логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

sv_ignatij brj

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Бог, кој Ви пратил жалост, нека ви дарува и сила за достоинствено и благодушно поднесување на жалоста. Блажени се оние кои одат непорочни од овој свет, исполнет со гревовни соблазни. А соблазните непрестајно растат, се умножуваат во светот, и го прават спасението сè потешко. Светата црква упокоените деца не ги испраќа од овој свет во вечен свет, со тажни песни, туку со радосни песни. Таа го смета нивното блаженство вистинито: нејзините молитви при погребението на децата не говорат за неизвесната судбина на човекот по смртта, како што говорат за неа трогателно и тажно при погребението на возрасните. Овие молитви измолуваат од Бог упокојување на починатото дете (оти никаква чистота човечка, сама по себе, не може да биде достојна за небесното блаженство, таа е дар Божји), и признаваат дека тоа упокоение е дадено, и почнуваат детето веќе да го нарекуваат блажено. Децата во краткотрајното присуство на земјата избегнуваат сè што ги лишува од блажената вечност. Успеваат да исполнат сè што донесува блажена вечност: се измиваат од прародителскиот грев и се соединуваат преку крштението со Христос, се соединуваат со Него во едно, причестувајќи се со Неговото Тело и Крв и со нив се соединуваат со Божеството Негово. Не стигнувајќи да го осквернат ни миењето, ни свештеното миење, ни најблаженото соединување со Бог, тие заминуваат од овој пустошен свет, и одат природно таму каде припаѓаат. Ние возрасните ја немаме таа среќа: белата одежда на душата, во која се облекуваме при крштението, се валка во текот на земскиот живот од нашите безбројни дамки, а соединувањето со Бог го раскинуваме со прељубничкото соединување со гревот. Зрелата возраст и искуството би требало да нè направат совршени, но ние ги губиме и оние скапоцени особини кои сме ги имале кога сме биле деца. Нашата душевна состојба постанува толку грешна, лажна, сложена, така што Евангелието, повикувајќи нè на исправување, го нарекува тоа исправување обраќање, како тоа да е од незнабоштво или од мухамеданство. Тоа ни заповеда да се обратиме и дојдеме во онаа состојба во која сме биле како деца: „Вистина ви велам, – сведочи Евангелието, – ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството небесно“. Овие мисли можат да ве утешат Вас, мајката, која рида за блаженото дете кое отишло одовде во вечноста. Покорете го умот и срцето Ваше на Божјата волја, премудра и себлага, а во таа предаденост ќе најдете спокојство и утешна радост за Вашата душа. Бог го зел саканото Ваше дете на Небото, а заедно со него го однел и Вашиот ум и срце. Таму е добро.

 Превод од српски јазик:

Снежана Колевска, дипл. Теолог

Наслов на изворникот:

Свети Игњатије брјанчанинов, Глас из вечности,

Писма монасима и мирјанима о спасењу душе,

ОБРАЗ СВЕТАЧКИ,

2003. Београд

Објавено во „Православна светлина“ бр. 19

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная