логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Совети за нововенчаните невести
In Македонија, Младост, брак, семејство, Патрологија, Православна светлина, Современи искушенија on Јануари 10, 2013 at 4:33 pm

Свети Григориј Богослов

Свети Григориј Богослов

Свети Григориј Богослов го испратил ова писмо до една своја духовна ќерка, Олимпијада, како подарок за нејзиниот штотуку склучен брак. Ова послание има длабоко богословие и психологија. Најмногу од сè, дава скапоцени совети за успешен брак.

„Ќерко моја, за венчанието твое, јас Григориј, како духовен твој отец, ти го дарувам моево творение. Најдобра од сè е навистина таа, како поука од татко за рожбата. Слушај ме, значи, Олимпијадо моја:

Знам дека сакаш да си вистинска христијанка. Една вистинска христијанка треба не само да биде, но и да биде со такво надворешно поведение. Затоа, те молам да внимаваш на твојата надворешна појава. Да бидеш едноставна (…) Тешките и многуцени фустани нека ги носат оние кои не сакаат возвишен живот, кои не знаат што значи тоа духовен зрак. Но, ти си постави големи и високи цели во својот живот. И овие цели го сакаат од тебе целосното твое внимание. (…)

Со бракот, твојата усрдност и љубов да бидат пламени и да не отстапуваат кон намалување на она, кое ти го дал Бог. За она, кое стана средиште на твојот живот и ти го весели срцето. И ако разбереш дека ако мажот твој те сака повеќе отколку што ти го сакаш него, гледај да не се издигнеш суетно во висините, но секогаш држи го она место кое ти го ограничило Евангелието.

Ти да знаеш дека си жена, имаш голема предодреденост, но различна од онаа на мажот, кој треба да е глава. Остави ја неразумната еднаквост на двата пола и обиди се да ги сфатиш барањата на бракот. Во нивната примена ќе видиш колку издржливост е потребна за да одговориш, како што треба, на овие барања, но и колкава сила се крие во навидум понемоќниот пол.

Да знаеш дека многу лесно се разгневуваат мажите. Невоздржливи се, личат на лавови. Во овој случај, жената треба да е посилна и повозвишена. Треба да ја игра улогата на скротител на ѕверови. Што прави скротителот кога ѕверот рика? Станува уште помирен и со добрина го скротува гневот. Му говори слатко и меко, го милува, се грижи и повторно го милува и така го припитомува. (…)

Никогаш да не го осудуваш твојот маж за нешто што не го направил како што треба. Ниту пак, за неговата недејствителност, дури и ако исходот не е тоа што си сакала ти. Зашто ѓаволот е оној, кој влегува како пречка во еднодушноста на сопружниците. (…)

Сè нека ви биде заедничко – и радостите и жалостите. Зашто бракот го направил заедничко сè што е ваше. Заеднички да се грижите, зашто така домот ќе се утврди. Да го изразиш и ти сопственото мнение, но мажот нека одлучи.

Кога го гледаш натажен, во тој миг земи и ти удел во неговата тага. Зашто во жал, голем лек е сожалувањето од пријателот. Но, твојот поглед нека биде блескав и да бидеш смирена. Жената е небурното пристаниште за бродоломниот сопруг. (…)

Не ги гледај занесените жени, кои на ум го имаат надворешното и прикажувањето. (…) Држи го твојот изглед мирно и не го изобличувај со неприлични изрази, дури и кога си разгневена. Ушите нека ти немаат бисери како украс, но да слушаат добри зборови и за лошите да ставаат клуч на разумот. Така, дали слушаат или не, слухот ќе остане непорочен. Истото е и за очите, зашто тие го прикажуваат сето што ì е внатрешно на душата. Нека капе непорочно црвенило под твоите очи и нека предизвикува смерност и непорочен срам кај сите кои те гледаат, па дури и кај твојот сопруг. Многупати е претпочитателно за многу работи да ги држиш очите затворени, спуштајќи го погледот.

А сега за јазикот. Мажот секогаш ќе ти биде непријател, доколку јазикот ти е незауздан, па дури и да имаш илјада други добродетели. Неразумниот јазик многупати ги става во опасност и невините. Дури и кога имаш право, претпочитај го молчанието. Подобро е за да не бидеш во опасност да кажеш некој неумесен збор. И ако имаш желба да говориш многу, подобро е да молчиш. Внимавај дури и на твоето чекорење. Има големо значење за благоразумноста. (…)

Ако од мене, твојот старец, си примила некое духовно слово, ти советувам да го чуваш во длабочините на твојата душа. Така, со сè што си примила од она што си го слушнала и со твојата морална возвишеност ќе го лечиш својот одличен сопруг и почитуван градски човек од гордоста.

Сега, овој мој подарок ти прими го, ти го подарувам како скапоценост. Ако сакаш повторно да ти честитам, ти посакувам лоза да станеш плодна, со синови и од твоите синови, за од мнозина да биде прославен Бог, оти за Него сите ние се раѓаме и кон Него повторно, од овој живот сите ние, заминувајќи, одиме“.

Превод од новогрчки јазик: Антонио Лазески, студент на Теологија

Наслов на изворникот:

Άγιος Γρηγόριος ο Θεολόγος: Συμβουλές σε νιόπαντρες γυναίκες,

„ΓΑΜΟΣ – Πνευματικό Γυμναστήριο“,

Αρχ. Βασιλείου Π. Μπακογιάννη,

Εκδόσεις: Νεκτ. Παναγόπουλος

Извор: Ортодоксија и ортопраксија

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2083
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2102
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 543
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная