, никако не се согласувал да го поведе на Света Гора, ниту пак му придавал некакво значење на приказната за благонаклоноста на Божјата Мајка.
 Кормиларот на бродот, кој што сето ова го видел, се сожалил на Гаврил, па му рекол:
 Влези, дете мое скришно во бродот и кога ќе стигнеме на Атон, јави му се на Старецот.

 (Продолжува)

Подготви: Даниел Илиевски

 


Предговор


 Потомците секогаш имаат свештена задача да пишуваат за боженствените успеси на Светите Отци од своето време, и за прилежниот труд кој што тие го вложиле да се приближат кон Бога. Пишувајќи за нашите Светии повторно ние сме во добивка, бидејќи на тој начин се сеќаваме на нив и се трудиме да ги подражаваме, што Светиите уште повеќе ги потикнува да ни помагат да им се приближиме.
 Ако, значи, за дободетелните души (на нашите свети Отци) треба да зборуваме и да пишуваме, колку повеќе треба да премолчиме за душите на праведните и многустрадалните Светии(во последно време), кои што сме ги истоштиле со прогоните, своите човечки слабости, зависта; ние бедните луѓе!...
 Неправедниците, ако вистински се покајат, ќе се спасат. И не само неправедните да се спасуваат, туку и биваат наградени и постануваат љубени чеда Божји. „Господ ги љуби праведниците“(Пс. 145,8). Светото писмо непрестано ги велича душите на праведните, и молитвите на праведниците биваат услишани. „Многу е силна усрдната молитва на праведникот“(Јк. 5,6).
 Меѓу прогонетите Отци на нашата Црква спаѓа и преподобниот отец Георгиј, хаџи Георгиј, кој што е еден современ Светител, но можеме да кажеме и – велик Светител на нашето време.
 Старецот оставил големо име! „Голем аскет и голем испосник“, говореле. Неговото име останало како синоним за големи испосници: „Тоа е хаџи Георгиј„, говореле.
 Кога дојдов на Света Гора, како што обично прават почетниците, ја обиколував Бавчата на Пресвета Богородица за да пронајдам некое мирисно цвеќе на Мајката Божја(на светите Старци) и со нив да се збогатам. Тогаш од сите слушав како со многу љубов и восхитување кажуваат за хаџи Георгиј! Сето она што го слушнав тогаш разви во мене поголемо почитување и интерес. Заради тоа стапив во контакт со неговите /духовни/ внуци (т.е учениците на неговите ученици), и неговите земјаци – Кападокијците, како што се отец Серафим од манастирот Есфигмен, старец Василиј Каракалски, јеромонах Серафим Агиограф и други од родниот крај на хаџи Георгиј.
 Се што дознав тогаш го чував во сеќавањето, за да го искористам, а сега беше потребно тоа да го забележам и на хартија, за да има корист и некоја друга душа. Многу податоци најдов кај побожните Руси, кои пушувале на само за хаџи Георгиј туку и за неговиот Старец, дури и за неговиот духовен дедо, старец Авксентиј. Доста податоци, исто така, ми даде исихастот Рус, јеромонахот Антониј Каруљски.

 Се разбира, колку и да напише некој за големиот хаџи Георгиј, ќе биде малку! Неговиот благослов нека биде на нас.

 

Амин.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6402
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная