логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 лого

  sv.Serafim.sarovski3.jpg
За верата, надежта и љубовта кон Бога (04.09.2013)

Пред сѐ, потребно е да се верува во Бог, бидејќи „оној што Му приоѓа на Бога, треба да верува дека Тој постои“.

Верата, според зборовите на преп. Антиох е почетокот на нашето соединување со Бога: оној што вистински верува е камен за Божјиот храм, подготвен за зданието на Бог Отецот, вознесен кон висината со силата на Исус Христос, односно Крстот, и благодатта на Светиот Дух.

„Верата, пак, без дела е мртва“, а делата на верата се: љубовта, мирот, долготрпението, милоста, смирението, одморот од своите дела, како што Бог се одмори од делата со носењето на Крстот и животот според духот.

Само таквата вера се признава за вистинска. Нема вистинска вера без дела. Оној што вистински верува, бездруго има и дела.

 

Сите што имаат цврста надеж во Бога, се вознесуваат кон Него и се просветлуваат со вечната Светлина.

Вистинската и мудра надеж се гледа во тоа што човекот воопшто не се грижи за себе, и тоа од љубов кон Бога и заради добродетелите, знаејќи дека за него се грижи Бог. Ако, пак, човекот самиот се грижи за своите работи и кон Бога се обраќа со молитва само тогаш кога доаѓаат неизбежните несреќи, па не наоѓајќи во сопствените сили соодветно средство, почнува да се надева на Божјата помош – таквата надеж е суетна и лажна. Вистинската надеж го бара само небесното Царство, и притоа е уверена дека сѐ земно, што ѝ е потребно во овој минлив живот, ќе ѝ биде дадено. Додека не се здобие со таква надеж, нашето срце нема да има мир и спокој. Само таа надеж ќе го смири и ќе го направи радосен. Токму за неа, достојната за поклони пресвета Уста рекла: „Дојдете при Мене сите што сте изморени, и Јас ќе ве успокојам“. Тоа значи дека изморените и натоварените својата надеж ќе ја положат на Господ и така ќе најдат олеснување во трудот и во својот страв.

Во евангелието според Лука, за Симеон е кажано: „Преку Светиот Дух му беше ветено дека нема да види смрт додека не Го види Господ“. Праведниот старец не ја гасел својата надеж, туку Го чекал премногу саканиот Спасител и, со радост Го земал во своите раце, велејќи: „Сега го отпушташ својот слуга, Владико, во Твоето долгоочекувано Царство, благодарение на надежта“.

 

Оној што ја добил совршената љубов, во овој живот живее како да го нема, затоа што се смета за туѓинец во видливиот свет и со нетрпение го чека невидливото. Тој целиот се променил во љубовта кон Бога и заборавил на сѐ останато.

Кој се сака себеси, не може да Го љуби Бога. А кој не се љуби заради љубовта кон Бога, тој вистински Го љуби.

Оној што вистински Го љуби Него, се смета за странец и дојденец на земјата, зашто во својот стремеж кон Бога, со душата и умот Го созерцува Единствениот.

Душата, исполнета со Божјата љубов, во времето на заминувањето од своето тело, нема да се исплаши од кнезот на злото, туку со ангелите ќе летне во својата татковина.

 

Свети Серафим Саровски

 

TVITer270

П.П. 2013-09-07 18:40:25

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2753
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1933
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…