логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Совет за оној што се учи во молитвата

Пред сѐ, треба да се знае дека Самиот Бог Логос (Господ Исус Христос) е учител и дарител на молитвата, затоа што таа е дар. Бог е Оној што им ја дава молитвата на молитвениците и Оној што рекол: „Без Мене не можете ништо да направите“. Моли Му се на Христос за молитвата, и Оној што ја дава ќе ти ја подари и на тебе молитвата што ја бараш.

Св. Макариј Велики вели дека човекот треба да се присилува на молитвата, а Господ, гледајќи го твојот подвиг и молитвениот труд, ќе ти ја подари. Зашто знај дека: иако молитвата која се кажува со сопствените напори Му е угодна на Бог, сепак вистинската молитва, која се вселува во срцето и останува во него, е Божји дар, дело на Божјата благодат. Затоа, молејќи се за сите, не заборавај дека се молиш и за молитвата, велејќи: Господи омолитви ме грешниот. А воедно вработи се во молитвениот труд за да не излезе дека Го искушуваш Бог, молејќи ја од Него уметноста на молењето, а притоа се предаваш на мрзливоста.

Или, молитвата треба да се измоли, како што тоа го направил св. Максим Кавсокаливиски преку Божјата Мајка Пресвета Богородица. Еве како било. Св. Григориј Синаитски посакал да го види преп. Максим, и кога се сретнале тој го прашал: „Кажи ми, заради Бог и зa полза на мојата душа, како го доби дарот на непрестајната умносрдечна молитва. А Максим му одговорил: „Јас имав голема вера во Госпоѓата, мојата Богомајка. Плачев пред Неа во своите молитви, измолувајќи ја благодатта на умната молитва. И еднаш, кога по навика влегов во Нејзиниот храм, со солзи Ја молев токму за тоа. Приоѓајќи кон Нејзиниот Божествен лик, за да го целивам, одеднаш почувствував топлина која, загревајќи го срцето, ги придвижи сите чувства и ги исполни со слатко умиление. Од тогаш мојот ум и срцето постојано се зафатени со слаткото размислување за мојот Исус и Богомајката, и срдечната молитва е моја постојана активност“.

Молете Им се на Господ, Пречистата Богородица, ангелот чувар, и Тие ќе ве научат на сѐ, или самите, или едни преку други. Св. Григориј Палама, архиепископот Солунски, во својата младост бил пратен на училиште. Не само даруван, туку и вреден, во средината на мудри учители, тој брзо напредувал и во световните и во богословските науки. Но, намајќи доверба во помнењето, Григориј си го поставил ова правило: пред секој час да прави по три метании со молитва пред иконата на Пресвета Богородица. И Пресветата му помагала на побожното момче, и тој брзо напредувал во науките, со што привлекол сеопшто внимание.

Препoдoбен Никодим Светогорец

 

Подготви: Petar Georgievski

Друго:

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2983
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2829
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…