логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Aleksandar.N.sv.Haralampij


Што е христијанин? Христијанинот е човек кој живее со Христос и во Христос. Божествената заповед на Светото Евангелие Божјо: „Живејте достојно за Бог“ (Кол. 1, 10), за Бог Кој се воплоти и како Богочовек целиот остана во Својата Црква, која со Него живее и е во вечноста. А „достојно за Бог“ се живее кога се живее согласно Евангелието Христово. Затоа е и природна оваа божествена заповед на Светото Евангелие: „Живејте само достојно за Христовото Евангелие (Филип. 1, 27). Живот согласно Евангелието, свет живот, божествен живот – тоа претставува природен и нормален живот за христијаните. Бидејќи христијаните, согласно својот повик, се свети. Таа благовест и заповед е проникната низ целото Евангелие Христово. Да се стане свет, и со душата и со телото, тоа е нашиот повик (види: 1. Сол. 5, 22-23).

Тоа не е чудо, туку норма, правило на верата, логика и природа на евангелската вера. Јасна е и прејасна заповедта на Светото Евенгелие: „По примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки“ (1 Петар 1, 15). А тоа значи: по примерот на Христос = Светиот, Кој, воплотувајќи се и станувајќи човек, го покажа во Себе совршено светиот живот, и како таков им наредува на луѓето: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет“(1 Петар 1, 16).

Он има право ова да го наредува, бидејќи станувајќи човек Он Самиот Свет им ги дава на луѓето сите божествени сили кои се потребни за свет и побожен живот во овој свет (види: Петар 1, 3). Со помош на верата, соединувајќи се духовно и благодатно со Светиот –  со Господ Христос, христијаните ги добиваат од Него светите сили за да водат свет живот.

преподобен Јустин Ќелиски

 

Извор:

https://www.tiveriopol.mk/%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82-%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b4%d1%83%d1%88%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%82%d0%be/?fbclid=IwAR0zZOY1yI_xa8OmFpZrvowfTgjx07-5a3V29O-XV1b1DV2w4OycBLKPpt0

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2753
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1933
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…