логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

"Самопоправањето не доаѓа од ладните заклучоци, туку од живото и ревносно делување кое се одвива длабоко во срцето. Христијанството е тајна не само во својата основа, туку и во дополнувањата. Постапката на неговото образование во срцето е слична на патот низ скриен и долг подземен тунел. Оној што ќе реши да стапне на тој пат ќе рече: еве го патот – и тој веќе врви по него.

„Значи, кој може да се спаси“, ќе рече некој, откако ќе ги воочи тешкотиите на самопоправањето? – Ќе одговориме со зборовите на Спасителот: „за луѓето ова е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“. Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши. Живеејќи со него, таа го води за време на опасното туѓинување на земјата, на најпремудар начин. И кој може да се надева дека сам ќе го поправи своето срце?

– Зарем во ова свето дело некој може да очекува успех од помошта на човек и неговите постапки? Чујте што вели Господ: „Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши сквернавења, и од сите ваши идоли ќе ве исчистам. Ќе ви дадам ново срце, нов дух ќе ви дадам. Ќе Го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по Моите заповеди и да ги пазите и да ги исполнувате Моите повелби (Езек. 36, 25-27).

Сѐ е од Господ. Нему да Му се предадеме, на Неговото благодатно дејство, за од нас Тој да направи, како уметник и создател – добри и чесни садови – многу добри созданија. Од своја страна, ние можеме само да Му ја покажеме искрената желба за самопоправање и вистинската подготвеност да се покориме на Неговите барања. Што се случува со оној што ќе биде посетен од Господовата благодат, како таа го води по патот на очистувањето и состојбата на чистота и непорочност, – тоа Спасителот го покажа во параболата со блудниот син." 

 - Свети Теофан Затворник

9-ти мај 2018 лето Господово

 

Избор од ФБ страната на:

Моника Николова



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2983
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2819
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…