логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 Прашање од: С.Н

 

Нашиот мозок го сочинуваат две хемисфери: лева и десна. Левата се центрите за анализа, калкулација, проценка, размислување, ги контролира способностите за зборување, читање.... А десната хемисфера е задолжена за креативност, уметност (музика, сликарство), емоции, релија.
Се прашувам дали може од овде да се воспостави врска дека не случајно десната хемисфера е одговорна за овие креативни способнисти и пројавувањето на интерес за духовност со оглед на тоа што знаеме дека Бог ни го дава дарот за креативност, а и десната страна е претставена како чест и вистина, па оттаму и и Христос седи од десната страна на Отецот, а и праведниците ќе бидат од десната страна на Христа.

 

Одговор:

Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста. И разумот како секундарна функција кога  умот не се храни со Бога туку со световните страсти за кои се прврзуваме и се храниме. Молитвата нѐ држи да ја реализираме неговата примарна функција, преку покајанието, а демонот се бори да ја оствариме само секундарната функција, како разум. Целта е човекот да го очисти срцето од страстите, да го просветли умот преку молитвениот литургиски живот, умот да слезе и зацари во срцето преку благодатта Божја и сиот човек да ја оствари својата цел, единство со Бога и растење во љубовта.

 

 Друго:

 +++

Послушанието е активирање на примарната функција на умот – соединување на нашата создадена енергија со несоздадената Божја енергија преку молитвата, како и пренасочување на неговата секундарна функција кон исполнување на Божјите заповеди. Послушанието е прием на вистинското Предание на Светите Отци. Послушанието е останување во рамките на соборноста на Православната Црква – без оглед на тоа кој што си мисли. Послушанието е процес на Божествено преобразување, растење и созревање до достоинството на дете Божјо. Послушанието е сѐ во Црквата Божја. Послушанието е возможно само во Црквата Божја.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, дај ни што повистинско послушание и помилуј!

Митрополит Струмички Наум

(Извадок од беседата:  „Послушанието е премин од противприроден во природен начин на живот’ (04.11.2017 )

 

 Чувај се од она што мислиш дека си
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

 +++

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

+++

 И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4501
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4279
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3773
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…