логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

25-ти јули 2017 лето Господово

Големо е свештеничкото достоинство.

Речено е: на кои ќе им ги простите гревовите ќе им бидат простени.
Павле говори:
Покорувајте им се на наставниците ваши и бидете послушни (Евр. 13,17). За секое нешто ти се грижиш само за твоите потреби, па дури и да не биде добро уреден твојот живот нема да одговораш за другите луѓе.

А свештеникот и да му е добро уреден неговиот живот, а не се грижи за животот на другите луѓе кои му се доверени, тој заедно со порочните ќе оди во пеколот; и невин поради нeговите дела ќе биде осуден на пропаст заради вашите не дела.

Знаејќи каква голема опасност ги следи свештениците, вие морате да им укажете голема љубов. На тоа не поучува и апостолот Павле кога вели:

тие, бидејќи се задолжени даодговараат, бдеат за вашите души (Евр. 13,17).Поради тоа треба многу да ги цениме и уважуваме. Ако и вие, како и другите, почнете да ги навредувате, тогаш ни вашата работа нема да биде успешна.

Доколку кормиларот е добро расположен, дотогаш и патниците се во безопасност; но штом кормиларот стане нажалостен од навредите од страна на патниците нема да се однесува како порано, нема да делува со целата своја вештина, па дури и несакајќи може да ги изложи на многу неволји. Така е и со свештениците.

Ако ја уживаат честа што им припаѓа тие можат да се посветат на вас и да ги уредат вашите дела, но ако би ги жалостиле тоа ќе ја ослабе нивната рака и ќе направите и тие заедно со вас да бидат однесени од брановите без разлика на тоа колку и да се храбри.

Сетете се што им рекол Христос на Јудеите: На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, се што ви кажат да правите, пазете и извршувајте (Мат. 23, 2-3).

А сега не можеме да речеме дека свештениците седеле на Мојсеевото седиште; тие седела на Христовото седиште, па затоа и го примиле Христовото учење.

Павле во врска со ова вели: Ние сме пратеници место Христа, како Бога да зборува преку нас. (2 Кор. 5, 20). Зарем не гледате како сите им се потчинуваат на светските власти?

Иако потчинетите честопати ги надминуваат овластените во мудроста и знаењето, сепак поради уважување се покоруваат на заповедта. Таков е нашиот однос кон оние кои се ракоположени од светската власт.

А кога ракополага Бог - ние го презираме ракоположениот, го вреѓаме, го понижуваме, му се обраќаме со остар тон, го осудуваме иако тоа ни е забрането.

Какво оправдание ќе дадеме за себе кога не ја гледаме гредата во нашето око, а со злобен напор ја бараме реската во окото на свештеникот?
Или пак не знаеш дека осудувајќи на тој начин си подготвуваш најтешка осуда на самиот себе. Ова не го говорам за да ги оправдам оние кои недостојно ја вршат свештеничката служба; тоа никако - јас многу тагувам и плачам за нив.

Но тврдам дека луѓето во тој случај немаат право да ги осудуваат. Нека животот на свештеникот е најнепримерен и најгрешен, ти кон самиот себе биди внимателен и нема да претрпеш никакви штети.

Кога Бог ја натерал магарицата да зборува и низ уста на врач дал благослов - кога Он преку несловесна уста и низ нечистиот јазик Валаамов делувал на неблагодарните Јудеи, ќе делува и на вас кои сте благодарни.

Он ќе направи се што е потребно и ќе го прати Светиот Дух без разлика на тоа колку свештениците се грешни. Гледај и чистиот и праведниот (свештеник) не го привлекува Светиот Дух, туку се се врши преку Благодатта.

Се што е дадено на свештеникот е дар од Бога; колку е да е силна човечката философија, таа секогаш ќе биде послаба од Благодатта.
Ова не го зборувам за ние безгрижна да го поминеме остатокот од животот, туку вие кога ќе забележите немарност кај свештениците да не се соблазните и да го умножувате злото во себе.
Но, што зборувам за свештениците?
Ниту Ангел, ниту Архангел не може ништо против тоа што е дарувано од Бога: овде се устројуваат Отецот, Синот и Светиот Дух. Би било неправедно поради порочноста на некој друг да трпи штета оние кои со вера пристапуваат на спасение.

Знаејќи го ова, најпрвин треба да се плашиме од Бога, да ги почитуваме свештениците укажувајќи им чест, како за нашите добри дела би добиле почутување и голема награда од Бога.


    



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная