логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TViTer284

Благослови ги моите непријатели, Господи


И јас ги благословувам и не ги колнам. Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите. Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Тие ме правеа странец во земските царства и непотребен жител на земјата.
Како што гонетото животно наоѓа посигурно засолниште, отколку негонетото, така сум и јас, гонет од непријателите, најдов посигурно засолниште, скривајки се под Твојот шатор, каде што ни пријателите ни непријателите не можат да ја погубат мојата душа Благослови ги моите непријатели. Господи. И јас ги благословувам и не ги колнам.
Тие наместо мене ги исповедаа моите гревови пред светот.
Тие ме камшикуваа, кога јас се сожалував да се камшикувам себеси.
Ти ме мачеа тогаш кога јас бегав од маките.
Тие ме навредуваа тогаш, кога јас си ласкав самиот на себеси.
Тие ме плукаа тогаш, кога јас се гордеев со себе.
Благослови ги моите непријатели Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Кога се правев мудар, те ме нарекуваа луд.
Кога се правев силен, тие ми се смееја како на џуџе.
Кога сакав да бидам водач на луѓе, тие ме туркаа назад.
Кога брзав да се збогатам, тие ме удираа со железна рака.
Кога мислев мирно да спијам, тие ме будеа од сон.
Кога ѕидав куќа за долг и спокоен живот тие ја рушеа и ме изгонуваа надвор.
Навистина, непријателите ме одврзаа од светот и ги продолжија моите раце до Твојот скут.
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам и не ги колнам!
Благослови ги и умножи ги: умножи ги и уште повеке огорчи ги против мене - та да биде моето бегство кон тебе неповратно; надежта во луѓето да се искине како пајажина ;да се зацари смирението целосно во мојата душа; да стане срцето гроб на моите два злобни близнака: гордоста и гневот: за сето мое богатство да го соберам на небото; ах, барем еднаш да се ослободам од себеизмамата која и ме заплеткала во страшната мрежа на лажливиот живот.
Непријателите ме научија да знам - она што ретко кој го знае - дека човекот нема непријатели во светот надвор од себе.
Непријателите ги мрази само оној кој не знае дека непријателите не се непријатели, туку сурови пријатели.
Навистина тешко ми е да речам, кој ми направил повеке добро а кој повеке зло во овој свет, пријателите или непријателите.
Затоа благослови ги, Господи и пријателите и непријателите мои!
Робот ги колне непријателите, зашто не знае. А синот ги благословува, зашто знае.
Зашто синот знае, дека непријателите не можат да му го допрат животот. Затоа слободно чекори помегу нив и Му се моли на Бога за нив.
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.


Св.Николај Охридски и Жички

 

Избор од фб профил на Simeon Stefkovski

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3109
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2947
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…