логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

TVITer37
Да се стане свет, и со душата и со телото, тоа е нашиот повик

Што е христијанин? Христијанинот е човек кој живее со Христос и во Христос. Божествената заповед на Светото Евангелие Божјо: „Живејте достојно за Бог“ (Кол. 1, 10), за Бог Кој се воплоти и како Богочовек целиот остана во Својата Црква, која со Него живее и е во вечноста. А „достојно за Бог“ се живее кога се живее согласно Евангелието Христово. Затоа е и природна оваа божествена заповед на Светото Евангелие: „Живејте само достојно за Христовото Евангелие (Филип. 1, 27).

Живот согласно Евангелието, свет живот, божествен живот – тоа претставува природен и нормален живот за христијаните. Бидејќи христијаните, согласно својот повик, се свети. Таа благовест и заповед е проникната низ целото Евангелие Христово. Да се стане свет, и со душата и со телото, тоа е нашиот повик (види: 1. Сол. 5, 22-23). Тоа не е чудо, туку норма, правило на верата, логика и природа на евангелската вера. Јасна е и прејасна заповедта на Светото Евенгелие: „По примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки“ (1 Петар 1, 15). А тоа значи: по примерот на Христос = Светиот, Кој, воплотувајќи се и станувајќи човек, го покажа во Себе совршено светиот живот, и како таков им наредува на луѓето: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет“(1 Петар 1, 16). Он има право ова да го наредува, бидејќи станувајќи човек Он Самиот Свет им ги дава на луѓето сите божествени сили кои се потребни за свет и побожен живот во овој свет (види: Петар 1, 3). Со помош на верата, соединувајќи се духовно и благодатно со Светиот –  со Господ Христос, христијаните ги добиваат од Него светите сили за да водат свет живот.

преподобен Јустин Ќелиски

 

Извор:

http://www.mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=6663

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1376
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1673
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1507
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…