логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


Кога отпаднал првиот чин и од него се породиле демоните, заповедал седобриот Бог и овој свет да настане. И поминаа 7 288 години од времето кога Тој го создаде светот. Овој свет е како јајце. И како што жолчката е во средината на јајцето, така и земјата создадена од Господа, стои без да биде близу до нешто друго. И, како што белката е  насекаде околу жолчката, така е и воздухот околу земјата. И како што наоколу е поставена школката, така е и небото околу земјата. Сонцето, месечината и sвездите се поставени на небото. Земјата е тркалезна, и каде оди сонцето таму има ден, а ноќта е земјината сенка. Нам овде сега ни е вечер, а на друго место е зората. И, исто како што луѓето се тука на земјата, така е и на долната земјина страна. Затоа Светите отци озаконија да ги боиме јајцата во црвено во Светата Недела, бидејќи црвеното го означува светот, црвената е бојата на крвта на нашиот Христос што ја пролеа на Крстот, осветувајќи го целиот свет. И ние треба илјадапати да се радуваме и веселиме, бидејќи Христос ја пролеа Својата крв и нè откупи од рацете на ѓаволот, но исто така и да плачеме и да тагуваме, зашто нашите гревови Го распнаа Синот Божји, нашиот Христос.

Бог заповеда и настанаа седум дена. Тој прво ја создаде Неделата и ја зачува за Себе. Останатите шест дена Тој ни даде да работиме за овоземните лажни  работи, а во Недела ни заповеда да отпочинеме и да одиме во храмовите за да Го славиме нашиот Бог, да застанеме во страв, да го слушаме Светото Евангелие и другите книги на нашата Црква. Што ни порача Христос да правиме? Да мислиме на нашите гревови, на смртта, пеколот, рајот, на нашата душа, која е поскапоцена од целиот свет, да јадеме и пиеме колку што ни е доволно и да го поминеме останатото време занимавајќи се со нашата душа, правејќи ја невеста на нашиот Христос. Само тогаш доликува да се наречеме луѓе и земни ангели. И, ако гледаме само како да јадеме, како да пиеме, како да грешиме, како да го украсиме ова валкано тело што утре ќе го јадат црви, а не ја гледаме душата во која нема смрт, тогаш не ни приличи да се наречеме луѓе, туку животни. Затоа, поробете го вашето тело и предадете ѝ го на душата и тогаш ќе може луѓе да се наречете.

Во првиот ден Бог заповеда и би светлина. Во понеделникот настана небото, земјата, водата, воздухот и сѐ останато. Во вторникот никнаа тревата и билките. Во средата се појавија сонцето, месечината и sвездите. Во четвртокот морето, рибите и птиците. Во петокот, Тој ѝ нареди на земјата да ги даде сите животни.

Свети Козма Етолски

 

 https://www.tiveriopol.mk/sozdavanje-na-svetot/

 

 Јули 2021 лето Господово

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4501
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4279
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3772
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…