логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“.

А и стомакот да си го воздржуваме од многу храни. Со своето срце да воздивнуваме; со душата своја да трогнуваме. Колената често да ги преклонуваме на молитва. Со нозете да трчаме кон Црквата, како Петар и Јован кон гробот Господов, и заедно со нив да станеме учесници во Царството Небесно, во оној светол ден, кога ќе дојде праведниот Судија на облаци, носен од огнени ангели, украсувајќи ги Своите светии со светли венци, а горејќи ги грешниците со огнен пламен.

Тогаш Тој ќе ги раскине длабочините на срцата, преку проникнување на Својата мудрост, и ќе оддели мајки од ќерки, синови од татковци, браќа од браќа, сопрузи од сопруги и, општо, ќе ги оддели незнабошците како кози од овци. Тогаш ќе се расплаче од тага секоја душа која го пропуштила времето за покајние. Праведниот Судија ќе каже: „Вие, коишто ве трпев многу, одете од Мене, проклети, во вечен оган!“ И пак ќе рече: „Дојдете вие, благословени од Мојот Отец, наследете го Царството приготвено за вас од создавањето на светот!“
Дај Боже, сите ние да го примиме ова Царство, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии. Амин!

Свети Климент Охридски

 

Избор од фб профил на

Maja Beleva



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2753
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1933
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…