
Што ја исцрпува силата на човекот?
Седиш и разговараш со своите мисли, гледаш на сè во негативно светло и се мачиш себеси непотребно, поради што страдаш и со тело и со душа. Можеш да земаш лекови и да ја ублажиш болката, но ако не се ослободиш од тагата, стомакот повторно ќе те боли.
Не прифаќај мисли што ти предизвикуваат разочарување, за да не ги направиш бескорисни даровите што ти ги дал Бог.
Колку попрецизно гледате на работите, толку повеќе мир и спокојство ќе доживеете, толку поздрави ќе бидете и толку повеќе ќе престанете да земате лекови.
Тагата го разоружува човекот. Таа ја исцрпува целата енергија од душата и телото и го спречува да прави што било. Ја труе душата и внесува нарушување во телото. Удира во најчувствителните делови од телото, предизвикува страв и го исцрпува човекот.
Отровот на очајот може да ги совлада не само слабите, туку и многу силните.
Свети Пајсиј Светогорец
2025
fbПравославни Духовни поуки од Светите Старци


























